Најглупава Македонска Телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата Чај
  • Време на започнување Време на започнување

Најглупава Македонска Телевизија

  • МТВ

    Гласови: 26 14,4%
  • А1

    Гласови: 72 40,0%
  • НАША ТВ (Точниот одговор е овој)

    Гласови: 20 11,1%
  • СИТЕЛ

    Гласови: 50 27,8%
  • АЛСАТ М

    Гласови: 12 6,7%

  • Вкупно гласачи
    180
Ч

Чај

Гостин
Што мислите која е најглупава македонска телевизија?
Према мене нај нај нај глупавата досега е НАША ТВ, зато што апсолутно ништо немаат на програмата а синоќа кога по некоја случајност, топчето падна на НАША ТВ да биди вклучен телевизорот, дадоа едно шоу наречено ВРЕМЕТО ДЕНЕС. Пробуваат да се интересни тресат глупости а воопшто не се интересни. Поради тоа се потпишувам со две раце дека НАША ТВ е најглупавата телевизија воопшто отворена од луѓе со коефициент на интелегенција колку собна температура!
 
по ред за сите.
На прва нема ништо. (буквално ништо)
на А1 има сдсмовски вести и досадни серии од турција+досадни српски реални шоуа.
На Сител има вмровски вести и досадни серии од индија+досадни српски реални шоуа.
Наша ТВ е запек, посебно со дебелиот што знае СЕ.( и не се инатете, точно е дека знае се!)
Алсат М не гледам, не ни знам дали ја има на тв.
Канал 5 имаат ЛШ ама незнаат избор за пренос да напраат, исто ко да ја немаат, ама ко интераш ќе речам дека е втора најдобра.+имаат едно кењаво досадно реално шоу кое е составено од 20тина идиоти, го забораив како го викаат.
Телма е прва најдобра, има 5 преноси од италијанско најава за следното коло и преглед на колото. на телма друго нема ништо.
А2 се остатоците на А1 + пролив од новинарка бици јовановска.
Сител 3 е добра поради тоа што дење ноќе вртат епизоди од The king of queens, Everybody loves raymond и Everybody hates chris.
5+ ја имав додека даваа преноси од ЛШ, мислам и дека годинава ќе даваат, па најдобро ќе биде пак да ја побарам.
Алфа ТВ - важи истото за алсат М
К - 15 беше добра додека вртеше музика од тоше и клипчиња од нив, сега разбрав ја продале на ПИНК за да се шири фолковизијата во МКД.
Македонско сонце е интересна со документарци, ама нонстоп им замрзнува програмата.

Најреално кажано, телевизија не гледам, освен кога има фудбал.
 
Боље Наша отколку А1 или Сител...
Фалат уште 10-ина телевизии на анкетава.

Потешко прашање би било која е најдобрата телевизија во Македонија.
 
Она горе е ако не се лажам Анкета ,а не тест па така да нема "Точен одговор" .

Инаку СПОРЕД мене најнеинтересна и најдосадна телевизија е МТВ1 бидејќи како што знам век и векови они имаат проблем со "врските" т.е. "линковите" ,а втор најголем проблем им е бројот на микрофоните кој што во меѓувреме се од шеест друга... А за емисиите што ги емитуваат....кој емисии ? -Летај песно моја ?
 
Ама буквално на ниедна тв не се гледа нешто добро освен фудбал, по некој филм интересен и по некое шоу како Опуштено. Останатите би требало да се викаат Запуштено..
 
Се знае кои се на врвот убедливи, Велија со неговата Комуњарско продадена А1 телевизија. По цел ден малограѓански реални шоуа, отекуваат со турски серии, а капак на се од кога почнаа во Ексклузив да мешаат политика, со тоа вестите уште да почнат на Бранко да му го исп*ш*т..........има уште многу за серење ама доста е
 
Фали опција во анкетата Сите горе наведени, пошо многу ретко гледам тв, а ко ке гледам нема шанси да е македонски каналот.
 
Добри си се телевизиите.
Си ја обавуват работата за која се створени.
 
Канал 5 ја нема во анкетата, во нејзино отсуство А1!
 
Најтапа телевизија А1!!! Порано беше многу подобра се даваа филмови,добри серии... А сега кога ќе пуштам телевизорот забележувам само лижење гз на Бранко и ЛИСЈАТА И ВОЛЦИТЕ :nerv:. Добро што ја укинаа барем еден ден :)
 
Македонските телевизии се најголемото зло за народов! Си ги лечат комплексите и го трујат нродов со милион и една лага... Ниту една наша телвизија не го задоволув критериумот на саглам телвизија.

А1: Но комент, денешниов настан е врв на глупоста... Инаку, шит програма исполнта само со серии од сите краишта на светот (па дури и од Израел!)... Толку какање против се македонско неам во живот видено...
А2: Рисајкл бин на А1 и место за реклами што не ги собира на А1.
Сител: Слично на А1, програма исполнета со српски срања, Село Весело, Битката на Сутјеска, српска музика, Латас и Ивона, Бумбар,...
МТВ (не ЕмТиВи): Владин пион, програма вадена од нафталин...
Наша ТВ: Нз зошто воопшто постои освен да му исполнува време на бурекџијва кој е сезнајниот и секогаш во право...
Алфа ТВ: Интересна промена кога се појави, но ништо посебно не понуди од филмови и серии.
Крт / Едо / Амазон / АТВ / Тв 100: Сабина, желботека, дефинитивно најголемото срање кај нас.

Препорачувам да се одбегнуваат нашиве телевизии бидејќи зголемуват ризик од мигрена, чир на желудник и миокарден инфаркт. Посебно е забрането да се конзумира содрината од А! и Сител.
 
Дали анкетата се однесува на техничката опременост на телевизијата , на програмата што се емитува или на популарноста на сопственикот на телевизијата не ми јасно :nenene:
Според мене нај неорганизирана и досадна телевизија е мтв
 
Сите на некој начин ги гледам по тоа што ме интересира :
A1-гледам филмче чат-пат или рано ден им е добра емисија !! другото е се политика...ср*ње !!
Сител -гледам навечер имат некој добри филмови и до лани гледав премер лига !!! Сега поретко ептен вмро тепаат !!!
Канал 5 -гледам лига на шампиони и толку !!! програмата ин е до некаде БЕЗ ВРСКА !!
НАШАТВ-гледам само кога го даваат серискиот филм ПОАРО !!! друго не гледам ја мразам таа тв !!
АЛФА ТВ-гледам вести ама реално и искрено имат најдобри спортски вести и гледа шпанско првенство !!!Другото е тапа !
Канал 5+ гледам само лига на шампиони и ЕВРОЛИГА !!! друго на неа не гледам !
Сител3- на оваа гледам само ко дават македонска репрезентација во кошарка,фудбал и серискиот Everybody hate Cris !! другото ме нервира.
Телма-она само за италијанско првенство !
МТВ-на времето ако дадеа нешо македонски спорт нешо наше другото тапа не ја гледам !!
А К-15, и Sky Net воопшто не им обрнувам внимание ги немам на мојот тв.
Повеке ги гледам странските канали отколку нашите !!
 
Вака... моментално у Македонија нема ниту една телевизија која има комплетна програмска шема (или има али прави р’шум во неа) со која би можела да биде отценета со висок квалитет.

Најглупавата моментално не се емитува... А1! Значи до пред неколку (2-3) години А1 беше пример за добра телевизија. Имаа фантастична програма и понуда, имаа тогаш пореални вести, имаа политички емисии, светски шоуа, спорт, филмови, серии... Го имаа тоа се додека Велија не почна да си бира свои новинари, да ги брка најдобрите, и комплетно да ја претвори А1 у своја пропагадна телевизија. Искрено, во последнава година преку к*р ми дојдоа со глупавата анти-владина пропаганда....

Сител си е владин медиум... али незнам зошто ама мене некако многу помалце ми се одвратни него А1... пак има некоја умереност во фалењата и критиките... али и тие лани почнаа да копираат од А1, и сакаа се да купат со пари демек да направат најдобра програма... епа не се прави така тоа...

Реално, во овој момент најдобра програма можеби има Канал 5. Имаат убедливо најдобра политичко-информативна програма, со најнезависни моментално вести, добри емисии како Код, Во центар... имаат добра забавна емисија - Тротоар, почнаа да даваат и Оскар и МТВ награди... ги имаат откупено двете најпопуларни фудбалски натпреварувања... Фали само уште постручен кадар, кој оваа програма би ја направил уште подобра.

Малку историски гледано пак, убедливо на првото место е МТВ... се додека не дојде Стошиќ и ко. и не се упропасти МТВ, беа најдобри. Никој го нема постигнато успехот и квалитетот на нивните самопродукциски емисии, серии, филмови... имаа најдобар кадар, а МТВ можеби и уште важи како надјобар извор на квалитетни новинари... Другиве телевизии и не ги спомнувам заради тоа што се на некој начин споредни кај нас...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom