Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
На Камениот мост во Скопје, в недела ќе биде организиран првиот “Појадок на мост“. Започнува во девет и ќе трае до 11 часот.
“Целта на Манифестацијата е едноставна, градот Скопје, да добие уште еден настан, нешто што досега го немало, нешто што ќе прерасне во традиција и ќе биде уште едно духовно обележје на овој град. Градот Скопје очекува околу две илјади посетители и консументи кои заеднички ќе појадуваат, ќе се дружат, но и ќе го почувствуваат гостопримството на овој град“, информираше денес градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Претседателот на Занаетчиската комора на град Скопје, Никола Петров рече дека ова е ретка можност на едно место да се дружат повеќе занаетчии да ги покажат своите производи, а Скопје на овој ден да наликува на еден европски град.
Сите присутни на Камениот мост ќе ги забавуваат уличните музичари на Скопје како и ученици од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“.
На овој едноставен начин, Градот Скопје сака да ги обедини и зближи сите граѓани на Скопје и да ги натера да се почитуваат меѓусебно, но и да ги почитуваат своите и традиционални вредности, велат оттаму.