Сува вода (револуционерно откритие)

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Фразите од типот на "Сува крпа на дно на море" кои се користат на шега би можеле да изгубат од саркастичното значење. Колку и да звучи контрадикторно како поим, научниците успеаа да создадат сува вода.

Се работи за соединение која личи на шеќер во прав, а би можело да претставува револуција во начинот на користење на хемикалиите. Според научниците од Универзитетот во Ливерпул кои ја создале сувата вода, секоја честичка содржи капка вода обвиена во слој песоклив силициум, а 95% од сувата вода е всушност "влажна вода". Хеј, и нас ни звучи малку шашаво, но ние не сме научници.

"Не постои ништо слично на ова, па се надеваме дека во иднина ќе можеме да видиме бранови од сува вода", изјави научникот Бен Картер за Дејли Телеграф. Според него, сувата вода може да служи како катализатор за забрзување на реакциите помеѓу водородот и малеинската киселина, што резултира со создавање на сукцинска киселина која е клучна суровина во создавањето на лекови, а е честа состојка и на прехрамбените додатоци и останатите потрошувачки производи.

Научниците исто така веруваат и дека наскоро ќе бидат во можност да прават мешавини од две или повеќе неспоиви соединенија, како на пример нафтата и водата, со што транспортот и складирањето на потенцијално опасните материи би биле побезбедни.

Кајгана
 
А оваа сувата вода може да премина во "влажна"?
Ако е така тогаш ќе имаме навистина голема корист, особено при транспорт и сл.
 
Се работи за соединение која личи на шеќер во прав

А што доколку земеш од ова соединениево и ставиш во обична вода (џоа цедевита) ,количеството на вода ќе се зголеми или ќе остане исто ? Прост и едноставен експеримент најверојатно го пробале ,нема информации колкаво количество е најдено од соединениево ?
 
Како што јас сфатив... ова е вода заробена во зрна силикон... што значи со дробење т.е толчење ќе стане течна, тоа што пронашле е всушност начин минијатурна капка вода да ја стават во уште поминијатурно пакување :)
 
"Всушност секоја честичка сува вода содржи водена капка со песочно покритие од силициум двооксид. Научниците веруваат дека сувата вода може да се искористи во борбата против глобалното затоплување и штетните гасови " Последново не го разбирам посебно делот со глобалното затоплување ,како е тоа изводливо како може сувата вода да помогне во глобалното затоплување ? Да не бидам досаден со прашањава ,но ме интересира.

Извор
 
А што доколку земеш од ова соединениево и ставиш во обична вода (џоа цедевита) ,количеството на вода ќе се зголеми или ќе остане исто ? Прост и едноставен експеримент најверојатно го пробале ,нема информации колкаво количество е најдено од соединениево ?
Кога ке го ставиш во вода количеството на вода си останува исто,ова тие архимедов закон пошто секое тело потопено во вода истиснува еднакво количество на течност еднаков на неговиот волумен тоестставаш две лажици '' сува вода'' која не е ни најмалку сува само е флаширана во микроскоски келии притоа келиите се растопуваат и добиваш зголемување на нивото на чашата за две лажички колку што си ставил,тоест ослободената вода се меша со останатата вода,а прашокот иде на дно значи не добиваш поголемо количество на вода не е компримирана во зрнцата.
АХ таа Биљана ништо не ве научила ц ц ц ц ц ц ц ц ц ц

--- надополнето ---

А оваа сувата вода може да премина во "влажна"?
Ако е така тогаш ќе имаме навистина голема корист, особено при транспорт и сл.
Негледам никаква корист од транспортирање на нака наречената сува вода не само што ке биде потешка за транспорт туку ке биде и поизложена на хемиски и физички влијаниа, и полесно ке собира прљавштини, иначе цистерните си се далеку подобри за транспортирање отколку ова
 
Кога ке го ставиш во вода количеството на вода си останува исто,ова тие архимедов закон пошто секое тело потопено во вода истиснува еднакво количество на течност еднаков на неговиот волумен тоестставаш две лажици '' сува вода'' која не е ни најмалку сува само е флаширана во микроскоски келии притоа келиите се растопуваат и добиваш зголемување на нивото на чашата за две лажички колку што си ставил,тоест ослободената вода се меша со останатата вода,а прашокот иде на дно значи не добиваш поголемо количество на вода не е компримирана во зрнцата.
АХ таа Биљана ништо не ве научила ц ц ц ц ц ц ц ц ц ц


Мило ми е што те научила Биљана и немаше потреба од сарказам. И би требало нивото на водата повеќе да се зголеми (од вообичаеното ставања на некој си друг прав во чаша) бидејќи како што викаш водата е заробена во келии.
 
заробена но не под притисок тоест колку си стаил толку ке се покачи нивото,не е компримирана водата во келиите па да има поголем волумен колку е толкуе тоа тие
ПС мене Боро ми предаваше но тоа одамна беше :) стварно овие новиве даскали не ве учат ништо :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom