Јас мислам дека од некултурни и невоспитани луѓе дојде до тоа да се носи закон со кој ќе ги казнуваат тие што дома не ги научиле основните работи за заедничко живеење.
Јас стварно не знам што има лошо во тоа да пазиш дали твојата саксија од 10 спрат е добро наместена, и да пазиш дали ќе падне и ќе убие некој доле. Нема ништо лошо во тоа да не им тресеш на глава ронки на народот, оти така тебе ти текнало, а јас на работа ќе одам со манџа на главата.
Ако сите поаѓаме од тоа да не им го правиме на луѓето она што не сакаме да ни го прават, тогаш додека сите одмараат, попладне и среде ноќ, нема да пуштаме музика. Или па нечие куче да лае цел ден и цел ноќ. Знам како е да се чува куче, и како треба да се воспита. И дека мачката ја носиш на ветеринар кога и е перодот на парење, а не да слушаат сите како мајука до бесвест.
Јас сето ова дсега го применував, и ќе продолжам да го применувам. Овој закон им смета на оние другите, кои сакаат да прават како што им одговара, без да имаат обзири кон другите. Епа, нека им смета. Јас сум среќна вака.
А текстот дали бил литературно напишан или не, ич не ми е гајле, се додека сум заштитена од идиоти станари комшии, кои галамат цели ноќи, кои шаркаат по ѕидовите, кои ми тресат на главата ронки и чии мачки се парат по 7 пати годишно.