Војната на Наследниците/Диадохите(старото македонско лудило)

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMacedon
  • Време на започнување Време на започнување
F

FilipMacedon

Гостин
Оваа историска епоха која во Македонија е и најмалку разгледувана и критикувана од нашите "историски експерти"
би требало да ни биде поука...всушност читајте понатаму па ке видите колкава е цената на алчноста и поделеноста на еден народ....

Сите ги знаеме напамет освојувањата и подвизите на Александар и неговата неверојатна армија....но по смртта на Александар единствено што знаеме е дека неговите генерали се раскарале,извршиле неколку "тепачки",ја поделиле империјата и толку....ретко кој знае нешто подетално...
Всушност зад позадината на тие караници и поделби на Александровите генерали се кријат антички светски војни ако може така да ги наречам,кои кријат енормно големи цифри на загинати луѓе и енормно многу опустошувања....се разбира најмногу страдале тогашни владетели,Македонците...

Почетокот и поводот
После смртта наАлександар Македонски 323 п.н.е. империјата останала без наследник. Веднаш започнале и кавгите околу наследството. Мелегар и пешадијата го поддржувале Александровиот полубрат Филип III Аридеј. Главниот командант на коњаницата Пердика сметал дека треба да се почека на сѐ уште неродениот син на Александар. Бил направен договор според кој Аридеј требало да биде крал (како Филип III) и заедно да владее со синот на Александар, кој требало да се роди. Според овој договор, Пердика станал регент, а Мелегар негов помошник. Набрзо Пердика го убива Мелегар и другите позначајни војсководци, со што ја презема контролата во свои раце. Генералите кои го поддржувале Пердика за возврат добиле право да управуваат со сатрапиите:






Во источниот дел на македонското царство, Пердика ја задржал структурата на власт од времето на Александар Македонски.


Побуна на Грците против Хегемонијата
После веста за смртта на Александар, во Грција започнала побуната позната и како Ламиска војна (323 п.н.е. - 322 п.н.е.). Атина и другите градови прават опсада на Антипатар во Ламија. На припомош на Антипатар му дошол Леонат кој со својата војска успева да ја разбие опсадата, но во битките Грците успеале да го убијат Леонат. Борбите не престанале сè додека не дошол на припомош Кратер со својата поморска флота, кој успева да ги победи Атињаните во битката кај Кранон на 5 септември 322 п.н.е.. После оваа битка Македонците повторно владеат со Грција.
 
Првата војна на Наследниците/Диадохите(322 п.н.е. - 320 п.н.е.)
Бракот на Пердика со Клеопатра, сестрата на Александар, предизвикал нова побуна кај македонските генерали со што се создале услови за започнување на првата војна на дијадосите. Антипатар, Кратер, Антигон и Птоломеј се здружиле против Пердика. Повод за војната бил најден во кражбата на телото на Александар од страна на Птоломеј и пренесувањето на неговото тело во Египет. Во една од битките бил убиен Кратер. Додека Пердика бил убиен од страна на неговите генерали Селевк I, Антигон и Пејтон во текот на подготовките за инвазија врз Египет.
Птоломеј се спогодил со убијците на Пердика, со тоа што Пејтон и Архидеј ги прави регенти, а овие набрзо прават спогодба со Антипатар кој исто така станува регент. Антигон продолжува да владее со Фригија, Ликија и Памфилија. Птоломеј го задржува Египет, а Лизимах - Тракија, додека убијците на Пердика ги добиваат источните делови на македонското царство. Селевк I го добил Вавилон, Пејтон ја добил Медеја, а Антигон Елам со Суза. Антипатар ја задржува контролата над европскиот дел од македонското царство, додека Антигон со својата силна армија владее со источниот дел на македонското царство во Азија.


Втората војна на Наследниците/Диадохите (319 п.н.е. - 315 п.н.е.)
После смртта на Антипатар повторно избувнала војна, втора војна на дијадосите Антипатар наместо да му ја предаде власта на неговиот сопствен син Касандар, го именувал Полиперхон за регент. Од овие причини после неговата смрт помеѓу Касандар и Полиперхон започнуваат кавги во кои веднаш се вмешуваат и други. Касандар добил поддршка од Антигон и Птоломеј, а Полиперхон добил помош од Еумен. Полиперхон бил истиснат од Македонија, пребегнал во Епир и заедно со синот на Александар, ја добиваат поддршката на Олимпија, мајката на Александар, после што завладеале со Македонија. Брзо после тоа, Касандар повторно ја контролира Македонија и синот на Александар.
После големите битки, Еумен бил предаден и убиен од страна на неговите војници. Тоа го искористил Антигон кој станал уште помоќен господар над азискиот дел од Македонското царство.
 
Третата војна на Наследниците/Диадохите(314 п.н.е. - 311 п.н.е.)
Антигон станал премногу јак, што било сигнал за останатите дијадоси да се здружат против него, со што се создале услови за третата војна на дијадосите . Птоломеј, Лизимах и Касандар се здружиле против Антигон. Антигон извршил инвазија над Сирија, која во тоа време била под власт на Птоломеј. Антигон врши опсада и на Тир повеќе од година дена. Полиперхон застанал на страната на Антигон. Птоломеј успеал да го победи синот на Антигон вобитката кај Газа 312 п.н.е.. Селевк I ја зацврстил својата контрола над Вавилон и останатиот дел на Македонското царство во Азија.

Антигон склопил примирје со Птоломеј, Лизимах и Касандар, а продолжил да војува со Селевк I, со намера да ги поврати изгубените источни делови од царството. Врши опсада на Вавилон 309 п.н.е., но после претрпениот пораз против Селевк присилен е да се повлече.
Касандар го убил синот на Александар Македонски, Александар IV, со што ја прекинува лозата на Аргеадите, која неколку векови владеела со Македонија.

Четвртата војна на Наследниците/Диадохите(308 п.н.е. - 301 п.н.е.)
Во четвртата војна на дијадосите, Птоломеј го проширил своето влијание врз Кипар и островите во Егејското море, а Селевк I продолжил да го проширува своето влијание во источните делови од македонското царство. Антигон го испратил својот син Деметриј да ја освои Грција. Деметриј успеал да ја освои Атина во 307 п.н.е., после што врши инвазија врз Кипар, ја победува флотата на Птоломеј во битката кај Саламис во 306 п.н.е..
Антигон се обидува во 306 п.н.е. да го освои и Египет, но најверојатно силна бура го спречува во таа намера. Деметриј, синот на Антигон, го запоседнува Родос во 305 п.н.е. кој бил бранет од Птоломеј, Лизимах и Касандар. На крај се постигнал компромис, Родос да го помага Антигон против сите непријатели освен против Птоломеј. Деметриј сега има одврзани раце и тргнува во нови походи во Грција, во кои го победува Касандар и го формира Хеленистичкиот сојуз, за да се одбранат грчките градови од непријателите.
Касандар моли за мир, но Антигон го одбива. Деметриј се обидува да ја заземе Тесалија, каде се бори против Касандар, кој пак на помош ги повикува своите сојузници. За да се изврши притисок над Антигон, Лизимах ја освојува западна Анадолија, но Антигон и Деметриј го изолираат во 301 п.н.е. близу Ипс. Селевк I доаѓа на помош и го спасува Лизимах. Селевк го победува Антигон во битката кај Ипс, а во битка е убиен и самиот Антигон. Лизимах и Селевк I прават поделба на деловите од македонското царство во Азија кои биле под контрола на Антигон. Со оваа поделба Лизимах го добил западниот дел на Мала Азија, братот на Касандар ја добил Киликија и Ликија, а Селевк останатите делови.
 
Борба за Македонија
Таканаречената Борба за Македонија, се одвивала во периодот од 298 п.н.е. до 285 п.н.е. После смртта на Касандар 298 п.н.е., неговите синови се покажале како слаби војсководци. Еден од синовите на помош го повикува Деметриј, кој ја задржал контролата над Кипар, Пелопонез и многу други егејски острови, а ја зазел и Киликија и Ликија. Деметриј го убива синот на Касандар и самиот владее со Македонија (294 п.н.е.). Додека ја консолидирал својата власт над ново-освоените територии, останатите територии со кои владеел му ги презеле другите дијадоси.
Лизимах завладеал со западна Анадолија, Селевк I го завладеал поголемиот дел на Киликија, а Птоломеј ги освојува Кипар, Ликија и источна Киликија.
Набрзо Лизимах и Пир поттикнуваат нови немири во Македонија, па Деметриј ја напушта Македонија, власта во Грција ја презел Антигон II, синот на Деметриј. Деметриј се обидува да завладее со териториите на иситок. Но конечно Селевк I го фаќа Деметриј во 286 гпне.

Борба помеѓу Лизимах и Селевк
Борбата на Лизимах и Селевк се одвивала во периодот од 285 п.н.е. до 281 п.н.е. Лизимах и Пир заедно го протерале Антигон II од Атина во Тесалија, а потоа Лизимах го истерал и неговиот сојузник Пир од Македонија. Кога Лизимах го убил својот син, неговата жена отишла кај Селевк I. Селевк I го победува Лизимах во битката кај Корупедија во Лидија 281 п.н.е..

Познати Битки

Битката кај Кранон(60 000 инволвирани војници)

Битката кај Газа(40 000 инволвирани војници)

Опсадата на Родос(40 000 инволвирани војници)

Најкрвавата Битка кај Ипс(200 000 инволвирани војници)


Битка кај Корупедиум(40 000 инволвирани војници)

Битката кај Рафиа(150 000 инволвирани војници)
 
ami jas vo 2ra godina sea ucham za Makedonija (Istorija) i znam deka makedonija e podelena samo na 3 dela i toa : Carstvo na ptolomeite vo Egipet , Carstvo na Selevkidite vo Sirija i Carstvo na Antagonidite vo Makedonija .. Ova e tochno neli?
 
ami jas vo 2ra godina sea ucham za Makedonija (Istorija) i znam deka makedonija e podelena samo na 3 dela i toa : Carstvo na ptolomeite vo Egipet , Carstvo na Selevkidite vo Sirija i Carstvo na Antagonidite vo Makedonija .. Ova e tochno neli?

Читај погоре,имаш детално објаснето....
 
Btw да не имаш информација што биднало со Касандер-еден од најголемите генерали на Александар?
 
Btw да не имаш информација што биднало со Касандер-еден од најголемите генерали на Александар?

Па да е баш најголем,не би рекол,во неговите дела нема нешто големо....имено тој владее со Македонија,го погубува сето семејство на Александар(аргеади),за да потоа неговото семејство биде погубено од Деметриј Опсадникот....Касандер умрел од болест во 297год п.н.е.
 
ami jas vo 2ra godina sea ucham za Makedonija (Istorija) i znam deka makedonija e podelena samo na 3 dela i toa : Carstvo na ptolomeite vo Egipet , Carstvo na Selevkidite vo Sirija i Carstvo na Antagonidite vo Makedonija .. Ova e tochno neli?

соберете се цело школо, викнете ги авторите на учебникот,
задно нека дојдат со рецезентите, нели бе нив не бива :vozbud:

заклучете ги во спортската сала
и скршете ги од ќутек, да не знаат од кај да бегаат
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

и после верувај дека СИГУРНО ќе ги има сите информации
во учебникот. има и работни листови да ви поделат.
 
Проклетство поради убиството на кралската лоза која траела 1000 години.
До ден денешен не водат слепци.

Браво за темата.
Една од суштините на македонската трагедија.
 
Проклетство поради убиството на кралската лоза која траела 1000 години.
До ден денешен не водат слепци.

Браво за темата.
Една од суштините на македонската трагедија.
си ги читкам темите и нема шанси овде да не се вмешам, после едно 1200 години по потпаѓањето на Македонија под римска власт доваѓа Цар Самуил, И ТОЈ кога умира ја проколнува Македонија на 1000 години проклетство, чекаме сега 2014 :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom