Трева (дворска-парковска)

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Ми препорачуваат Тиволи(словенечка) трева.
Дали има некој искуство со неа?
Јас почнувам перидов со некои корекции во дворот, имам нешто повеќе од 1300м2 само тревна површина од која во едниот дел 200м2 е под доста дебела сенка поради израснатите дрва кои се во тој дел и не овозможуваат доволна светлина преку целиот ден. Кога ја спомна Тиволи како тревна смеса јас исто сакам да ја пробам чисто да видам дали ќе има некој ефект. Инаку јас мојот двор го имам заседоно токму со семе од Семенара Љубљана и можам да кажам дека се навистина добри.
 
Јас на крај фрлив Barenbrug Dry&Strong. Поефтина ми се фана, а и демек холандска па ќе видиме што ќе излезе! За воља на вистината и времево не е најидеално, ама чекав повеќе од месец дена да се погоди и на крај морав да сеам...
Ќе пишам апдејт што и како излегло.
 
па зашто не земеш за во сенка или комбинирана?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Незнам што треба купив пред 5 -6 год ,ОД Бриколаж, Ја садев под ораси коплетно 100% под сенка,, Спрема тоа земав семе за под сенка, Тревата е одлична зелена топ, иако скоро воопшто не ја фаќа сонце.
 
За да ви биде тревникот убав и зелен ќе треба да почекате неколку години најмалку 3 години.Еднодтсвно на тревата и треба време да се згусне,прочисти од корови и слично ѓубре.Нормално да се наводнува редовно,добра дренажа и редовно ѓубрење (пролет-есен)
 
Доста зборите у шифри и признајте си за каква всушност трева овде разменувате информации за одгледување.
 
Јас на крај фрлив Barenbrug Dry&Strong. Поефтина ми се фана, а и демек холандска па ќе видиме што ќе излезе! За воља на вистината и времево не е најидеално, ама чекав повеќе од месец дена да се погоди и на крај морав да сеам...
Ќе пишам апдејт што и како излегло.
Апдејт или рано е?
Некој да препорача трева и колку да се фрла на м2?
 
Апдејт или рано е?
Некој да препорача трева и колку да се фрла на м2?
Прекрасна трева! Како ќилим стана за еден месец! За жал нешто прави проблем неможам да прикачам слика.
Баш сега завршив со косење.
Топло го препорачувам овој вид, со мало предупредување дека ако мислиш да сееш сега е веќе прекасно! Подобро на есен.
И уште една препорака: една недела макс две пред сеењето испркај хербицид и фрезирај непосредно пред сеидбата! (Ја се заебав оти помина месец и пол од хербицидот и месец дена од фрезирањето, па заедно со дворската ми никна и бааѓи дива трева).
Инаку со кило семе на 15-20м2 одлично густо изникна.
Позз
 
За дива трева побарај во земјоделска да ти дадат средство за уништување широколисна трева.
Не е средство за она тотално уништување на трева по двор,
туку за уништување на дива трева што и пречи на оваа што си ја посеал, објасни убаво што бараш.
Ако напрскаш со погрешното средство, ќе ја уништиш тотално.;)
Си пишува на шишето дека се сипува едно капаче во 10 л вода и со пумпа напрскаш претпладне(само на сува трева, кога ќе се просуши од роса), па навечер наводнувај ја тревата.
 
Да, имам слушнато за селективни хербициди. Меѓутоа не се одлучувам за тоа бидејќи покрај тревата се се цвеќиња, а има и елки, грмушки...
Многу ризик ми е тоа!
А и вака свежо косена воопшто не се приметува. Тек кога ќе пркне по недела дена ќе почнат да штрчат листови од други треви.
 
Прекрасна трева! Како ќилим стана за еден месец! За жал нешто прави проблем неможам да прикачам слика.
Баш сега завршив со косење.
Топло го препорачувам овој вид, со мало предупредување дека ако мислиш да сееш сега е веќе прекасно! Подобро на есен.
И уште една препорака: една недела макс две пред сеењето испркај хербицид и фрезирај непосредно пред сеидбата! (Ја се заебав оти помина месец и пол од хербицидот и месец дена од фрезирањето, па заедно со дворската ми никна и бааѓи дива трева).
Инаку со кило семе на 15-20м2 одлично густо изникна.
Позз
Може да ми кажеш од каде ја зема? И дај прикачи некоја слика на некои сајт :)
 
Може да ми кажеш од каде ја зема? И дај прикачи некоја слика на некои сајт :)
Сега гледам, немам некоја поубава слика на телефонов... утре еве обеќавам ќе сликам и закачам слика!
Инаку ја земав од Агрохемија по 320ден/кило. (Во малопродажба и по 380 мислам ја продаваат)
П.С. и да те предупредам дека миксот е 80% tall fescue! Тоа е трава која не поднесува ниско косење! Така да си знаеш и планираш дека тревникот ќе треба да го држиш 7-8цм, а повеќето косилки не одат повисоко од 55мм! Па или тример или поскапа косилка ќе треба да зимаш...
 
Последно уредено:
Одлично изгледа ама висината не знам дали е океј, не планирам да вложувам мн зашто се работи за мала квадратура. Има од тој производител со пониско косење?
Се разбира дека има. Проблемот е само дали кај нас носат? (Зафркната работа била увозот на семиња и семенски материјал).
Во главном пред да посеам, гуглав и се распрашував интензивно.
Да сумирам, бидејќи сите семиња во основа се мешавина од два или повеќе видови... треба да пазиш и на тоа кој вид какви ботанички карактеристики има!
Еве ќе се обидам да ти прераскажам што дознав:

1.Lolium Parene:Најчест вид што ќе сретнеш кај нас, познат уште и по називот "англиска трева". Од добри страни: Климата му одговара, добро поднесува секакви почви и посебно е отпорен на газење!(затоа и по фудбалски терени го садат). Можеш да го косиш како сакаш.
Од лоши страни: бара (средно)одржување(редовно наводнување и ѓубрење), знае да пожолти на високи температури, и од блиску секое коренче е посебна туфка па изгледа убаво само во густ и здрав тревник.

2.Festuca arondinacea(tall fescue) е видот што јас го земав. Од добри страни: има длабок корен и соодветно на тоа еден од најотпорните видови на суша! Одлично поднесува јако сонце и ниски температури што значи травњакот е зелен поголемиот дел од годината. Не бара посебно одржување.
Лоши страни: листовите на тревките се малку пошироки и рапави од долна страна(една од покрутите трави). И треба висина за да биде здрава. За газење ја оценуваат како medium(што значи океј е ако не играш фудбал на неа).

3.Poa Pratensis(Blue grass). Најскапата од сите!
Од добри страни: има најфини листови, најдлабока зелена боја, одлично поднесува газење, косење, и може да се коси во stripes. Премиум трева за спортски терени!
Од лошите страни: Најзахтевна за одржавање од сите!!!
Преферира поладна клима и плодна почва.

4.Festuca rubra rubra(red fescue) и Festuca rubra commutata(chewing fescue), заедно со сите нивни подвидови! Како што кажува самото име, доаѓаат од фамилијата Festuca што ги прави отпорни на суша и незахтевни за одржување, но и сакаат висина(на листовите) за да виреат добро. Растат на секаква почва.
Овие треви одлично поднесуваат сенка па затоа и ги ставаат во миксови за шарена сенка. Имаат фини листови со светло зелена боја, и не се посебно отпорни на газење.

5.Agrostis(bentgrass, creeping bent, common bent...)итн. Еден тон видови во оваа фамилија! Генерално трева за голф терени.
Што значи фина текстура и ниско <5мм косење. Не сум навлегол подетално за нив.

Ова се битните видови кои ќе ги сретнеш во тревните смеси во различен сооднос. Скоро секогаш еден вид е доминантен, а другите видови се еден вид припомош. На пример кај dry&strong има 10% poa pratensis која брзо рти и има улога да ја стабилизира почвата додека фестуката из'рти и ојача.
Ова е само генерално објаснување колку за ориентација! Инаку цела наука е тревата :D
П.С. ќе заборавев... Семенарна Љубљана не земав оти не кажуваат јасно(кријат!!!) кој видови и во кој сооднос ги содржи!!! Такви цигански финти, не фала! ...значи не ми беше за парите, туку нејќам да ме прават глуп со маркетинг, а да не напишат нигде што всушност продаваат!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom