Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
По повод настаните во Каталониjа/Шпаниjа деновиве, еве некои размисли од од 1936 година од Коста Веселинов, активен член на Македонскиот литературен кружок во Софиjа и приjател на Никола Вапцаров:

"Ние искрено се восхитуваме од решавањето на националното прашање во Шпаниjа и со нестрпливост очекуваме да го видиме сето тоа во своjот логичен развиток до краj.

...Судбината на Баскиjа и е многу слична на македонската. Таа е поделена меѓу Фанциjа и Шпаниjа. Неjзиното ропство го води почетокот од далечното минато. Баските како народ немале до сега слободно национално постоење. Тие секогаш биле обjект на жесток национален гнет, безмислосна експлоатациjа и национализациjа. Сето тоа не им дало можност на Баските да се обособат и да се закрепнат национално. Но народите не загинуваат. Колку и длабоко да отишол процесот на асимилациjата, националните сили се нескршливи и при првиот удобен случаj вулкански се проjавуваат и се налагаат. Сличен е случаjот и со Баскиjа.

Баските си имаат своjа териториjа, своj jазик, своjа историjа и култура, своj трговски капитал и капитализам. (Тие исто така и во средните векови тргувале со далечните земjи).... Баските никогаш не престанале да се борат за самостоjно национално постоење. По тоj пат тие дале многу жртви, без да можам меѓутоа да постигнат нешто. Во таа борба имало случаи населението масовно да емигрира далеку од своjата татковина за да го избегне теророт и ропството..."


(Коста Веселинов', "Самоопред'лението на Каталонија, Астурија и Мароко", "Македонски вести", II, 56, Софија, 4. VI. 1936, стр. 1).
 
Па нели добија широка автономија деновиве? Знам на пазарување бев и затворено беше така што морав да одам за Gerona оти во La Jonquera се гласаше и ништо не беше отворено :raz:
 
Добија, но допрва ќе се види колку е реално тоа што го добија. Играта е долгорочна, како и нашата впрочем, а битно е да се ствара економска база со негување на основните елементи на националноста. Погледни колку биле восхитени нашите стари со Каталонија за време на грашанската војна во Шпанија и како гледале на таа борба:

"...Ние македонските анти-фашисти и борци во редовите на Републиканската армиjа сме свесни дека овдека се бориме за ослободување на Македонскиот народ и за своето национално право, како што си го извоjуваа и се ослободиjа во Шпаниjа националните малцинства Каталонците и Баските.

Можам смело да кажам дека ние претставниците на македонскиoт народ се бориме така како што се бореле бoрците на нашиот народ Гоце Делчев, Дамjан Груев, Сандански и др. за ослободување на Македноскиот народ..."

(cit. Блаже Ристовски, "Кочо Рацин. Историско-литературни искажувања. Прилози за развитокот на македонската културн-национална мисла", Скопjе, 1983, стр. 314).
 
Цитатот ти е убав, личен и граматички добро склепан ама нема никаква поврзаност со Македонскиот случај. Во Шпанија нема само каталанско, баскиско и галицијанско малцинство туку и кастилијанци, леонци, андалузијци, мадеирци и ред други. Баскија и Каталонија не се социјален туку економски проблем бидејќи ја снабдуваат цела Шпанија со леб. Да не беа богати како што се - стојко мој што ќе бара независност и ќе им го лижеа газот на кастиљанците како што тоа го прават леонците, мадеирците и галицијаните. Сфаќаш?

А војните за афирмирање на нациите и националностите во Шпанија ни оддалеку немаат допирни точки со Шпанскиот проблем :wink: така што примерот е малце промашен. Зошто? Заради тоа што кога македонците се ослободуваа и се афирмираа како нација во рамките на југословенската федерација, Франко вршеше хомогенеизација на населението во Шпанија и ги репримираше сите идејни следбеници за Каталонското прашање. Колку само каталонци се побегнати во концентрационите кампови во Аржелес - и ден денес на 10 км од мене има споменици ”на протераните од Франко”.

Сакаш доказ? Неодамна беше излезен од продукција филмот ”Нема да поминат” ("No passarаn") снимен во Каталонија и продуциран од еден од избеглиците за време на протерувањето на Франко.

Кутриот Рацин, згрешка напраил во примерот а Ристевски не критикувал како што треба...
 
Macedalien, kako toa Baskija i Katalonija "ne se socijalen tuku ekonomski problem"????? Ne se raboti istoriski za "nacionalen" problem? Pa Baskijcite upravo se borat za nacionalna sloboda, za drzavnost.

I so ako ima i drugi malcinstva u Spanija, toa go negira li faktot deka Baskijcite se borat za drzavnost?

Pa so primerot so represiite na Franko (pazi zboris za konc-logori!) samo potvrdues deka se raboti za nacionalno prasanje! Franko sakal da ja homogenizira spanskata nacija so nasilno pretopuenje ili istrebuenje na Baskijcite na primer, isto kao so Metaksas so sakal da ja homogenizira grckata ili Ferdinand bugarskata.
 
Погрешно си разбрал... Реков дека тоа е национален проблем од социјално-економски причини бидејќи се работи за двете најбогати провинции во Шпанија...
 
Macedalien ne si vo pravo, Shpanija deklarativno e na stranata na Srbija, isto kako i Francija, Kina i uste nekolku dr. zemji. No prasanjeto e drugo, t.e., duri i tie zemji da se zalagaat za Kosovo da ne dobie nezavisnost, drugi zemji moze toa da go priznaat Kosovo i procesot nabrgu da prerasne vo lavina koja ne moze da se zapre. Samo seti se deka Anglija, Spanija itn. bea protiv nezavisnosta na Hrvatska i Slovenija, no eden poteg od Germanija i Avstrija bese dovolen da se pocne procesot od koj podocna nema nazad.

Eve drugo viduvanje na internacionalizacijata na gradjanskata vojna vo Shpanija po povod odenjeto na golem broj Makedonci da ucestvuvaat vo nea protiv fashistite na Franko. Aluzijata tuka e na beliot teror od monarhisticko/fasistickite "dinastii" kako taa na Karadjordjevic, na Koburgite, na Franko i slicni:

" I nashata makedonska istorija ne e bez takvi stranski dobrovolci. Tie se borea ramo do ramo so narodot vo Ilindenskoto vostanie vo 1903 godina. Bujnov, Skrizhovski, Javorov i plejada drugi, makedonskiot narod gi ceni. Kako nam shto ni pomagaa i ni pomagaat, taka i nie vo segashniov moment treba da ja izrazime nashata solidarnost na shpanskiot narod, za da pobedi vo borbata protiv onie negovi tirani, protiv koioshto i makedonskiot narod digna oruzje vo 1903 g. "

("Spanija, Amerika i Makedonija", "Trudova Makedonija", III, 14, 30.I.1937, 1 i 3).
 
Испровоциран сум од апсењето на водачот на баскијска ЕТА минатата недела, и затоа го постирам линков за филмот “Волкот’’ (El Lobo) снимен во 2004 година.

http://www.imdb.com/title/tt0385842/

http://en.wikipedia.org/wiki/El_Lobo

Филмот прикажува како е инфилтрирана ЕТА од шпанската полиција, но по содржината може да се однесува на подлоста и бедотиите кои ги правеле нашите соседи за да го инфилтрираат и/или уништат ВМРО.

Некогаш, често, чинови на убиства и тероризам поттикнувала самата полиција преку вметнатите луѓе, и протежирала братоубиства. Вметнатите шпиони потоа ги ликвидирала. “Волкот’’ го преживеал обидот да го убие шпанската полиција, и неверојатно, продолжил да се бори на страната на полицијата против ЕТА се додека замалку не ја уништил.

Во Шпанија и ДЕНЕС ги апсат Баскијците само заради кажан збор - поддршка за ЕТА, под изговор “глорификација на тероризмот’’, додека партијата на Баскијците - Батасуна, одамна е забранета. Апсењата на Баскијци последниве години се одвива под водство на Франција (а кој друг?).

Ова за да нема некој илузии за слобода на говорот или за право на самоопределување, или други права во блудницата вавилонска, Европската Унија.

Како што ја започнавме темава да потсетиме дека Баскија е окупирана од фашистичка Шпанија (и не помалку фашистичка Франција) за време на диктаторот Франко, кој спрема Баскијците се однесувал, а и денес се однесуваат, брутално.

Да потсетиме и дека Баскијците се една од најстарите нации во Европа, ако не и најстара, докажано и според генетската компаративна анализа правена во Мадрид за нас и за останатите народи.

Од демонстрациите во октомври 2007 год. за независност на Баскија:

img.12607_t.jpg
 
Шпанската граѓанска војна (17 јули 19361 април 1939) е војна помеѓу шпанската републиканска влада и нејзините левичарски поддржувачи, од една страна, и бунтовниците, војската и десно-ориентираните елементи, на чело со Франциско Франко од друга.

Во војната се вмешаа и странски сили. Иако во принцип беше усвоена политика на немешање, СССР ја поддржуваше владата (иако помошта на СССР беше во голема мера двосмислена), а Франко беше поддржан од Италија на Мусолини и од Хитлерова Германија. На страната на владата се бореа и доброволци од многу земји, кои главно беа дел од Интернационалните бригади. Меѓу попознатите фигури што се бореа на страната на Републиката беа: Џорџ Орвел, Ернест Хемингвеј, Андре Малро и други.

По тригодишна војна во која загинаа од 500.000 до 1.000.000, победа извојуваа бунтовниците на Франко, воспоставувајќи десничарска диктатура и монархија.
Истовремено со одбраната на Републиката од Франко и десницата, одредени левичарски струи, особено анархистите, се стремеа да извршат социјална револуција. Нивните стремежи беа сузбиени, во прв ред поради дволичната улога што во текот на Шпанската граѓанска војна ја играа комунистите.
Што знаеме за Македонците кои се бореле во Шпанската граѓанска војна??????

5454_1202404895961_1103747184_30615748_7035025_n.jpg


На страната на Републиката се бореа и стотина Македонци. Точната бројка не е утврдена, но отприлика се движи околу 120. Помеѓу попознатите се: Алексо Демниевски - Бауман, Цветко Узуновски, Ганчо Хаџипанзов, Елисие Поповски и Кирил Ќамилов. Останати македонски шпански борци се: Спас Банџов, Димитар Тодоров, Боро Поцков, Петар Калев, Борис Атков, Трифун Бузев, Тане Наумов, Трајко Мишковски, Живко Ангелушев, Иван Дојчинов, Тодор Димитров, Илија Јотов, Панајот Јотов, Данило Лекиќ, Вангел Темов и други. Македонци - шпански борци имаше и од иселеништвото. Помеѓу македонските иселеници кои се бореа на страната на Шпанската република беа и: Стеван Сердар, Панајот Хаџиев, Димитар Тотев, Ламбро Марковски, Желеско Рачев, Вангел Темов, Џорџ Пол, Димитар Бузев, Мајк Белов, Џан Томсон и други.
--- надополнето ---

serbianmil.bmp


macedspain.bmp



http://www.isi.mod.gov.rs/docs/sr/vi...2008_print.pdf

--- надополнето ---

Првпат објавено: „Правда: лист српског радног народа у Канади“, I, 19, 8. X 1937, 1.
Извор: Блаже Ристовски „Животот и делото на Кочо Рацин (1908-1943)“, „Матица македонска“, Скопје, 2009, 287-290 стр.

Од Мадридскиот фронт. На Македонците во Америка и Канада

Драги браќа, сестри и пријатели класно-свесни Македонци! Преку овие неколку редови сакам да ви упатам топли револуционерни поздрави – вам, на македонските работници и работнички во Соед. Држави на Америка и Канада – поздрави од бојното поле на нападнатиот шпански народ.

Истовремено сакам да ги објаснам мотивите и причините што ме поттикнаа мене и моите земјаци и илјадниците други антифашисти од сите земји на светот со оружје во рака да ги браниме идеалите, темелите и желбите на работниот народ. Како што веќе ви е познато, овде во Шпанија цела година се води борба и шпанскиот народ се бори против меѓународниот и домашниот фашизам за одбрана на демократијата и слободата.

На мене и на моите другари Македонци, како и на другарите од останатите народности свесни и напредни работници падна големата ретка улога и чест да се бориме рамо до рамо со шпанскиот народ против ѕверскиот напад на предавничките генерали и нивните наредбодавци Мусолини и Хитлер.

И
ние Македонците антифашисти и борци во редовите на републиканската армија, а во баталјоните на нашите славни херои и учители „Ѓ. Димитров“ и „Ѓ. Ѓаковиќ“ – се обврзуваме дека ќе ги вложиме сите физички и интелектуални сили за победоносно да ја завршиме таа голема задача.

Ние сме свесни дека на бојните полиња на Шпанија се бориме за ослободување [испуштен ред при печатењето – Блаже Ристовски] е национално право и ќе го извојуваме како што го извојуваа поодделни народи на Шпанија. Можеме смело да кажеме дека ние, борците од Македонија, нема да ги извалкаме имињата на нашите македонски борци Гоце [отпечатено: Коце – Б. Р.] Делчев и Дамјан Груев како и на храбриот Сандански [отпечатено: Сомдански – Б. Р.] и на многуте други кои ги дадоа животите во борбата за правата на Македонија.

Нам на Македонците
ни е добро познато дека нашиот народ претрпе и денес трпи многу како ниту еден друг народ на Балканот и во нашата борба за правда и слобода на македонскиот народ паднаа многу жртви и полни се затворите на Југославија и Бугарија со македонски борци и со најдобрите синови на нашиот народ.

Но нас не може ништо да не задржи. Ние одевме, а и отсега ќе одиме само напред.
Ние Македонците имаме своја славна историја, Илинденското востание од 1903 г. и првата Крушевска република, кога македонскиот работен народ се крена со чекан и мотика против турското царство, а за свое ослободување. Ние не се плашиме од жртвите,... против жртвите на нашите браќа... [нечитлив отпечаток во весникот – Б. Р.] ни даваат сила за борба и победа, а ние уште и знаеме дека оној што ќе падне за слобода, тој никогаш не умира и не се оплакува. Овде во Шпанија паднаа нашите млади херои Македонци, другарот Ганчо [стои отпечатено: Танчо – Б. Р.] Хаџипанзовиќ, од Велес, јуначки падна на Каза де Кампо во одбрана на Мадрид. Исто така херојски загина храбриот тенкист, другарот Блажо, родум од Гевгелија, падна на Харама.

Пред неколку дена на фронтот Брунете загина стариот и храбар борец, македонскиот учител Тодор Димитров [Димитар Тодоров] од Скопје. Беше командир на чета во баталјонот „Ѓуро Ѓаковиќ“ и полни десет месеци ги разбиваше фашистите. Тие беа прави и вистински синови на македонскиот народ. Тие го положија својот живот за правда и слобода и за спасување на човештвото од паѓање во канџите на фашистичките змејови. Нив повеќе ги нема меѓу нас, но сигурно е дека и нивните убијци веќе одамна се во земја. Ние стоструко ги одмаздивме своите другари.

Овие славни имиња никогаш нема да ги заборави македонскиот народ.
Тие ќе влезат во историјата на човештвото, а македонскиот народ ќе ги носи во своите срца. Нас ништо не не плаши, драги другари и пријатели. Сега нашата парола е „ќе поминеме“, па макар и дошле уште десет Хитлери и Мусолинци. Нема што работниците не би можеле да освојат. Тоа веќе се гледа, зашто во последно време оваа наша парола станува стварност: ние од ден за ден на фашистите им нанесуваме удар по удар. Можеме слободно да кажеме дека Шпанија ќе биде гроб на фашистите. Таа гробница ние сега ја копаме со оружје во рацете по цена на својот живот.

Другари и пријатели, треба да знаеме дека и најмалата помош од ваша страна го забрзува завршувањето на таа гробница за фашизмот од целиот свет и ова имајте го предвид кога зборувате за настаните во Шпанија. Фашизмот на сите нас ни е заеднички непријател. Ние дојдовме да му покажеме што значи да се нападне и убива работниот народ. Во конечната победа ние сме сигурни, но таа зависи и од вас. Вие имате широко поле за работа. Организирајте се, работете и јакнете. Нашиот работнички фронт не е само во Шпанија, тој е во секоја земја, во секое село и во секоја фабрика. Зацврстувајте го единството на работничката класа, создавајте народен фронт, кој има поволни услови за развој во тие земји, зашто не заборавајте дека тоа е средство со кое се рушат фашизмот и војната. Токму сега сме поблиску до светска војна од кога и да е, зашто Хитлер и Мусолини му подготвуваат нов колеж на човештвото.

Дали можеме ние, свесните работници и селани како и напредната интелигенција од целиот свет да го дозволиме тој злочин на безумниците. Не. Само треба да се напрегнат сите сили во борбата против војната и фашизмот за леб и слобода, мир и напредок за среќа на работниот народ, за целосна рамноправност на народите во Југославија и за нивна слобода.

Тоа се нашите неодложни задачи, драги другари.

Примете искрен поздрав од сите борци од Македонија и од вашиот Македонец,

Трајко Јордан Мишковиќ

1.8 – 37, од фронтот на Мадрид.
 
Вардарска Македонија

1. Арсовски Панев Владимир – роден 1910 во Неготино. Инженер. Дошол од СССР на 9 декември 1936. Како тенкист загинал кај реката Харама на 2 февруари 1937.

2. Атков Томов Борис – роден на 6 декември 1904 година во Скопје. Дошол од Франција на 2 септември 1936 година. Бил во диверзантски групи – капетан.

3. Банџов Наумов Спас – роден во Охрид 1901. Дошол од Белгија во ноември 1936. Поручник. Ранет е и репатриран. Умрел во Охрид на 15 август 1943.

4. Божиновски Панде – од с. Кривени, Ресенско. Дошол од Канада во 1937. Бил во 11-та бригада – баталјон „Линколн“.

5. Бојлевски Лазар – роден на 2 јули 1902 во с. Буково, Битолско. Дошол од Франција.

6. Бочкаровски Михаил – од с. Кривени, Ресенско. Работник. Дошол од САД во 1937 година. Загинал во 1938 кај Вилануева де ла Кањада – Мадрид.

7. Василев Норман — роден 1912 година во СРМ. Работник. Дошол од Канада на 15 мај 1937 година. Бил во ТАРТ — Словенска група.

8. Вацко Михаил — роден 1905 година. Дошол од Југославија и загинал на 21 септември 1938 година.

9. Велевски Живко — роден во с. Болно, Ресенско. Шумар.

10. Галовски Велев Георги — роден во с. Смилево, Демирхисарско, на 24 септември 1893 година. Во Шпанија дошол од Аргентина.

11. Ѓорги — Бојаџијата — родум од кичевските села. Дошол од Белгија во јануари 1937 година.

12. Демниевски Алексо - Бауман — роден 1905 година во Велес. Дошол од СССР на 20 ноември 1936 година. Бил во баталјонот „Ѓуро Ѓаковиќ", бригадата „Георги Димитров" и 129-та интернационална бригада. Во септември 1937 година е унапреден во чин мајор. Во август 1938 е ранет во борбите на Арагонскиот фронт и му е ампутирана ногата. Префрлен е во Париз, откаде во април 1939 година е префрлен во СССР на лечење. Во Југославија се враќа кон крајот на 1944 година. Умира 1961 година во Белград.

13. Димков Георгиев Димо — роден 1910 година, работник. Дошол од Франција.

14. Димов Стојанов Ангел — роден на 7 јуни 1914 година во Скопје. Во Шпанија дошол од Франција 1936 година. Загинал на Харама во март 1937 година.

15. Дојчинов Христов Иван — роден на 11 јануари 1909 година во Гевгелија. Работник. Во Шпанија дошол од Аргентина во октомври 1936 година. Бил во 15-та, 115-та и 129-та бригада и специјални служби. Капетан.

16. Жапкар Петар — роден 1897 година во с. Марино Село [скопско]. Дошол во октомври 1936 година од СССР. Загинал на Мадридскиот фронт на крајот на ноември 1936 година.

17. Иванов Кирилов Владимир — роден на 27 февруари 1911 година во Гевгелиско.

18. Јанков Васо — роден 1911 година во Башаида [село близу Кикинда]. Во Шпанија дошол од Југославија на 1 септември 1937 година. Бил во баталјонот „Димитров". Наредник.

19. Калев Петар (Милановиќ Станко) — роден 1909 година. Во Шпанија дошол од Југославија во јануари 1937 година. Ранет е на реката Ебро. Подоцна од француските концентрациони логори заминал за СССР.

20. Калешников Андро — роден во Скопје. Работник. Во Шпанија дошол од Југославија 1936 година. Загинал во движењето на отпорот во Франција.

21. Костов Гоце — роден 1909 година во Гевгелиско. Во Шпанија дошол од Франција во 1936 година. Бил курир по баталјонот „Димитров" и 129-та бригада. Загинал 1939 година кај Пена сан Марко на Арагон.

22. Камилов Панов Кирил — роден во јануари 1898 година во Велес. Професор. Во Шпанија дошол од Белгија во јануари 1937 година. Бил во баталјонот „Димитров" и баталјонот „Дуран". Капетан. Во НОБ од 1944 година, умира 1976 година.

23. Минков Миле (Мише) — роден 1914 година. Дошол од Југославија. Загинал 1938 година.

24. Митиќ Ристо — шивач од Куманово. Во Шпанија дошол од Белгија.

25. Митров Слободан (Данко) — роден 1919 година во Ѓурѓевац [Хрватска]. Студент. Живеел во Гевгелија и стигнал во Шпанија на 14 јануари 1937 година. Бил во 11-та и 129-та интернационална бригада. Комесар на баталјон. Убиен.

26. Мишел Стефан (Мишо) — роден во Куманово. Рудар. Дошол од Франција. Умрел во концентрационен логор во Франција.

27. Мишковски Орданов Трајко — роден на 5 март 1903 година во Велес. Во Шпанија дошол на 1 октомври 1936 година од Чехословачка. Командант на баталјон. Мајор.

28. Мицевски Тодоров Димитар — роден 1901 година во Скопје, Чаир. Дошол од Франција на 10 октомври 1936 година. Загинал на 21 јули 1937 година на Брунете близу Мадрид.

29. Наумов Илија — роден 1897 година во Ресен. Работник. Дошол во Шпанија на 27 јуни 1937 година од Канада.

30. Николов Гоце (Рибарот) — роден 1899 година во Гевгелиско. Бил во баталјонот „Ѓаковиќ" со Трајко Мишковски.

31. Пенушлиев Коцев Симо — роден на 28 јануари 1897 година во Штип.

32. Пандов Пенчо — од Велес или Велешко.

33. Поповски Тодоров Елисие — роден на 13 јули 1907 година во село Маврово, Гостиварско. Во Шпанија дошол од Југославија на 15 јули 1937 година. Умрел во Скопје на 9 ноември 1972 година.

34. Поцков Боро — роден на 18 април 1916 година во Струмица. Графички работник. Во Шпанија дошол од Југославија на 1 април 1938 година. Баталјон „Дивизионарио".

35. Рамиз Варварица — роден во Дебар. Албанец.

36. Рафаел Хасан — роден 1905 година во Македонија. Во Шпанија дошол од Југославија.

37. Спировски Георги — роден 1903 година. Дошол од Југославија и загинал.

38. Стефанов Крстев Алексо — роден 1894 година во Царев Двор, Ресенско. Емигрант од 1920 година прво во Белгија, потоа во Франција од каде во август 1936 година заминува во Шпанија.

39. Стефанов Милан — роден во Куманово. Рудар. Во Шпанија дошол од Франција. Умрел во концентрационен логор во Франција.

40. Темелковски Темов Вангел — роден 1896 година во с. Царев Двор, Ресенско. Работник. Емигрант во Канада, а од 1927 година во САД. Од 1933 година е член на Комунистичката партија. Во Шпанија дошол на 26 февруари 1937 година. Бил ранет во текот на војната. Во март 1939 година се вратил во САД, а во 1946 година се вратил во Македонија. Умрел во Скопје на 27 април 1972 година. Капетан.

41. Тодоров Александар — роден 1908 година во с. Маврово, Гостиварско. Во Шпанија дошол од САД.

42. Тодоров Димитар — роден 1901 година во Скопје. Учител. Учествувал во Балканските војни и во Првата светска војна. Емигрирал во Бугарија, оттаму во 1925 година оди во Романија, па во Франција, каде работи како рудар. Во Шпанија дошол од Франција на 1 октомври 1936 година. Командир на чета во баталјонот „Ѓуро Ѓаковиќ“. Загинал на 21 јули 1937 година на Брунете — Мадрид — Гвадалахара.

43. Трајков Михајло — роден во Ресен. Во Шпанија дошол од Франција 1936 година и наскоро загинал во Мадрид.

44. Трајковски Крстев Борис — роден на 5 јануари 1913 година во Ресен. Службеник. Во Шпанија дошол од Југославија на 26 [24] јуни 1937 година. Бил во ТАРТ — Словенска група. Умрел 1944 година.

45. Узуновски Николов Цветко — роден на 24 декември 1912 година во с. Царев Двор, Ресенско. Студент. Во Шпанија дошол од Југославија на 18 јуни 1937 година. Бил во ТАРТ — батерија „Коларов".

46. Урфи Аки Аголи — роден 1903 година во Дебар. Се школувал во Дебар, Битола, Солун и Тирана, а воена академија во Италија. Во октомври 1936 година преку Солун дошол во Шпанија и кај Брунете пред Мадрид загинал во април 1937 година.

47. Хаџипанзов Иванов Ганчо – роден 1900 во Велес. Во Шпанија дошол од Франција на 1 септември [10 октомври] 1936. Загинал во првите борби пред Мадрид на 18 ноември 1936.

Пиринска Македонија
1. Алексиев Петар – од Неврокоп. Загинал на 2 мај 1938.

2. Атанасов Никола – роден 1907 во Пиринска Македонија. Дошол од Канада. Бил во ТАРТ батерија „Коларов“.

3. Биров Атанасов Димитар – роден 1912 во с. Брезово, Благоевградско.

4. Николов Андреев Георги — роден на 6 септември 1900 година во с. Белица, Разлошко — Пиринска Македонија.

5. Парпулов Георгиев Велко — роден во Пиринска Македонија.

6. Пелтешки Цане — од с. Угрчин [Ловеч, Бугарија].

7. Рашев Стојан — од Пиринска Македонија. Работник. Во Шпанија дошол од Франција. Загинал 1938 година во одбраната на Мадрид.

8. Христов Методи — роден во с. Кочериново — Благоевградско, Пиринска Македонија. Загинал како диверзант во Шпанија.
 
Егејска Македонија
1. Андреев Иванов Иван — роден 1910 во Серес. Во Шпанија дошол од Канада на 15 мај 1937 година. Кувар во ТАРТ, батерија „Коларов“.

2. Белетов Иван (Шивач) — роден 1911 во Егејска Македонија. Дошол од Франција на 20 октомври 1937. Бил во баталјонот „Димитров“. Загинал кај Мореља во март 1938.

3. Божинов Димитар [Божиновски Димитрие] — роден 1906 во Костурско. Дошол од САД. Бил во 11-та бригада – баталјон „Линколн“. Загинал.

4. Бузев Петрев Трифун — роден на 28 август 1889 во Воден. Емигрирал во САД во 1912 година и станал член на прво на Социјалистичката партија на Америка и на Индустриските работници на светот, а потоа на Комунистичката партија на САД. Во Шпанија дошол на 10 мај 1937. Бил во 15-та бригада. По војната се вратил во САД. Во 1946 година американските власти го депортираа во Југославија. Умрел во Скопје на 23 јуни 1966.

5. Василевски Никола (Никита) — од Егејска Македонија. Артилерец во ТАРТ — Словенска група.

6. Георгиев Георги — роден во Кукуш.

7. Георгиев Јосиф (Жозеф) — од Егејска Македонија. Дошол во Шпанија од Канада.

8. Георгиев Оскар — од Егејска Македонија. Дошол од Канада. Загинал 1938 година на Арагонскиот фронт.

9. Георгиев Павле — роден 1903 година во Костурско, Егејска Македонија. Дошол од Канада.

10. Григоров Христо — роден 1903 година во Костурско, Егејска Македонија. Дошол од Канада. Бил во баталјонот „Линколн".

11. Димов Вангел — роден 1915 година во Костурско, Егејска Македонија.

12. Динков Динко — роден 1903 година во с. Горно Броди, Серско.

13. Заспалов Георгиев Иван — роден 1899 година во с. Брезница, Костурско. Дошол од Канада. Бил во баталјонот „Линколн".

14. Ивановски Андреев Иван — роден 1906 година во Серес. Работник — готвач. Дошол од Канада на 15 мај 1937 година. Бил во ТАРТ — Словенска група.

15. Исаков Милан — роден 1911 година во с. Меленци, Егејска Македонија. Во Шпанија дошол од Алжир на 15 јануари 1937 година. Тешко ранет, умрел 1938 година.

16. К'лев Петар (Туше) — роден 1889 година во Кукуш. Уметник. Дошол од Франција 1936 година. Умрел во Скопје во јули 1963 година.

17. К'нев Иванов К'нчо — роден на 25 мај 1906 година во Костурско, Егејска Македонија. Дошол од Канада. Бил во артилерија, баталјон „Коларов". Умрел во концентрационен логор во Франција.

18. Козлов Александар — роден 1911 година, во Егејска Македонија. Во Шпанија дошол од Канада.

19. Козлов Георги — роден 1909 година, во Егејска Македонија. Дошол од Канада на 25 јуни 1937 година. Бил во артилеријата, словенска група.

20. Козлов Димитар — роден 1894 година, во Егејска Македонија.

21. Костов Георги — од Егејска Македонија. Дошол од Канада. Бил во баталјонот „Линколн", 15-та бригада.

22. Ламбрев Крсто — роден 1895 година во Костурско, Егејска Македонија.

23. Ликов Тодор (Лидле) — роден 1898 година во Костурско, Егејска Македонија. Дошол од Франција. Исчезнал.

24. Мајаков Тр. Ламбе [Марковски Трајков Ламбро?] — роден во Костурско, Егејска Македонија. Загинал.

25. Македонски Стефанов Љубе — роден на 27 септември 1907 година, во Егејска Македонија. Загинал во Шпанија.

26. Малинов Петар (Пенко) — роден 1914 година во Егејска Македонија. Дошол од Белгија. Загинал.

27. Марковски Трајков Ламбро — од с. Косинец, Костурско. Живеел во Детроит. Дошол од САД во 1937 година. Загинал во јули 1937 година на Брунете.

28. Михајлов Тасе — роден 1897 година во с. Пливенци, Егејска Македонија.

29. Младенов Петар — роден во Егејска Македонија. Дошол од Канада. Бил во 15-та интернационална бригада, баталјон „Линколн".

30. Насев Васил (Начев, Нацев) — роден 1906 година во Егејска Македонија. Работник. Дошол од Франција. Загинал.

31. Наумовски Лазаров Тане — роден на 24 февруари 1907 година во с. Долно Котари, Леринско. Морнар. Во Шпанија дошол од Панама на 4 август 1936 година.

32. Радев Иван — роден 1913 година во Костурско, Егејска Македонија.

33. Ралев Димитар (Радов Митко) — роден 1913 година во с. Д'мбени, Костурско. Дошол од Канада.

34. Ристовски Спиров Панде — роден на 27 јули 1906 година во село Нивици, Долна Преспа [Леринско]. Работник. Во Шпанија дошол од Аргентина во март [22 април] 1937 година. Бил во батеријата „Коларов" и во 129-та интернационална бригада. Умрел во Скопје на 21 јануари 1965 година.

35. Скоплиќ Иван — роден 1888 година во Егејска Македонија. Дошол од Канада и загинал во јуни 1938 година.

36. Улковски Донев Ване — роден 1904 година во с. Смрдеш, Костурско. Во Шпанија дошол од Канада на 15 мај 1937 година. Загинал на Теруелскиот фронт.

37. Хаџиев А. Панајот – роден на 23 август 1900 во Д’мбени, Костурско. Работник. Живеел во Гери. Член на Комунистичката партија. Дошол на 19 февруари 1937 од САД. Бил артилерец во словенската група. По поминати 25 месеци во Шпанија, на 10 март 1939 година се враќа во Детроит. Бил еден од организаторите на Македонскиот народен сојуз во Америка. Умрел во 1962 година.

38. Христов Панде — роден во Егејска Македонија. Артилерец.

39. Чичанков Христов Глигор — роден во с. Жупаништа, Костурско. Во Шпанија дошол од Канада. Артилерец. Умрел во Чиле.

40. Шејтанов Александар — роден во Костурско, Егејска Македонија. Умрел во концентрационен логор во Франција.

Непознато место на раѓање
1. Аристов Глигор – роден 1903 година.

2. Василевски Наум — роден 1912 година.

3. Влканов Никола — дошол од Париз — Франција. Стрелан во концентрациониот логор Дахау — Германија.

4. Димов Тошо (Кондураџијата) — во Шпанија дошол од Белгија.

5. Исценски Тодор — роден 1909 година. Загинал на 2 мај 1938 година.

6. Јанков Петар — дошол од Белгија 1936 година.

7. Јанков Тодор — роден 1901 година. Рудар. Дошол од Франција на 30 јуни 1937 година.

8. Комитов Јанко — артилерец во тешката артилерија.

9. Комитов Марко — загинал на 23 мај 1938 година.

10. Кочмаровски — шумски работник. Во Шпанија дошол 1937 година. Загинал на 14 јули 1938 година кај Пена сан Марко на Арагон.

11. Ладовски Михаил — работник. Во Шпанија дошол во ноември 1936 година од Франција. Бил во 13-та интернационална бригада. Загинал на Теруелскиот фронт на 31 декември 1936 год.

12. Марков Јосиф — загинал.

13. Наумчевски Волче — загинал.

14. Недев Георги — евидентиран како борец во Шпанските републикански единици.

15. Николов Петар — роден 1910 година. Во Шпанија дошол од Франција. Загинал.

16. Павковски Владимир — загинал на 20 март 1936 година кај Каса де Кампо, Мадрид.

17. Павлов Стојан (Георг) — роден 1899 година. Железничарски работник. Член на Комунистичката партија на САД од 1927 година. Во Шпанија дошол на 7 февруари 1937 година од САД. Загинал.

18. Паунов [или Паунков] Ганчо — работник, загинал на 17 ноември 1936 година во одбраната на Мадрид.

19. Рајчев Васил — загинал во Шпанија. Артилерец.

20. Рели Џим (Јован) — роден 1913 година. Дошол од Канада на 30 мај 1937 година. Бил во 15-та бригада.

21. Ристо „Шивачот" — во Шпанија дошол од Белгија.

22. Софронов — во јануари 1938 година бил во баталјонот „Димитров".

23. Силов Ерих — во Шпанија дошол од Аргентина кон крајот на 1936 година.

24. Симеонов Борис — во Шпанија дошол од Канада во мај 1937 година. Бил во 129-та бригада.

25. Симов Александар — роден 1900 година. Во Шпанија дошол од Франција. Загинал 1938 година.

26. Симон Милош — роден 1892 година. Дошол од Белгија.

27. Симеонов Глигор — бил во тешката артилерија во словенската група.

28. Скопјанец Ангел — дошол во јануари 1937 година. Загинал.

29. Спасовски Трифунов Стефан — роден 1913 година. Борец во баталјонот „Димитров". Загинал 1938 година.

30. Стојков Емил (Братко) — работник. Дошол од Франција. Борец во 11-та интернационална бригада. Загинал во април 1937 година на Гвадалахара.

31. Стојчев Г. Лазар — загинал во првите денови по доаѓањето во Шпанија.

32. Трифунов Стефан (Стојан) — роден 1911 година. Борец во баталјонот „Димитров". Загинал 1938 година.

33. Чучков Симо — роден 1907 година. Во Шпанија дошол од Франција 1937 година. Борец во II-та чета на баталјонот „Дивизионарио". Стрелан во концентрациониот логор Дахау — Германија, 1942 година.

34. Шејтанов Ефтимов Константин — роден 1910 година. Загинал во Шпанија.


Извори: Перо Коробар, Божо Стефановски (ур.) „Во интернационалните бригади на Шпанија“, „Студентски збор“, Скопје, 1989, 215-220 стр. и Abraham Lincoln Brigade Archives.

--- надополнето ---

originscan.bmp
origins2ca.bmp


canadspani.bmp


Renegades: Canadians in the Spanish Civil War
Michael Petrou


--- надополнето ---

Аххх тој Тито.... си клонирал Македонци кај стигнел :)
 
Bratot напиша:
33. Поповски Тодоров Елисие — роден на 13 јули 1907 година во село Маврово, Гостиварско. Во Шпанија дошол од Југославија на 15 јули 1937 година. Умрел во Скопје на 9 ноември 1972 година.

34. Поцков Боро — роден на 18 април 1916 година во Струмица. Графички работник. Во Шпанија дошол од Југославија на 1 април 1938 година. Баталјон „Дивизионарио".


45. Узуновски Николов Цветко — роден на 24 декември 1912 година во с. Царев Двор, Ресенско. Студент. Во Шпанија дошол од Југославија на 18 јуни 1937 година. Бил во ТАРТ — батерија „Коларов".

Ова е фотографија на 6 од многуте Македонски доброволци во Шпанската Граѓанска Војна.
На неа се сликани Елисие Поповски, Цветко Узуновски, Боро Поцков и уште тројца на кои не им беа обележени имињата.

Најверојатно првите тројца од лево се Елисие, Цветко и Боро, по тој редослед, ама сум сигурен само за Цветко Узуновски, тој е вториот од лево.
Ако најде некој дополнителни информации или фотографии нека постира па да споредиме.

Girs-GrupaMakedonaca-JelisijePopovskiCvetkoUzanovskiBorivojPockov.jpg
 
Супер, можеш ли некој извор за сликата да оставиш?

Имаш некои дополнителни информации за Македонците во Шпанската војна?

--- надополнето ---

Structure nationale des Yougoslaves
La composition nationale des volontaires ne peut être reconstruite à partir de la liste
yougoslave, du fait que les données qui s’y rapportent n’y ont pas été inscrites. La cartothèque


des combattants de la 129
e brigade (établie à Barcelone en mai 1938)128 a été conservée,
mais les Yougoslaves (1015) y sont aussi inscrits de manière indifférenciеe. Toutefois, la
statistique espagnole tient compte de ce facteur pour 1052 Yougoslaves, alors qu’il est
inconnu pour 140 d’entre-eux. Le groupe le plus important est celui des Croates (48%), puis
celui des Slovеnes (23%), des Serbes (18%), des Montеgrins (3,2%) et des Macеdoniens
(1,5%).

http://www.mzes.uni-mannheim.de/projekte/incs/home/data/pdf/INCS_20_ONLINE.pdf

 
Случајно налетав на фотографијата тука:

http://www.slobodnajugoslavija.com/forum/viewtopic.php?t=931&postdays=0&postorder=asc&start=120

Сигурно има и други фотки на нетов, само треба да се бара.

Немам подетални информации за нашите Македонци доброволци во Шпанија, ама ми се чини ако се потрудам можам да дојдам до овие две книги:

- Елисие Поповски, Перо Коробар, Борис Вишински (ур.) „На шпанската земја“, Култура, Скопје, 1961.

- Перо Коробар, Божо Стефановски (ур.) „Во интернационалните бригади на Шпанија“, Студентски збор, Скопје, 1989.
 
Пред некој ден на кабловска, поточно на Viasat History гледав почеток на еден документиран серијал за Втората светска војна (не знам веќе по кој ред, оти забележувам дека последно време се повеќе и повеќе ги прават). Овој беше поинаков, за моја среќа најверојатно го фатив од почетокот, бидејќи втората епизода од истиот беше посветена комплетно на Шпанската граѓанска војна, на некој начин како предвесник на Втората светска војна. Натаму се надевам дека ќе се зборува за тоа како започнала истата, (нешто што веќе и другите такви документарци го имаат).

Да не должам многу, во документарецов, помеѓу другото, се спомна дека во таа војна имало и многу доброволци, факт кој го знам, но исто така знам и дека солиден број на македонци се јавиле како доброволци (ова второво поише од муабети). Во документарецот не го спомнаа точниот број на доброволци што се јавиле да учествуваат во таа војна, од објективни причини - сепак документарецот беше постветен на приликите на шпанската граѓанска војна, а не за доброволците.

Како и да е, конкретно јас не сум нешто многу информиран за Шпанската граѓанска војна, знам само значи кои биле завојуваните страни, за фактот дека Хитлер и тоа на големо го снабдувал Франко со оружје - Сталин симболично ги снабдувал револуционерите против Франко и толку. А уште помалку па за тоа колку нашинци отишле таму и нивните сфаќања, погледи, причини зошто отишле таму, колку од нив се вратиле и слично.

Е поради тоа и оваа тема... Би сакал да знам дали некој од вас има информации за учеството на македонци во шпанската граѓанска војна - еден краток историјат...

П.С - не знам дали веќе има ваква тема .. не сум ја сретнал.. ако има.. јебеш лапсуз :-) , оваа можете слободно да ја избришете или пак ако има можност да ја припоите кон претходно создадената ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom