Нема повеќе сушење долен веш на балкон

  • Креатор на темата Креатор на темата krkac
  • Време на започнување Време на започнување
Темата си е на вистиснско место ....македонскиот народ со своите политичари сигурно ке остане и без гаќи ,затоа нема да има проблем законот да се спроведе ...
 
Редно беше да се донесе законот и го поддржувам безрезервно :salut:


Е па сега , драги мои комшии , доколку ве затекнам како го прекршувате законот за домување , фино лепо има да ве пријавам во полиција , па расправајте се после со нив , бидејки не можам да се расправам со вас затоа што ќе ме спуштите на вашето селско ниво и ќе ме победите на искуство
Здраво, во твојот пост како да ги опишуваш моите соседи, јас живеам во зграда во Гевгелија, наидувам на истите проблеми и не можам ништо да сменам иако сум претседател на заедницата. Згора на тоа сега повеќе од половината комшии ме мразат затоа што сакам да ги култивирам и си терам по законот.
Поседуваме лош менталитет - никој никого не го почитува, никој со никого за ништо не може да се договори.
Има ли некаква промена во вашата заедница, сега се формирани инспекции за домување, дали помагаат?
--- надополнето: Oct 19, 2011 8:07 PM ---
Ниедна полиција и ниеден закон не можи да ти ги реши проблемите со твоите соседи, ќе го видиш тоа после донесувањето на овај и уште на милион други закони. Проблемот е тоа што од расправање со твоите комшии повеќе не сакаш да се расправаш, а си пробал да разговараш а не да се расправаш? Фин културен обичен љубезен разговор и не кажеш што ти пречи и што може да се превземи поради тоа. Комшијата што ти фрла кондоми во двор можеш да го предупредиш дека деца поминуваат оттука и подобро ќе биде да ги фрла во канта. Јамболии теписи не се тресат секоја ден најмногу два пати годишно обично во ден Недела, е сега таа ден можеш да го заклучиш станот и излезеш во природа малку да прошеташ и одмориш од стресот, е сега ќе треба да почнеш да разговараш за да ти речат кога се тие денови. Исто и со тие што тресат чаршави културен разговор и објаснување па сигурно ќе ги тресат во канта. Комшијата што ти пие и слуша турбофолк навечер какво е твоето мислење за него сигурно се најлошо, јас да сум на твое место би седнал со него на по една ракија до две, би ги ислушал маките негови. Тоа е тоа не може да престане да пие и да слуша музика, па би му купил МП3 плеер не нов не мора на старо од некаде и решен проблем.

Не ти солам памет само се објаснувам како јас би го решил проблемот, затоа што законот е чиста глупост и што ако некој од нив имам роднина полицаец нема ни да го казнат......

Полицијата ќе дојде и ќе си отиде ти ќе треба да продолжиш тука да живееш со нив.

Очигледно не си паталец па нудиш идеи што не се применливи во нашето општество.
Јас сум претседател на заедницатана сопственици на зградата, се обидуавам да бидам близок со сите да им објаснам, ама овие луѓе не те разбираат, не те прифаќаат, ним што и да им кажеш нема значење тие пред време знаат се. Сега од половината комшии ме мразат затоа што сакам да ги култивирам и си терам по законот.
Поседуваме лош менталитет - никој никого не го почитува, никој со никого за ништо не може да се договори.
 
^ Дали си ти претседател на заедницата сопственици на станови?
 
Целосно се согласувам со тебе, дури и да нема ваков закон би требало самите да сме свесни дека и други луѓе живеат околу нас и да внимаваме како се однесуваме :smir:
Ама баш ме интересира како ке го спроведат овој закон :vozbud: :toe:
Помина една година и ништо во тој план не се менува. Полицијата не се замара, ми кажаа дека ќе реагирале ако имам закани од соседите. до пред некој месец немаше ни надлежен инспектор за домување, сега има ама и тој не знае од каде да почне и што да прави. Јас сум претседател на заедницатана сопственици на зградата, се обидуавам да бидам близок со сите да им објаснам, ама овие луѓе не те разбираат, не те прифаќаат, ним што и да им кажеш нема значење тие пред време знаат се. Сега од половината комшии ме мразат затоа што сакам да ги култивирам и си терам по законот.
Поседуваме лош менталитет - никој никого не го почитува, никој со никого за ништо не може да се договори.

Има ли на форумов луѓе што ги водат заедниците во своите згради? Сакам да споделиме искуства и да се организираме.
--- надополнето: Oct 19, 2011 8:25 PM ---
Јас мислам дека од некултурни и невоспитани луѓе дојде до тоа да се носи закон со кој ќе ги казнуваат тие што дома не ги научиле основните работи за заедничко живеење.
Јас стварно не знам што има лошо во тоа да пазиш дали твојата саксија од 10 спрат е добро наместена, и да пазиш дали ќе падне и ќе убие некој доле. Нема ништо лошо во тоа да не им тресеш на глава ронки на народот, оти така тебе ти текнало, а јас на работа ќе одам со манџа на главата.
Ако сите поаѓаме од тоа да не им го правиме на луѓето она што не сакаме да ни го прават, тогаш додека сите одмараат, попладне и среде ноќ, нема да пуштаме музика. Или па нечие куче да лае цел ден и цел ноќ. Знам како е да се чува куче, и како треба да се воспита. И дека мачката ја носиш на ветеринар кога и е перодот на парење, а не да слушаат сите како мајука до бесвест.
Јас сето ова дсега го применував, и ќе продолжам да го применувам. Овој закон им смета на оние другите, кои сакаат да прават како што им одговара, без да имаат обзири кон другите. Епа, нека им смета. Јас сум среќна вака.
А текстот дали бил литературно напишан или не, ич не ми е гајле, се додека сум заштитена од идиоти станари комшии, кои галамат цели ноќи, кои шаркаат по ѕидовите, кои ми тресат на главата ронки и чии мачки се парат по 7 пати годишно.

Браво за размислувањата и за текстот.
Помина една година дали е нешто променето во вашата зграда. Јас сум претседател на заедницата на сопственици на зградата, се обидуавам да бидам близок со сите да им објаснам, ама овие луѓе не те разбираат, не те прифаќаат, ним што и да им кажеш нема значење тие пред време знаат се. Сега од половината комшии ме мразат затоа што сакам да ги култивирам и си терам по законот.
Поседуваме лош менталитет - никој никого не го почитува, никој со никого за ништо не може да се договори.

Има ли на форумов луѓе што ги водат заедниците во своите згради? Сакам да споделиме искуства и да се организираме.
--- надополнето: Oct 19, 2011 8:45 PM ---
^ Дали си ти претседател на заедницата сопственици на станови?
Мене ме избраа кога се уплашија од казните по 300 евра, ама сега имам разбирачка со помалку од половина, другата половина ме мрази и плус има 20 - тина проценти на кои што кур не им чуе.
 
Верувам дека те избрале за претседател оти виделе нешто во тебе. И ти како претседател на заедницата на сопственици на станови би требало да ги притиснеш да те слушаат.
Ако не бива милум, онда силум :)
 
Верувам дека те избрале за претседател оти виделе нешто во тебе. И ти како претседател на заедницата на сопственици на станови би требало да ги притиснеш да те слушаат.
Ако не бива милум, онда силум :)

Ме избраа затоа што никој не сака да си го троши времето без определен финансиски интерес и сите викаат: абе јас не можам имам вакви или такви обврски,
а јас намерно се нафатив за да видам дали со овој склад на менталитети човек може да се разбере или не и како второ да видам зошто повеќето донесени закони не функционираат, дали грешката е во законите или во тие што треба да ги спроведуваат.

Сега жалам што сум го направил тоа и сум се согласил ама достоинството не ми дозволува да ги оставам работите какви што се.
 
Гледам ептен е спроведен на дело законов.Уште сушалните да ги изградиме по зградиве и готово.Сакавте ЕУ стандарди ,гледајте!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom