Телевизор

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Малку е филозфска темава ама ајде нека биде тука затоа што мислам дека тука припаѓа..
Едно прашање: Кога на подолг период го исклучувате телевизорот дали само кога имате смртен случај на некој близок ја одмарате магичната кутија чекајќи да помине периодот за пак да блесне врз вашите очи кутијата која што стои во ќошот. Телевизорот како направа која што емитува магично нешто наречено телевизија е креатор на мислења културни и цивилизациски или нецивилизациски вредности. Телевизијата е многу моќно нешто јас тоа би требало и најдобро да го знам.
Од секогаш постоел натпревар почнувајќи кој прв во маалото ќе купи телевизор, потоа кој прв ќе го замени стариот црно-бел за нов колор телевизор, па кој повеќе телевизори има дома и завршувајќи кој има најголем ЛЦД телевизор.
Што мислите какво влијание има телевизијата врз вас, и како тоа се одразува врз вашето мислење за одредени нешта поврзани со вашиот живот. Дали телевизијата е само забава или опсесивна реалност за многу луѓе и што мислите во врска со тоа?
 
ОК е темата нека си стои, само ја преместив во делот за Телевизија.

Дали го исклучуваме телевизорот подолго време освен за смртен случај ти е малку чудно прашање. Некои не го исклучуваат ни тогаш, тоа е за друга тема. Во секој случај, има и други причини за да го исклучиш телевизорот подолго време. Еве јас на пример немам телевизор во соба 3-4 години, од неколку причини. Прво, ако го имам при рака даљинското, ќе губам непотребно многу време. Второ, сега малку не вади дигиталната, инаку да полуди човек од шпански/турски/индиски цмиздрења. А ако не полуди од тоа ќе полуди од вестите кои се црна хроника. Можеш да направиш било каков убав настан ама ќе ти требаат едно чудо врски за да ти дојде барем една телевизија колку да се покрие настанот. Турни му ја оградата на комшијата одма ќе дојдат три. Сега, користам shared tv во дневна колку да изгледам некоја утакмица фудбал. Почнав и тоа да го гледам на компјутер...

Енивеј, класичната телевизија беше забавен медиум, се трудеше да го забавува гледачот и да има програми за сите категории гледачи. Комерцијалната телевизија е тешка катастрофа, да не навлегуваме. Но и ова не смета луѓето да си имаат ТВ и да си чепкаат по програмите, барајќи нешто што би ги заинтересирало. Не е така голем проблем.

Проблемот е што, ТВ-то стана пропагандна машинерија. Стана една голема перална за мозок на која се натпреваруваат групациите кои имаат за цел да привлечат маса на луѓе која ќе ги поддржи нивните, обично болни цели и интереси. И сите кои зјапаат во вестите, платената политичка програма и слично, одамна се во машината.

Соу, решение: Интернет луѓе! Компјутер! Си има и тука влијанија, пропаганди, и се тоа што иде со слободата на изразување. Ама има избор колку ти душа сака. Сакаш кајгана - еве ти кајгана. Никој не може да ти ја одземе. Нема убиства, самоубиства, трагедии, избори, политичари, трчај-лажи-квизови, глупави новинари, поглупави коментатори, лоши серии, никакви филмови... нема, ако не сакаш. А пиратерија фала богу колку сакаш, стај се на download и уживај.

Подалеку од телевизорот. Да не речете дека IOsono не ви кажа :star:
 
Телевизијата ретко ја вклучувам но сајтовите на тие телевизии ги посетувам одвреме-навреме само за да видам кој е најновиот спин, а понекогаш да се посмеам за тоа до каде се спремни да одат за ситни пари новинарите и уредниците
 
Телевизорот во модерно време барем колку што забележувам се користи за :
1) Вести (најчесто кога ке почнат од 6 до 10 нема мир во куќа каде има постара особа во пензија кои неможат да сурфаат на нет а весниците се одсабајле прочитани)
2)Шпанско турски серии (добро е што стариве мои гледаат една,и пак маки си терам)
3)Политичка програма и парламент (колку да се има за што да се зборува со комшијата кој може да е од иста или спротивна партија па си разменувате мислења -е овај што му рече,лом го стори итнт)
4)Спортска програма (фудбал,тенис,формула, и тнт. тука и јас спаѓам но како што одминува времево се поретко слободно време во викенди за излегување и ке се погоди кога сум излезен да има некој спортски настан)
5)Филмови (но како што има ретко добри филмови на некоја од програмиве а и да има некој добар ке дадат 150 реклами за бекутан ,улошки и др,најпрво вхс-от ми беше спас,па двд(најпрвин изнајмувајќи и купувајќи од тие што излегуваат во веснициве,потоа со затворањето на видеотеките во мојата близина со купување од на пазар и за сега ди интернет))
6)И на крај културно образовна програма чат пат и квизовите кои за жал не ги води некоја личност со харизма за таква работа,или тие што ги водат веќе им е поминато времето)

Кога ке сумирам ,дома ,4ри члено семејство 90% од денот телевизорот е уклучен за жал а уште поголема жал што нема ништо квалитетно што се прикажува.
 
Телевизорот го уклучувам само кога јадам, така повеќе ми врви јадењето.
 
Ретко ептен гледам телевизија. Некое спортско издание, некогаш дискавери или нешнл географик, некој филм можда.... Ама ретко се случува.
 
Порано кога немав компјутер гледав многу телевизија, од сериски и играни филмови, до квизови, емисии и слични забавни содржини. Откако имам компјутер дома (некаде 5-6 години) помалце гледам, па потоа ми се расипа телевизорот во соба. Последно на телевизија ја гледав Не дај се Нина а чат-пат го гледам и Сексот и градот кога сакам да се одморам од компјутер. Друго ништо не ми е интересно од телевизија, за жал. Инаку кај нас дома ретко е изгасен телевизорот, по цел ден е вклучен дури и кога ништо конкретно не се гледа, а тоа е всушност ретко :)
 
Сабајлево случајно слушнав на таа глупата утринска телевизија некоја информација за остеопороза, па викаше таму по некоја одредена возраст или година секој осми маж и секоја втора жена ќе заболеле. Не знам викаат овај свет е изграден во основа од информации и дека пет шест медиуми кај нас креираат информации кои според мене се тотална глупост, глупост глупост ама влијае врз овај свет. Со самата таа информација која што се пушта по медиумите се предизвикува страв од таа болест кој што влијае врз имунитетниот човеков систем, затоа што од стравот се намалува неговата моќ за справување со болести.


Докторите полицајците и медицинските лица носат униформи со кои се распознаваат кој е кој, не знам дали имате забележано политичарите наши и презентерите на вести носат иста униформа, а тоа е темен костум не е битно дали е црн темно плав или темно сив забележете и видете дали е така, според мене така е. Новинарите се мршојадци, презентери на лоши вест и портпароли на политичарите тие се со иста униформа прикажани затоа што се дел од еден исти систем. Прекинете да гледате вести на телевизаија затоа што тие делуваат врз вашите способности за перцепција и мислење со своја глава.....
 
Последно време колку шо е можно игнорирам телевизија.Особено нашиве таканаречени телевизии.Ако пуштам А1 паѓам во депресија колку ни е лошо,а Сител ако пуштам толку е добро како да сме во Скандинавија!А реално од секогаш било нешто измеѓу.И баш ради овие причини игнорирам.
И турско-шпанско-хрватско-индиските серии.
И глупите и неинвентивни реклами од типот нашиот производ е најдобар.
И зависноста на телевизиите од еден,друг или трет.
И честите проблеми со преносот на 'најдобриот' оператор T-Home
И поради Јофе,Јанко,Латас,Билјана Секуловска,Драган Вучиќ,Жаре Берберинот итн.
И поради меѓусебното копирање на Бекстејџ и Ексклузив.

Ако гледаме според квалитет на програма,скоро сите наши телевизии не би требало да постојат.

Понекогаш гледам странски програми од типот на Discovery,Animal Planet или ретко ако налетам на некој филм.
 
Нејќу колор телевизор, сакам црно бел. Сакам да те размонтирам цела дел по дел.
Светот мој да нема бои, дае бело-црн. ТИ да бидеш Трнорушка, а јас твојот трн. :je::je:


 
Може некако да се направи телевизорот да ми чита превод кирилица?
 
Телевизорот мене ми стои уклучен од сабајле (добро со исклучок ако излезам или сум некаде по работа ,тогаш е исклучен) до вечер ,не знам зошто така ,но најверојатно останало тоа навика од мајка ми и татко ми пошо они кога ќе дојдат дома од некаде работа или било каде прво што прават е го уклучуваат телевизорот за да им се слуша зборења и кога не гледаат тв..

Телевизија слабо гледам иако тука на форумов најповеќе коментирам на темите за телевизија ,порано можеби повеќе гледав телевизија се додека не ставив интернет и не почнав да посетувам фејсбук ,форуми , и разно разни сајтови ,па од тогаш телевизија гледам исклучиво кога брат ми е на комјутерот .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom