Нема повеќе сушење долен веш на балкон

  • Креатор на темата Креатор на темата krkac
  • Време на започнување Време на започнување
Јас баш за постарите згради имам слушнато дека имале сушални. Ама, со тек на времето може и во станови да биде претворени :toe:

Какви сушални бе, ништо нема..има само светларници на секој влез за воздух да има у влезовите ама и нив ги заклучуваат, ги присвојуваат.
 
Издавам под наем парцели за сушење на долен веш во близина на Новоселски пат...бројот е ограничен.
 
глупости. само се прашувам што е следно ?
 
Јас се сложувам со со овој закон. Стварно е глупо ти да си одиш и да го голташ правот од чергата што стои пред нечија врата, или пак да си одиш намокрен дома само затоа што некој си ја мие терасата, или пак истура нешто одозгора. Само треба да се водеде некој закон за забрана на домашни животни (кокошки, свињи, коњи...) во градовите. Стварно нема смисла, кој век сме? Па и тоа некултурни луѓе се има на веков, свашта чуваат во дворовите. Па никој не е должен да трпи смрдеа или секој ден да го мети дворот затоа што некоја кокошка од комшискиот кокошарник забегала во неговиот двој. А и на патот измет од коњи и магариња има постојано. Луѓе или живејте културно со градски навики, или вратете се во село!
 
Имаме афрички стандард, црнчеме како кинези, гледаме турски серии и имаме европски закони.
 
сите згради имаат сушални,како заеднички простории,дали се на поткровје или пак се наместени помеџу катови важно имаат е сега дали се присвоени како магацини или пак пренаменети во станови ( знам повеќе такви случаеви кој на тој начин си го решија станбеното прашање) не е битно важно сите имаат освен одредени згради во аеродром, и сега некој понови шо се праени каде што се обидуваат и балконот да ви го стаат у квадратура не па заеднички простории,уствари дај да се присетиме што бидна со скривниците и како тие се пренаменија од страна на станарите па ке сватите што бидна со сушарите
 
Јас баш за постарите згради имам слушнато дека имале сушални. Ама, со тек на времето може и во станови да биде претворени :toe:

Токму така, јас знам за полно постари згради (во Автокоманда особено) каде главната тераса што ги спојува неколкуте влеза се наоѓа на врвот на зградата и таму има железа во форма на „П“, кои служат за тресење теписи и пружање на истите кога ќе ги испереш. Работата е што станарите кои живеат на поткровје си ги присвоија овие простории и ги претворија во кујни, шпајзови, а пак некои и во уште еден стан. Е сега кога ќе поминува инспекција да ги видам да ги натераат да ги рушат.
 
По сушалната следува:

  • Облеката не смее да се суши во недела (Швајцарија)

Што може да очекуваме во иднина:

  • Таксистите се обврзани да плаќаат авторски права доколку пуштаат музика на своите клиенти (Финска)
  • Со исклучок на морковите, повеќето добра не треба да се продаваат во недела (Англија)
  • Противзаконски е двајца мажи да имаат секс во иста куќа каде што има секс трето лице (Англија)
  • Противзаконски е дамите да јадат чоколадо додека користат јавен превоз (Англија)
  • Противзаконски е бакнување на железничка станица (Франција)
  • Противзаконски е еден автомобил да остане без гориво на автопат (Германија)
  • Секоја канцеларија мора да има барем мал поглед кон небото (Германија)
  • Колата не смее да се мие во недела (Швајцарија)
  • Противзаконски е да се пушти казанчето од тоалетот по 22 часот (Швајцарија)
  • Легално е да се пуши марихуана, да се купува или во секое време да се поседуваат највеќе 5 грама со себе (Холандија)
  • Проституцијата е легална, а проститутките подлежат на такса како и секој бизнисмен (Холандија)
  • Пред да ја запалиш колата, мора да свирнеш со сирената за да провериш дали работи (Данска)
  • Обврзан си да свирнеш со автомобилот секој пак кога ќе престигнуваш друго возило или велосипед (Луксембург)
  • Ако ги заборавиш клучевите во автомобилот и ја оставиш колата отклучена, ќе бидеш казнет (Швајцарија)
  • Илегално е да го крстиш прасето Наполеон (Франција)
  • Противзаконски е да се продава кукла со лице кое не личи на човековото (Франција)
  • Не е дозволено да се умре во Бритнаскиот парламент бидејќи по правило мртвиот ќемора да биде закопам таму (Англија)
  • На бремена жена и е дозволено да се олесни себеси каде ќе стигне, па дури и во капата на полицаецот (Англија)
  • Во Милан законска обврска е човек да се смее цело време, освен кога е на погреб или на посета во болница (Италија)
 
По сушалната следува:


[*]Пред да ја запалиш колата, мора да свирнеш со сирената за да провериш дали работи (Данска)


Ејјјјј ова ако се донесе тука како закон од градов панаѓур звуци ќе искачаат xD A и тоа за јадење чоколадо во јавен превоз е чкакливо, ќе одам у затвор уште првиот ден :pos:
 
По сушалната следува:


Што може да очекуваме во иднина:

[*]Легално е да се пуши марихуана, да се купува или во секое време да се поседуваат највеќе 5 грама со себе (Холандија)
[*]Проституцијата е легална, а проститутките подлежат на такса како и секој бизнисмен (Холандија)
[/LIST]
Ееееј овие закони се закон :music3::music3:
 
Ејјјјј ова ако се донесе тука како закон од градов панаѓур звуци ќе искачаат xD

А воедно и комшиите ќе имаат доволно време да дотрчаат да видат дека излегуваш со колата некаде :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom