Canon 2010 Award, Fotograf.mk натпревар

  • Креатор на темата Креатор на темата fotografmk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 септември 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво на сите љубители на фотографијата. Да ви соопштам една добра вест:

Со цел да се промовира македонската фотографска култура а и со цел да видиме до каде сме со фотографијата, тимот на фотограф.мк заедно со канон организира натпревар во фотографија на тема „Улица“. Учеството е бесплатно а главната награда е Canon 550d

street-s.jpg

Повеќе детали за натпреварот тука
 
Ја пратив една...
планирам да сликнам уште 4 (пошо 5 им е лимитот)..
или 3 не памтам -.-
не е битно ќе препрочитам
(едит) неможам да најдам колку беше лимитот
 
Еве ѓи правилата:


ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО

1. Авторски права и дозволи

1.1 Со поднесување на фотографии на Fotograf.mk, Canon 2010 AWARD, потврдуваш за секоја поднесена слика дека:
- Ги прочита и разбра овие Правила и услови на Повикот.
- Ти си единствен сопственик на авторските права,
- Твојата слика е и твое оригинално дело,
- Имаш дозвола за објавување од фотографираната личност,
- Имаш дозвола од сопственикот на поседот прикажан на фотографијата (доколку не е фотографиран јавен простор, т.е. фотографиран е приватен имот),
- Дека не се вклучени никакви заштитни знаци, права од договори или било какви лични поседовни права на било која трета личност или субјект,
- Ти ќе бидеш одговорен за било какво побарување од трета страна во однос на твојата пријава и гарантираш кон организаторот на Canon 2010 AWARD и неговите спонзори/партнери во однос на сите премии, наплати и пари побарувани од било кое лице поврзани со твое прекршување на горенаведеното.

1.2 Организаторот, Fotograf.mk, има право, во целосна слобода на одлучување, да ја дисфалификува секоја пријава која не е во согласност со некое од гореспоменатите правила и услови, дури и во случај пријавата да е објавена на фотопорталот Fotograf.mk .

2.Неприфатливи содржини

2.1 Организаторот, Fotograf.mk, има право, во целосна слобода на одлучување, да ја дисфалификува пријавата која:
-Содржи лична препознатлива визуелна информација за тебе, во форма на потпис или било каков друг печат,
-Содржи заканувачки, лажни, навредливи, вознемирувачки, вулгарни, скандалозни или порнографски содржини,
-Содржи фотомонтажа,

2.3 Се согласуваш дека ќе гарантираш кон организаторот, Fotograf.mk или неговите спонзори/партнери во случај на побарувања од трети лица или субјекти поради твое прекршување на гореспоменатите правила.

3. Употреба на фотографиите

Fotograf.mk го задржува правото сите пристигнати фотографии да ги користи за свои промотивни активности, печатење на каталог или друг вид промотивен материјал со соодветно назначување на авторот.

4. Пријавување на фотографиите


4.1 Овој фотоконкурс е отворен за сите фотографи, аматери или професионалци во Македонија, а учеството е бесплатно.

4.2 Фотографиите се праќаат дигитално на е-маил адресата: canon2010award@underxpose.com .

Тие треба да бидат во jpeg формат со димензии од 20x30cm, 30x30cm, 30х40cm или 30х45cm со резолуција од 300dpi и максимална големина од 5 Мега бајти.

Фотографиите треба да бидат во JPEG, EXIF 2.1 формат.

Името на секоја фотографија треба да биде назначено најпрво со името на авторот, па презимето и на крајот со редниот број. Пример:
ime_prezime1.jpg; ime_prezime2.jpg.

Краен рок: 15.10.2010

4.3 Авторите може да аплицираат со колор или црно бели фотографии. Максималниот број на фотографии е 5 по автор. Фотографиите се праќаат поединечно, без можност за правење на колекции.

4.4 Фотографиите смеат да бидат дигитално обработувани се додека во нив преовладува реалната сцена. Фотомонтажата е забранета. На предната страна на фотографиите не смее да има испишано име, псевдоним или каков и да е друг текст.

4.5 Со поднесување на фотографиите, авторот гарантира дека делото е негово и со тоа дозволува целото или било кој дел од делото да биде користено бесплатно за медиуми и било какви други потреби на изложбата, под ова се подразбира дека фотографиите можат да бидат објавени со ниска резолуција на веб страната.

4.6 Фотографиите мора да се направени/снимени во Македонија.


5 Оценување и избор на победник

5.1 Испратените фотографии кои што ќе бидат пристигнати на горенаведената е-mail адреса ќе бидат објавени на fotograf.mk. Организаторот го задржува правото на дисквалификација доколку се забележи дека фотографијата не ги исполнува условите за учество.


5.2 Жири

Оценувањето на фотографиите се врши единствено од трочлена комисија.

Претседател на жири-комисијата е Роберт Јанкуловски, фотограф и директор на македонскиот центар за фотографија;

Жирирање: 20.10.2010

5.3 Календар

Краен рок: 15.10.2010
Жирирање: 20.10.2010
Известување: 25.10.2010
Отварање на изложбата: 01.11.2010


6. Награди и изложба

- Главната награда на овој фотоконкурс е Canon EOS 550D.

- Организаторот ќе додели и утешни награди

- Сите автори кои ќе бидат изложени на изложбата ќе добијат бесплатен каталог

- Отварање на изложбата: 01.11.2010


* Fotograf.mk има право на дополнување и измена на правилникот за учество на овој фотоконкурс.
 
Фала на дополнување mettalhamer, да дозволени се 5 фотографии по автор!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom