Подарок за 50-ти роденден?

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.058
Поени од реакции
7.239
Татко ми наскоро полни 50 години. :) Мислев дека идеален подарок ќе биде решение за моето прво вработување ама нештата не се одвиваат според планираното, па изгледа ќе биде конвенционален подарок. Предлози, искуства....?
 
Badass мирис, badass часовник, стриптизета у торта.
 
Купиму вијагра навистина ке му се израдува на поклонот човекот а и не само тој :)
 
Без заебанции..
Кажи од која до која пара да иде поклонот. пошто глеам не си вработен. па денес у Македонија скоро секој има финансиски проблеми :))
 
На родителите најважен и најубав подарок им е среќата и добриот живот на децата. Ако на тебе се ти е наредено, татко ти ќе биде најсреќен на свет и тоа ќе му биде доволен подарок. Можеш да го гушнеш и да го поминете неговиот роденден заедно. Се разбира, не би било лошо и некое мало внимание. Јас би ти препорачала да му купиш некој предмет кој ќе си го чува и во староста ќе му се исполнува душата знаејќи дека има семејство кое се грижи, мисли на него и го сака :) Бидејќи сепак пола век слави човекот :icon_bigg
 
Еден рачен часовник од 3-4000 да ми земеш обавезно! Договори се со мајка ти, брат/сестра, донирајте по малку, земете му еден оригинал часовник, цел живот ќе го носи со гордост!
 
Паричник или часовник, каков-таков, многу ќе му значи.
 
Еден рачен часовник од 3-4000 да ми земеш обавезно! Договори се со мајка ти, брат/сестра, донирајте по малку, земете му еден оригинал часовник, цел живот ќе го носи со гордост!

Купиму вијагра навистина ке му се израдува на поклонот човекот а и не само тој :)

Се согласувам, посебно со второво
 
Одете заедно фамилијарно на вечера. Верувам дека одамна се немате сите собрано и разговарано опуштено, под мала доза на алкохол.
За време на вечерата можеш да му подариш слика. Може е малку, ама значи многу. Извади мала слика од вас цела фамилија за да може барем во новчаник да ја стави и секогаш да ве носи со себе.
Тоа е мој предлог кој не мора на сите да им се свиѓа.
Се надевам помогнав :smir:
 
Nooooot! Ова е поклон за мајка, не е слика за татко! Мајката е таа што насекаде вади слики и покажува ова е од таму, ова е син ми, ова е ќерка ми! Ако му подариш на татко ти слика, нема да знае кај ја ставил веќе следниот ден!

Инаку како опција за поклон влегува и некој скап пијалак! Некое виски, на пример ова:
chivas.jpg

Шише од 750мл е околу 25евра! Ова сигурно ќе го кажува не секој гостин што ќе ви влезе дома! Е сега проблем е ако не пие татко ти алкохол....
 
^ Не реков да ја покажува. Туку да стои таму за него лично.
А ако решиш да земеш чивас, имај ме у план, и ја ке доам на роденденот па заедно ке го пиеме :)
 
И јас не бев вработен кога полнеше татко ми 50, па со тоа што го имав заштедено му купив зипо и пура. Ти најдобро си го знаеш татко ти и знаеш што сака и не сака, така да самиот си си најпогоден за купување на поклон. ;)
 
Е шо викаш :)
Пример татко ми сака карта( влезница) за да ја гледа Барселона у живо.:toe:
Пошо ја сум за Реал, па кога ке присоберам пари ке одиме на едно дерби помеѓу нашите тимови :)
 
Е шо викаш :)
Пример татко ми сака карта( влезница) за да ја гледа Барселона у живо.:toe:
Пошо ја сум за Реал, па кога ке присоберам пари ке одиме на едно дерби помеѓу нашите тимови :)

Реални поклони, а не маштарија некоја. ;)
 
Одличен поклон за посилниот пол (а и за понежниот):pos2: Bosch IXO Vino со дополнителна функција за отворање на вински флаши :vozbud:

2-3.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom