Ланец-маркети во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата delux
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 јули 2010
Мислења
127
Поени од реакции
45
Ме интересира вашето мислење за поголемиве маркетити низ земјава,како Веро,Тинекс,КАМ и други.Каде според вас услугата е најдобра??Каде цените се најниски??Каде земаат највисока плата(вработените).Дали се доволно платени?

Јас мислам дека во Тинекс е најдобро.Вие??
 
Најевтини од маркетиве се КАМ и Тедико...а за плати и вакви работи немам појма. Само кај КАМ има многу недостатоци...али они работат на таков принцип. Нешто слично на LIDL. Тинекс и Веро се најопремени,ама па затоа се малце да не речам буљаши (Тинекс). Пример: на пастата за заби пишува 85, ми ја куца 99. Едни наполитанки, цената им беше 20, куца 24 (не е проблем за 4 денари во моментов, ама 100 души по 4 = 400)...тоа малце не ми се свиѓа кај овие реномираниве маркети.
 
Кам е најзакон. Од Кам најредовно си купувам ментол бонбони, сончоглед, компот од ананас, пченка во конзерва, пуканки за во микробранова, миризливи свеќи има најефтини во Македонија, колачиња, паломи :) У Тинекс најмногу одам за да купам паста за заби. Во Веро ретко. Иначе за вработените немам веза, само знам дека еднаш во Кам биле нервозни работниците пошто им одбиле многу од плата. Од услугата сум секаде задоволна, што знам.

--- надополнето ---

Само кај КАМ има многу недостатоци...али они работат на таков принцип.

Кои недостатоци и кои принципи?
 
Јас мислам дека КАМ маркетите имаат најповолна цена и се снабдени со доста роба, додека Веро и Тинекс имаат многу подобра услуга, а најголема плата добиваат вработените во Веро.
 
Јас мислам дека КАМ маркетите имаат најповолна цена и се снабдени со доста роба, додека Веро и Тинекс имаат многу подобра услуга, а најголема плата добиваат вработените во Веро.

:raz::ne:

Јас па мислам дека во КАМ се најмизерни и со роба а и слушам дека нон-стоп ги менувале работниците.Платите не им се поголеми од 8000ден. а скоро секој втори месец ги казнуваат за ситници.:toe:
Додека и во последно време гледам и цените доста ги покачиле.
 
Идам у КАМ ради пивото кое го држат(pilsator) ...кој пробал знае....
 
недостаток во кам ? во најголемата гужва после работа имаат 1 човек на каса, еден во магацин, а вториот што треба да е на каса се шуња негде низ продавница само да не седне да работи!!! јесда е поевтино во кам, ама ради тие редици и мизерни работници го избегнувам. Веро има дефинитивно најдобра услуга во тој поглед...
 
не е ич чисто , робата расфрлена и како ја носат само ја отвараат кутијата и ја лупаат на полици сосе кутија робата, нечини кам
 
не е ич чисто , робата расфрлена и како ја носат само ја отвараат кутијата и ја лупаат на полици сосе кутија робата, нечини кам

КАМ ме потсеча на некогашните НАМА маркети...народни магацини уште на времето :pos2:
 
Најснабдени Веро и Тинекс,а за цени поповолни се Тедико и КАМ.:toe:
Со отварање на Меркатор Маркетите ке се отвори поголема конкуренција :)
 
Кам е најзакон. Од Кам најредовно си купувам ментол бонбони, сончоглед, компот од ананас, пченка во конзерва, пуканки за во микробранова, миризливи свеќи има најефтини во Македонија, колачиња, паломи :) У Тинекс најмногу одам за да купам паста за заби. Во Веро ретко. Иначе за вработените немам веза, само знам дека еднаш во Кам биле нервозни работниците пошто им одбиле многу од плата. Од услугата сум секаде задоволна, што знам.

--- надополнето ---



Кои недостатоци и кои принципи?

Недостатоци од типот на немање фрижидер за сокови...како што напоменаа , робата им е распослана во кутии. Пасти за заби имаат само Colgate Family Pack, т.е. НАЈСКАПАНАТА! Али КАМ е најефтин, и принципот на работа им е како LIDL.
 
Едвај ја најдов темава...
Типичен пример на производ кадешто пакувањата се декоративни и естетски, а внатре има ѓубре се наводните германски производи во Кам маркет, наменети за вакви третокласни пазари како македонскиот...
И уште на рекламите им пишува германски квалитет за ефтини цена, нешто така беше...
Смрдливи и распаднати чоколади, наполитанки, кремови, бонбони, бог знае каде произведени и препакувани во естестки германски амбалажи.
И ќе ми каже некој демек народ го купува тоа дека ефтино, немаат сите пари за Нутела и Тоблероне...Тоа е точно, ама повеќето од нас имаме да купиме чоколадо од македонско потекло, во Европа има преубави млечни чоколади на мерење 35-40 ден за 100 гр и сл...Или Дорина на Краш на пример што често е на промоции во поголемите маркети и може да се најде за 35-40 ден.
На овие производи барем им се знае потеклото од каде се направени и донесени.
 
Мртва тема па да ја освежам

Зошто во Тинекс маркетиве не може наместо да ја дадеш картичкава за поени да се каже бројот на телефон? Во Веро не мора воопшто не е потребно да им даваш картичка ќе им го кажеш бројот од телефон, ќе го пишат и завршена работа.
 
Стокомак никој не го коментира?
Автоматски споено мислење:

Стокомак никој не го коментира?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom