Српски турист загина во групна тепачка во Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
жално ќе биде ако навистина било вмешано обезбдувањето и исто така жално ќе биде и да не бил овмешано обезбедувањето а негова рабоа е да спречи инциденти и да ги ифрли таквите кои што го прават тоа. Само кај нас во македонија обезбедувањето малтретира гости и не ги решава проблемите туку ги прави.

Јас сум бил во странство и сум видел како таму обезбедувањето ги исфрла тие што претеруваат а фина кон сите други гости. Во странство се оди на курс з аобезбедување се учат психолошки работи кај луѓето, а најважна од се било да се научи како да се смири расправијата а не да се разгори. А кај анс се вработуваат деликвенти и епачи за обезбедување на дискотеки и клубови епа што сакате тогаш од професионлизам и затоа вакви инцеденти ќе има и понатаму.
Само кај нас што збориш секаде има проблеми со обезбедување.
Погледни во Русија.
 
Само кај нас што збориш секаде има проблеми со обезбедување.
Погледни во Русија.

Као ме здиви клипов у пм.Ми иде овие од обезбедувањето да ги тепам до смрт сеа.
 
Дејан Новаковиќ е гостинот од Србија претепан на смрт во групната тепачка утрово во Охрид. Во масовниот хаос, во близина на кабарето Куба Либре настрадал српскиот гостин, кој заедно со својот пријател бил дојден на одмор. Според првичните информации немилиот настан се случил после 3 часот утрово, при што банална расправија во клубот преминала во хорор тепачка надвор, каде биле повредени двајцата Срби.

Ударите со тврд предмет во главата биле фатални за 34 годишниот белграѓанец, кој починал на патот кон охридската болница. Неговиот другар 32 годишниот Горан Периќ од Белград, едвај извлекол жива глава. Очевидците видно потресени раскажуваат за немилиот настан.

- Момче од чаршијата трчаше во правец кон поштата и викаше хистерично : Полиција! Полиција! Се бркааа група луѓе и забележав дека еден беше паднат кај поштата и другите луѓе што беа позади него почнаа да го клоцаат. Притрчав јас и уште еден дечко , јас му го држев јазикот за да не го голтне а друѓиот дечко го сврте на страна.Човекот беше во бесознание Паднатиот бранејќи се со рацете на главата им викаше: „ Добро људи шта сам вам урадио!“ - Добро луѓе што ви направив!, на што тепачите му возвратија: „Видечеш ти шта си урадио!“ -Ќе видиш што направи! и продолжија силно да го удираат со нозе по главата и телото, по што се оддалечија од местото,вели Горан Димитриев очевидец.

Според информациите до кои дојде Канал 5, кавгата започнала меѓу гости од Србија, но поради напад на сопственикот на локалот , во неа се вклучиле и охриѓани по што таа преминала во неконтролирано насилство. Во крвавата агресија со трагичен крај учествувало и дел од обезбедувањето и други гости во клубот.

Ова е вистинска трагедија и ќе се одрази врз развојот на туризмот со жалење истакна градоначалникот Александар Петрески.

- Сакам да изразам големо жалење за настанот што се случи.Изразувам жалење до целиот српски народ, бидејќи ова не требаше да се случи.Чуствувам одговорност за настанот кој се случи, бидејќи српските гости се најбројни во Охрид.Ова е голема работа што се случи.Изразувам големо незадволство кон оние кои се одговорни за јавниот ред и мир.Сметам дека ова негативно ќе се одрази врз туризмот, загрижено изјави Петрески.

Во полициската станица приведени се триесетина лица учесници во инцидентот , очевидци и обебедување на кабарето, каде сеуште трае распитот . Од таму сеуште не соопштуваат официјални информации, камерите поставени на објектите во близина на кобното место треба да ги откријат насилниците.

Претставници на српската амбасада веке пристигнаа во Охрид, градот кој денес жали за изгубениот живот



После ова што го прочитав ми изгледа како некој од нашите да биле криви не верувам дека обезбедувањето трчало по истите до поштата, најверојатно се работи за некои други се надевам дека ќе скапат во затвор истите.. дури Србите молеле да не ги тепаат :(
 
После ова што го прочитав ми изгледа како некој од нашите да биле криви не верувам дека обезбедувањето трчало по истите до поштата, најверојатно се работи за некои други се надевам дека ќе скапат во затвор истите.. дури Србите молеле да не ги тепаат :(
И како го процени тоа?
 
Утринава, 27.08.2010 година, околу 03,00 часот, во Болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ со возило на итна медицинска помош е донесен српскиот државјанин Дејан Н.(1976) од Белград, кој во Охрид престојувал како турист. Медицинските лица единствено констатирале смрт, а при извршениот преглед, по телото и главата на починатиот биле забележани повреди.

Веднаш потоа е информиран СВР Охрид, од каде вешти лица, заедно со Заменик Јавен Обвинител и надлежен Истражен судија извршиле увид на местото кое се наоѓа во близина на зградата на Македонски пошти, во центарот на градот, од каде што е подигнато телото. Исто така преземени се оперативни мерки за целосно расчистување на настанот, при што е утврдено дека му претходеле вербални и физички пресметки на ул.„Партизанска“, во и пред ноќниот клуб „Хавана“.

Според досегашните оперативни сознанија, заради банални причини, внатре во клубот, најпрвин настанала вербална расправија и тепачка помеѓу неколкумина српски државјани. Веднаш потоа инволвираните се симнале пред клубот и продолжиле, а таму еден од сопствениците, препознал свој пријател и се вмешал во тепачката. Истиот бил нападнат од спротивната страна по што се вмешале и други лица, а сега починатиот и неговиот пријател Г.П. се обиделе да избегаат. Во тепачката Г.П. се стекнал со телесни повреди во пределот на главата и телото и откако му е пружена медицинска помош, истиот е пуштен од болница. Исто така на телесни повреди се има пожалено и сопственикот на клубот М.К. кој е повикан во полиција.

Покрај сопственикот, на разговор во СВР Охрид се повикани 30тина лица, а со наредба на Истражен судија се подигнати и одземени компјутерите од локалот за проверка на евентуални записи од безбедносните видео-камери. Телото на починатиот е предадено на обдукција, но засега нема потврда за причините поради кои настанала смртта. Според обдуцентите ќе биде потребно дополнително време за извршување на неопходните хистолошки анализи на срцето кои би ги потврдиле сомненијата зошто престанало да работи, бидејќи од првично направениот преглед повредите на главата не биле животозагрозувачки.

СВР Охрид трага по еден српски државјанин кој учествувал во тепачката со сега починатиот, но и по уште неколку лица, македонски државјани, за кои постојат индиции дека биле инволвирани.

http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=8953&mid=1367&tabId=1&tabindex=0
 
И како го процени тоа?

Па треба да си ненормален да зимаш да удираш со тапи предмети значи не со тупаници иако и со второво е повторно ненормален некој што лежи на земја.. ете имаш очевидец Македонец што го кажува тоа, ќе видиме што ќе биде истрагата иако верувам дека наши ја направиле бељава ..
 
Кој и да бил крив треба да одговара за ова нормално. Но со овој инцидент може само да се види колку проклет народ сме ние Македонците. Коментарите на А1 сите се во стил против Охрид како цел Охрид да е крив и како ова да не може нигде на друго место да се случи. Погледнети ги на пример коментарите на Србите на БЛИЦ нема да забележите ниту еден збор против Охрид, напротив баш се позитивни. И сите коментираат дека вакви инциденти можат да се случат секаде. Ех Македонче само себе се мразиш, затоа и сме на ова дереџе...
 
Најверојатно ќе да се Срби и двете групи.Баш читав и по б92 сеа.Најприв изгледа РТС напишале дека се Албанци во прашање.Ама по коментарите што ги прочитав и самите си знаат дека сепак се Срби.

Citala sam komentare i ne mogu da verujem da neko misli da je ovo na nacionalnu bazu, ma daj..bila sam u Ohridu i znam da su ljudi super prema nama. A kad je alkohol u pitanju i ono JA SAM IZ BG ,A TI? to je uzas, odu na odmor u tuku se tamo. Zao mi je Dejana i nek pociva u miru.
 
Па треба да си ненормален да зимаш да удираш со тапи предмети значи не со тупаници иако и со второво е повторно ненормален некој што лежи на земја.. ете имаш очевидец Македонец што го кажува тоа, ќе видиме што ќе биде истрагата иако верувам дека наши ја направиле бељава ..
Ме интересираше како процени дека Македонци се криви.
 
Ова мачоменствово, курназењево и чукањево в гради од тип мене никој не смее во очи да погледне, да ме турне додека поминува, да ми повиши тон и сл. И сите сме брате она најјаки веќе ептен ама ептен мизерна работа е станато :tapp:
Да ги видам дај сите ти мачомени и чалами еден на еден да излезат, а не почнува еден и се закачуваат уште 20 околу (често рандом луѓе што не знаат ни што се случува) да дадат по некој удар и да кажат утредента, леле брат во каква тепачка сум бил, ко сум му ја врзал една... Ако мислат дека тоа е кул или слични дефиниции тотален промашај... Или машкоста си ја докажуваат? Не ми е јасна потребава...

И да колку и да е противзаконско сега на сите тие батињата „јаки„ што тепале вчера, на еден по 10 души би им пуштила онака и тоа во затворен простор малце да ги пошутираат чисто ради осет малце не со претерување, пошто очигледно такви сме, ако не осетиме како е, се ни е апстрактно.

Да живее „мачоменстово“ и курназењето. Ајмо во варварство и камено време.
 
Сељачишта до компјутер дојдоа го испоганија етерот.

Што е со Охрид и охриѓани еве виза ви скопје и скопјани или белград или београѓани.

Тргичен изолиран инцидент од кој треба да се извлечат поуки.
Ниту срби, скопјани или вонземјани се малтретирани или посебно третирани во Охрид, туку сите подеднакво уживаат во тоа што го нуди Охрид, инаку зошто би биле таму ако не нуди ништо.
И Охрид е богатство на Македонија и Македонците а никако не е на тие што мочат во и околу него иако се Македонци.
 
Подобри се од лани.
Минатата 14 странски туристи, оваа 1 сега за сега.
 
Само кај нас што збориш секаде има проблеми со обезбедување.
Погледни во Русија.

Што се угледуваш на русија, источни земји, угледај се на западните земји, германија, франција и др.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom