Колку често ги миете вашете раце?

  • Креатор на темата Креатор на темата IzY*MiLa*
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
Оваа тема ја отварам зашто ме интересира колку често вие и луѓето околу вас си ги мијат рацете.

Што мислите колку е важна хигената на рацете за општото здравје на организамот?

Дали е добро кога тоа е прекумерно и дали има штетни последици?

Јас премногу често си ги мијам рацете, особено кога си дојам дома од каде и да сум била првото нешто е што мијам раце со сапун и млака вода.
Но, имам забележано кај моите пријатели, кај моите цимери дека таа навика не е воопшто застапена и е премногу ретка, за некои дури можам да кажам дека воопшто не си ги мијат рацете.:toe:

Што мислите вие, повеле одговорете и да дискутираме :smir:
 
Кога доаѓам од надвор посебно ако сум бил во автобус обавезно ги мијам... За пред јадење зависи кога како ако не сум бил искочен ондак не...
 
Од кај и да дојдам, прво си ги мијам рацете. Особено ако сум се возела во автобус или ако сум пипкала пари.
Кога ќе стигнам на факултет, ако има сапун - ок, ако не со влажна марамица импровозирам.
Ако одам по нужда - после тоа си мијам раце.
Пред и после чистење, откако ќе си го галам кучето, пред да се пипкам за лице, пред и после јадење, ако спремам јадење исто пред и после.
После бањање.

Еднаш ми се деси да измијам раце после миење раце... Си се изнасмеав сама на себе, пошо очигледно си замислив дека сапунот е прљав.... :)

Поише од често мијам раце и сметам дека е многу важно тоа за здравјето. Гадно ми е да знам дека сум пипкала нешо прњаво а после да стаам со тие раце нешо у уста или да се пипнам...

Порано, другарките после идење у веце не миеа раце, само јас. Сеа сум ги воспитала дека ќе мијат раце после и крај на муабет. Еднаш ми кажаа дека ја сум ги навикнала на тоа.
Чудно ми е некој да не мие раце после идење у веце или пред јадење, или да се пипка за лице у автобус или слично...
 
секогаш мијам раце кога се прљави значи после нужда обавезно и кога сум пипала нешто прљаво. незнам навистина како некој може особено после нужда да не мие раце?
 
Оваа тема ја отварам зашто ме интересира колку често вие и луѓето околу вас си ги мијат рацете.

Што мислите колку е важна хигената на рацете за општото здравје на организамот?

Дали е добро кога тоа е прекумерно и дали има штетни последици?

Јас премногу често си ги мијам рацете, особено кога си дојам дома од каде и да сум била првото нешто е што мијам раце со сапун и млака вода.
Но, имам забележано кај моите пријатели, кај моите цимери дека таа навика не е воопшто застапена и е премногу ретка, за некои дури можам да кажам дека воопшто не си ги мијат рацете.:toe:

Што мислите вие, повеле одговорете и да дискутираме :smir:

нема некои поголеми штетни последици, може да дојде до исушување на кожата на рацете ако се мијат прекумерно.
 
^Но затоа постојат креми за рехидратација, кој доволно е да ги употребувате еднаш дневно.
 
Пред секое јадење, после користење на WC, после враќање од надвор!!! Значи МНОГУ ги мијам рацете
 
И повеќе од што е потребно. Фрик за чистота сум.
Имам неколку интересни факти слушнато шо се поврзани со миењето на раце:
- Лажговците почесто ги мијат рацете и устата.
- Само третина мажи ги мијат рацете по користење на тоалетот.
- Жените се далеку похигиенски настроени од мажите.

Инаку многу се револтирам што знам дека на факултетите и по училиштата не се обрнува доволно внимание на хигиената. Не се полнат редовно сапуните, а за хартија за сушење на рацете да не зборувам. Од иста важност е и хартијата за сушење на рацете со сапунот, зашо мокрите раце двојно повеќе привлекуваат бактерии.
 
Ја до 8 мо у школо сапун не видов...а сеа у средно првите месец два лани коа се запишав беа полни ..и од тогаш шта је ту је....а и тоа вецињата мајке ми гадно ми е да влезам раце да се измијам а не па некоја физиолошка потреба да вршам!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom