kano
Farang
Која е таа сериозна институција која не бара извод на венчаните каде се докажува брак? Навистина не си во право. Ако некој не бара, тоа е голем пропуст на вработениот и може ДЕБЕЛО да заглави. Веќе реков дека може да има Петковска и Петковски, а да не се во брак, ниту пак се некој род. Секако има и двајца Петковски, кои не се во роднински релации. Ова е неточно дека не се бара доказ за брак. СЕКАДЕ СЕ БАРА ДОКАЗ ЗА БРАК, каде што е тоа потребно. Демек, јас и татко ми имаме исто презиме... и ќе ни се признае ли брак само заради исто презиме? Или со некој братучед. Или кој и да е со кого имаме исто презиме? Смешно е тоа да се каже.
Ако мислиш дека тоа е еволуција... веднаш ќе ти кажам дека е тоа дебилна еволуција. Неценење на сам себеси. Срамење и непочитување од своите национални особини. Само така терајте, ќе успееме да го уништиме македонскиот народ, како белег. На крај... ајде и јазикот да го укинеме, да зборуваме англиски... попрактично здравје.
Прошетај подалеку од прилеп па ќе видиш дали е така или не е.
Ајде бе сега ова било неценење или непочитување... Дали Блаже Конески со промените што ги направил исто не го ценел јазикот и нацијата? Тој направил многу порадикални промени него ова...
Да, еден ден сите ќе збориме англиски или кинески или некој трет јазик, не само ние, сите. Еволуција на човештвото