Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
ти го прочитав не се сеќирај, само мене па не ми е јасно ако ви смета толку многу тие пшолитичари или олигарси зашо не се борите против нив, или што не се кренете против нив, верувај дека ако дојде ептен лошо ситуација тогаш сите ќе се бунат, а вака како шо е кај нас секој си гледа за себе, еден има корист на друг добро му е, нема никогаш никој да се побуни за нешто, а да му сметаше на народот или да беше ептен лошо верувај дека ќе се бунеше народот, зашо никој не трпи
Исто така народот на Северна Кореја живее полошо од нас, имаат сериозен глад кој владее.
Дали се побунија ?- Не
Дури плачеа кога почина претпоследниот нивен лидер
Зошто бидејќи има пропаганда.
Види само во свет и случувања што прават, ќе напишат некои весници за некој проблем кој го имаат бугарија и романија, некоја статистика за перцепцијата на корупција кај секоја земја и ако бугарија е подолу од автоматски значи дека е кај нас подобро и дека ние треба да ќутиме добро ни е. - Пропаганда.
Но не значи дека во реалност е така. Реалноста и перцепцијата посебно покрај вакви машинерии за изместување и манипулирање на перцепцијата стануваат два различни поима. Порано барем беа блиски роднини и одеа заедно рака под рака додека не дојде Бернајз и неговиот изум за контролирање на масите .
И редовно користен изговор за да не се побуниме и да не збориме за тоа - нас ни е добро а остатокот на светот нека се дави ...се додека водата не стигне до нас.
Не грижи се ќе стигне и до тебе

Ќе стигне до сите кои не се дел од клубот на сопственици во земјава .