Новите 202 кинески автобуси за Скопје -фото

  • Креатор на темата Креатор на темата Liberation
  • Време на започнување Време на започнување
L

Liberation

Гостин
Двокатните автобуси што ќе почнат да се возат по скопските улици од крајот на 2011 година, ќе имаат старовремски дизајн. Ќе бидат токму онакви какви што се возеле по скопските улици во педесеттите и шеесеттите години, но ќе бидат изработени според најсовремена технологија за производство на големи возила. Прототипот на даблдекерот произведен во кинеската фабрика за автобуси Јутонг, стационирана во градот Женгжоу, вчера попладне беше презентиран пред македонската делегација.

Генералниот менаџер на козорциумот Јутонг, Ниу Бо, истакна дека производството на автобус со ретро дизајн за неговиот тим бил предизвик и доголтраен процес, бидејќи при проектирањето и поизводството биле употребувани нови материјали.

Според најавите од менаџерскиот тим на Јутонг до крајот на годината ќе се произведе уште еден прототип на којшто ќе се испитуваат техничките карактеристики, за потоа да го произведат првиот јшто до март следната година треба да пристигне во Скопје и ќе служи за обука на возачите и механичарите.

Скопското јавно сообраќајно претпријатие ќе се поднови со 202 двокатни автобуси. Првите 68 ќе пристигнат до ноември 2011, година, а останатите сукцесивно до 2013 година.

2iw91ma.jpg
 
Санос ќе направеше 100 пати поубави, поудобни, пофункционални а и онака Санос си имаат веќе докажан квалитет. Не викам дека сум се возел во кинескиве штом тврдам дека Санос се поудобни ама домашно си е домашно бе дечки... Сум правел муабет со меѓуградски шофери на автобуси и сите до еден велат од искуство дека Санос имале најубава возња. Незнам шо мајка бараме дури од Кина да нарачуваме.

Инаку мене ич не ми се допаѓа „старовремскиов дизајн“
 
Прво криво ми е што Санос не го доби тендерот..наша фирма е..жално...второ газдата на Санос е ѓубре прва класа,лопужа и колку ми е жал толку и не...е сега околу квалитетот и удобноста..тоа незнам, сепак мислам дека Санос на тоа поле се уназадени,истите шасии им се од пред 20 години,не се вложува во фабриката,нема нови машини и напредна технологија, а работниците, оние најдобрите мајстори веќе и не работат.. Јутонг била втора фабрика по производство во светот после Мерцедес..и тоа кажува нешто,сепак дека не се дрво без корен... а што се однесува до дизајнот,микс на ретро и современо ,мене ми е ОК.. е сега за тоа дали требало да се двокатни или еднокатни е друга дилема..широко поле за дискусија
 
Прво не постојат соодветни автобуски станици и повеќе од глупо е да се разговара за било какви автобуси.
 
дизајнот е срање

од дебилното инсистирање на некаков си „ретро-изглед’’ излезе кич невиден - кој, за воља на вистината, убаво се вклопува во „Скопје 2014’’
 
абе па на вас само ви смета нешто -.- Шо ако се двокатни ееее само да се нашло нешто да ви фали -.- Дај еднаш некој нека пофали некоја работа.
 
Реизов страшно ме потсеќа на оние двана лава шо ви се на мостон. Не знам оти :kesa:
 
Мене баш ми се допаѓа дизајнот, сличен е како на Англиските постари модели. Аирлија возење!
 
Грда предница у пм

него имаме среќа, можеле и за поретро да се одлучат

Автобуската 57-мица карши ману
12_2m.jpg

Осмица и двојка спроти Кале
ECD96D4B480D85439AD787D485003385.jpg

Хехе, се си ги замислувам двоспратниве у петок...кога пензионерите пазарат :pos:
 
Санос ќе направеше 100 пати поубави, поудобни, пофункционални а и онака Санос си имаат веќе докажан квалитет. Не викам дека сум се возел во кинескиве штом тврдам дека Санос се поудобни ама домашно си е домашно бе дечки... Сум правел муабет со меѓуградски шофери на автобуси и сите до еден велат од искуство дека Санос имале најубава возња. Незнам шо мајка бараме дури од Кина да нарачуваме.

Инаку мене ич не ми се допаѓа „старовремскиов дизајн“

затоа што се поефтини...
 
се разочарав многу од автобусиве!!! надволешен лик - дизајн = елементарна непогода !!! се осеќам ко да сме 1940 година !!! ептен имаат старовремски изглед.. ај мани тоа да се надеваме дека возењето барем ке биде удобно и внатрешниот ентериер ке биде далеку подобар.. (да се надеваме)

П.С да не има некој некаква информација од кога ке почнат со возење новите автобуси???
 
Добри се,сигурно подобри од овие сегашниве.

Одиме напред,полека но сигурно работите се движат и обновуваат. Скопје ќе биде прекрасно за 2-3 години. :back:
 
Мене една работа не ми е јасна, по весници и телевизии се фура паника како кинеската роба (кукли, играчки што ти не) била штетна по здравјето на луѓето и одеднаш се нарачуваат автобуси од кина !? Кој кого овде ебе во здрав мозок !? :tapp:
 
се разочарав многу од автобусиве!!! надволешен лик - дизајн = елементарна непогода !!! се осеќам ко да сме 1940 година !!! ептен имаат старовремски изглед.. ај мани тоа да се надеваме дека возењето барем ке биде удобно и внатрешниот ентериер ке биде далеку подобар.. (да се надеваме)

П.С да не има некој некаква информација од кога ке почнат со возење новите автобуси???
Во информацијата
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=66084
вели од идната година

Внатрешноста не е лоша, убава, фина по сликиве... ама ќе има многу неискористен простор...кој ќе го користи горниот простор за после да се турка и тепа за да излезе долу не ми е јасно.

затоа што се поефтини...
зашо се пониски, праени за кинези...помалку материјал. Како ги виткаат вратовите на видеово...да не го спремаат градов да ни населат кинези :pos:
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=66084

од напред се коцкести као скраја да е погребен сандак, само црвен :nesvest:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom