Да имаше една населба што ќе се вика Кајгана и сите Кајганџии во неа да живеевме, ќе беше најјако
Оначе вака би изгледал мојот Кајгана комшилук...
Долга улица, исполнета со куќи од двете страни, како онаа од Очајни домаќинки. Куќата десно до мојата живее
@shutrak, а одма до неговата има кафана каде јас и он нарачуваме стално скара и зелка салата. Куќата лево од мојата живее кумашниката
@Agda Beata со Твртко, некогашни комшии кои си ја рушеа оградата поради онаквите, а денес роднинска врска кум - кумашин.
Куќата спроти мојата е на 3 спрата, т.е. составена е од 3 засебни станови и позната е под името Палата Готвач. На првиот спрат живее
@CafeDelMar , на вториот
@shumecha.tableta , на третиот
@pearl . Тоа се комшиките кои секогаш се грижат да излегува пријатна миризба низ населбата која ќе им создава лиги на комшиите.
Десно од палатата Готвач се наоѓа куќа на два спрата и приземје кои функционира како деловен простор со две простории. Во едната просторија, со намена здравствена ординација, работи
@AlternativeF и медицинскиот брат во покушај
@Dr. Wish кои се грижат за комшиското здравје. Во другата просторија со намена ветеринарна амбуланта, работат
@Lu ,
@SaltNPepa и
@ZeenaK9 кои постојано се грижат за здравјето на нашите домашни миленици.
На првиот спрат од куќата живее
@TheQueen .... комшика која секогаш е тука за муабет и топло чоколадо, а на вториот спрат живее
@Anco. Најстар, но најдружољублив комшија, кој секогаш е тука да даде совет и мислење за состојбата во населбата.
Лево од палатата Готвач................... to be continued....

