Двајца убиени и еден тешко повреден во пукотница во населбата Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Сега дечиштана што вежбаат кај урко ќе имаат жива мета на тренинг :pos:
 
Има една дупка во приказната на Дневник, а тоа е мотивот?
За да човек со автоматска пушка направи тројно ладнокрвно убиство од прв степен и се предаде во полиција знаејќи дека го чека 3 пати по 20 години затворска казна, мора да има мнооогу јак мотив.
Најлогична верзија до сега што сум ја слушнал е огромен лихварски долг. Најверојатно не е тоа, но што и да е, не верувам дека е заради 100 кила хероин.
 
Судење за тројно убиство во Скопје- „Убив за да си ги спасам децата”

Денковски до денеска молчеше за мотивите поради кои со автоматска пушка изрешета тројца во септември годинава. Убиени беа Јордан Јорданов, Влатко Андреевски и Владо Милошев.

“Морав. Немав друг излез. Ми се закануваа дека ќе ги повредат децата”, кажа Денковски пред судот и ја раскажа целата приказна зошто посегнал по автоматската пушка и каде бил по убиството.

“Пред неколку месеци Јорданов ми побара пари за долг кој го немав. Долгот го измисли. Наводно сум му должел пари за автомобил купен пред повеќе години. Се работеше за 11.000 евра. Никогаш не сум му должел пари а тој и негови луѓе секојдневно ми ги бараа”, раскажуваше Денковски пред судот.

Појасни дека се обидел да се види со Јорданов за да се разберат околу долгот, но Јорданов упорно го одбивал.

Луѓето што му се јавувале му велеле: ” Немој да ги криеш децата со различни автомобили. Знаеме каде оди ќерката, а и синот. Син ти личи на женско па може и да го прошетаме. А после можеби и ќе ти каже како си поминал”, биле заканите кои Денковски ги добивал секојдневно по телефон.

Вечерта кога се случило убиство Денковски влегол да вечера во ресторанот каде ги виделе Јорданов и неговите пријатели. По кратко време Јорданов му покажал на часовникот и му рекол за половина час да донесе пари, по што Денковски излегол од ресторанот.

Автоматската пушка ја зел од куќа во населбата Припор. Се вратил и го изрешетал Јорданов.

Пред да пука само му рекол: „Дигни ја главата”. Видел дека некој од масата се фатил за појас и најверојатно од страв да не извадат пиштоли ги убил и другите. Потоа заминал со такси кон Куманово каде на првата патарина се симнал.

Останал цела вечер во околните ниви, утредента отишол во полиција и со зборовите “јас сум за пукањето” се предал.

Беа сослушани и двајца сведоци, девојката која не беше повредена а беше на маса со убиените и сведок на пукањето. Девојката не зборуваше само кажа дека сите детали ги кажала во истрага а момчето рече дека денковски кога влегувал во ресторанот имал тап поглед.


Извор: Кајгана
 
AБе чудна и неверојатна работа.
Да видиш да не поверуваш.
Да бидат убиени „ЗАБЕГАНИ“ луѓе па тоа е немогуче... Бидејќи за таквите мафијаши кај народот гласи онаа теорија „Абе кај мојш ти нив да ги чепниш? Знаеш ли колку се забегани тие???

За Лихвари, рекетари, мафијаши, наркобосови само така треба...
Колку помалку вакви срања како нив толку подобро утре за народот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom