Колку често посетувате читална?

Не можам да учам во читална, затоа што учам со музика и за тоа време си играм со пенкало што на многумина им смета. Дома можам да правам се и на никого да не му сметам, освен нели прегласната музика. Ама сите комшии штом слушнат прегласна музика знаат дека тогаш имам испити или колоквиуми, па не се бунат многу.
 
Изминатава сесија ја поминав во ГТЦ на трети во 1000 книги читалната. Немав навика да учам по читални, ама ете појдовме да видиме како е, и морам да признаам, одлично е. Башка и многу познанства проширив.:)
 
Изминатава сесија ја поминав во ГТЦ на трети во 1000 книги читалната. Немав навика да учам по читални, ама ете појдовме да видиме како е, и морам да признаам, одлично е. Башка и многу познанства проширив.:)

Може ли подетални информации за оваа читална? Каде поточно се наоѓа? Од колку до колку работи и колку се чланарината?
 
Бев еднаш во Браќа Миладиновци во таа горе, број 3 е мислам. Леле, ужас. Тие што беа таму не дека беа појдени за учење, еден повеќе беше по кафе да зема него да учи, сто пати излези - влези, влагаат и ќе излезат за 10-15 мин макс, на автобуска беше помирно него таму.
Не сум била во ГТЦ да видам како е уште, ама ќе идам да видам дали е подобро.
 
Може ли подетални информации за оваа читална? Каде поточно се наоѓа? Од колку до колку работи и колку се чланарината?
Неам појдено од Септемвриска сесија, не знам дали е исто. Се наоѓа на трети во ГТЦ одма на почетокот на страната од кај плоштадот. Кога идиш од плоштад, на десна страна. Не се плаќаше ништо, само одиш и оставаш лична карта, кога си одиш ти ја враќаат. Работеше тогаш 24 часа, потоа едно време ја направија до 24h. Сега не знам како е.
 
Интересно, до минатата недела бев убеден дека нема да влезам во читална, и откако бев принуден да отидам првпат во понеделникот, видов дека е доста попродуктивно. Еве сега викендов по дома никако не можам да се сконцентрирам асално да учам.

Башка читалната на Економски е ептен топ. :) Ама осеќам наредната недела, предколоквиумска, ќе има доста гужва.
 
Koга седев в студентски само 3 пати појдов. Ептен тивко е бе. Не можам јас онака.

На кревет оптегнат како бег, пуштена некоја музика полесна да дрнка. Убајна амбиент за читање.
 
Поалергичен од мене на читални нема...минатата година два пати влегов и појава бев таму цела читална во мене се пулеа оти најнапред само слободно беше и мораше таму да седам. За мене само всоба, слушалките на уши, лаптопот до мене со интернетче и искулирано да си крцкам полека и така и така 50 % формули ми беа 50% теорија ;)
 
Кога бев студент често одев да учам во читална. Обично ЗОИЛ, најблиску ми беше до Пелагонија, а кога живеев во Стив, тогаш останував на факултетот во читална.
 
Пробав еднаш да учам/читам во читална али џабе кога не иде, те мрзи да читаш, гледаш преку прозор, се вртиш само. Исто така и сабајле ме мрзи да читам освен навечер, тогаш е добро. Само ептен сјебан распоред имам сите предавања ми се втора смена, па никако неможам да се организирам. Стигнувам дома околу 9-10 часот, уморот се чувствува ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom