Нема повеќе сушење долен веш на балкон

  • Креатор на темата Креатор на темата krkac
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
На лоџиите и балконите се забранува држење на работи кои го нагрдуваат изгледот на зградата, како и држење на необезбедени саксии со цвеке и други предмети кои со пагање може да повредат, оштетат или го испрљаат минувачот или ауто под нив- стои во член 9 од општите одредби објавени на сајтот на Минстерството за транспорт и врски, без притоа да се поведе сметка дека добар де од зборовите се напишани на дијалект

susenje350.JPG

Нема веќе простирање алишта на балкон. Новиот Закон за домување кој стапи на сила забранува панталони, гаќи, маици да висат на жица на балкон. Домакинките ќе мора да најдат начин како да ги исушат испраните работи, без притоа да го прекршат новиот Закон. Мора да се внимава и какви цвеќиња и саксии се поставуваат на балконите и прозорите. Тие не смеат да го нарушуваат изгледот на зградата.

- Не се дозволува сушење на алишта на отворени делови на зградата (прозори, балкони и лоџии) кои се видливи од страна на улицата или друга јавна површина. На лоџиите и балконите се забранува држење на работи кои го нагрдуваат изгледот на зградата, како и држење на необезбедени саксии со цвеке и други предмети кои со пагање може да повредат, оштетат или го испрљаат минувачот или ауто под нив- стои во член 9 од Општите одредби објавени на сајтот на Минстерството за транспорт и врски, без притоа да се поведе сметка дека добар де од зборовите се напишани на дијалект.

Понатаму, интересен е и член 14 кој гласи: - При користење на станот и заеднишките простории во зградата забрането е со викање, бука, скокање, играње со топка и слични постапки да се вознемируваат другите станари во мирно користење на станот. Користење на разни машини и уреди, музички апарати, радио и телевизиски приоемник, како и свирење и пеење во станот, односно зградата не е дозволено во време од 13.00 до 17.00 часот и од 22.00 до 5.00 часот. Се забранува тресење на теписи, постелнина и други работи од прозори, балкони и лоџии.
Со новите правила се забранува и фрлање или оставање на отпадоци, губре и нечистотија на скалите или други заеднички простории, пушење во лифт, на “степениште“ и ходник.
- Забрането е да се прљаат или на било кој нашин да се оштетуваат зидовите, вратите, прозорите иуредите и другите делови на зградата- стои вака напишано на официјалниот сајт на Транспорт.
Регулиран е и начинот на чување куче, мачка и други животни. Сопствениците треба да внимаваат кучињата да не лаат, мачките да не мјаукаат за да се зачува мирот и тишината во зградата.

Ова се само дел од одредбите од Куќниот ред објавени на сајтот на Министерството за транспорт и врски. Делови од текстот се цитати извадени од документот објавен на официјалната страница.

Извор
 
И сега? Ке ги бесам над шпорет дури се готви нешто за да им иде вруќо да се исушат побргу х)
 
Абе у европа ли ке одиме ке се заебаваме ли.Сега ке треба сушални во секоја зграда,па и за тоа ке опнат лиценци да се вадат и-тоа ти е чиста пара
 
Ова во Европа одамна функционира, сакавме во ЕУ, еве ни :icon_lol:
 
Добро е што на време се преселив во куќа. Во мојот двор може да си правам што сакам :P~
 
да сме во ЕУ влезени ај би сфатил, ама вака :nesvest:
уствари што се замарам јас си имам куќа
 
Ова во Европа одамна функционира, сакавме во ЕУ, еве ни :icon_lol:

yeap и тоа совршено функционира дури и во градови како Будимпешта, но кај нас мора да помине со глупави новинарски текстови цела приказна во спротивно не е интересно.
 
Фала Богу, редно е да се среди и водата која капе од климатизерите, низ Центар ако одиш пешки добиваш гратис туш :icon_lol:
 
Ах не, тоа мора да го остават како што е, инаку како ќе се изнапцујам во летни денови на топлинава :)
 
Во куќа живеам ако сакам и гол ќе излезам на тераса :baeh::baeh::baeh::baeh::baeh::baeh:.
А и да беше зграда многу многу не ми менува нека му ја мислат тие што перат и сушат на тераса :icon_lol:.
Мамо мамо дојде марица со 12 цајкани ќе те апсат оти кршиш закон :icon_lol:.
Ееееееј имам одличен предлог тие што живеат во зграда сушењето алишта бидејќи е незаконско да го однесат кај законодавецот таму да се сушат :icon_lol:.
 
На лоџиите и балконите се забранува држење на работи кои го нагрдуваат изгледот на зградата, како и држење на необезбедени саксии со цвеке и други предмети кои со пагање може да повредат, оштетат или го испрљаат минувачот или ауто под нив- стои во член 9 од општите одредби објавени на сајтот на Минстерството за транспорт и врски, без притоа да се поведе сметка дека добар де од зборовите се напишани на дијалект

Прегледај го приврзокот 34247

Нема веќе простирање алишта на балкон. Новиот Закон за домување кој стапи на сила забранува панталони, гаќи, маици да висат на жица на балкон. Домакинките ќе мора да најдат начин како да ги исушат испраните работи, без притоа да го прекршат новиот Закон. Мора да се внимава и какви цвеќиња и саксии се поставуваат на балконите и прозорите. Тие не смеат да го нарушуваат изгледот на зградата.

- Не се дозволува сушење на алишта на отворени делови на зградата (прозори, балкони и лоџии) кои се видливи од страна на улицата или друга јавна површина. На лоџиите и балконите се забранува држење на работи кои го нагрдуваат изгледот на зградата, како и држење на необезбедени саксии со цвеке и други предмети кои со пагање може да повредат, оштетат или го испрљаат минувачот или ауто под нив- стои во член 9 од Општите одредби објавени на сајтот на Минстерството за транспорт и врски, без притоа да се поведе сметка дека добар де од зборовите се напишани на дијалект.

Понатаму, интересен е и член 14 кој гласи: - При користење на станот и заеднишките простории во зградата забрането е со викање, бука, скокање, играње со топка и слични постапки да се вознемируваат другите станари во мирно користење на станот. Користење на разни машини и уреди, музички апарати, радио и телевизиски приоемник, како и свирење и пеење во станот, односно зградата не е дозволено во време од 13.00 до 17.00 часот и од 22.00 до 5.00 часот. Се забранува тресење на теписи, постелнина и други работи од прозори, балкони и лоџии.
Со новите правила се забранува и фрлање или оставање на отпадоци, губре и нечистотија на скалите или други заеднички простории, пушење во лифт, на “степениште“ и ходник.
- Забрането е да се прљаат или на било кој нашин да се оштетуваат зидовите, вратите, прозорите иуредите и другите делови на зградата- стои вака напишано на официјалниот сајт на Транспорт.
Регулиран е и начинот на чување куче, мачка и други животни. Сопствениците треба да внимаваат кучињата да не лаат, мачките да не мјаукаат за да се зачува мирот и тишината во зградата.

Ова се само дел од одредбите од Куќниот ред објавени на сајтот на Министерството за транспорт и врски. Делови од текстот се цитати извадени од документот објавен на официјалната страница.

Извор

Јас мислам дека од некултурни и невоспитани луѓе дојде до тоа да се носи закон со кој ќе ги казнуваат тие што дома не ги научиле основните работи за заедничко живеење.
Јас стварно не знам што има лошо во тоа да пазиш дали твојата саксија од 10 спрат е добро наместена, и да пазиш дали ќе падне и ќе убие некој доле. Нема ништо лошо во тоа да не им тресеш на глава ронки на народот, оти така тебе ти текнало, а јас на работа ќе одам со манџа на главата.
Ако сите поаѓаме од тоа да не им го правиме на луѓето она што не сакаме да ни го прават, тогаш додека сите одмараат, попладне и среде ноќ, нема да пуштаме музика. Или па нечие куче да лае цел ден и цел ноќ. Знам како е да се чува куче, и како треба да се воспита. И дека мачката ја носиш на ветеринар кога и е перодот на парење, а не да слушаат сите како мајука до бесвест.
Јас сето ова дсега го применував, и ќе продолжам да го применувам. Овој закон им смета на оние другите, кои сакаат да прават како што им одговара, без да имаат обзири кон другите. Епа, нека им смета. Јас сум среќна вака.
А текстот дали бил литературно напишан или не, ич не ми е гајле, се додека сум заштитена од идиоти станари комшии, кои галамат цели ноќи, кои шаркаат по ѕидовите, кои ми тресат на главата ронки и чии мачки се парат по 7 пати годишно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom