Пронаоѓачи убиени од своите пронајдоци

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Во потрагата по поголемо знаење, секогаш има ризик по животот или здравјето. Луѓето од оваа листа го превзеле тој ризик, и умреле- но не без да направат напредок за целото човештво. Ова е кратка листа на дел големи пронаоѓачи за чија што смрт причина биле нивните пронајдоци.

Хенри Винстенли
бил славен англиски архитект на светиници и инженерот кој што го конструирал првиот едистонски светилник. Винстенли сакал да ја испита цврстината на неговиот светилник, и побарал да престојува во него за време на бура. Светилникот се срушил, убивајќи го него и уште петмин луѓе.

Александар Богданов
бил познат руски физичар, филозоф, економист, писател и револуционер. Еден од многуте негови експерименти во себе ја вклучувал замислата за можно подмладување преку трансфузија на крв. Откако претходно тој им дал трансфузии на многу видни луѓе, вклучувајќи ја и сестрата на Ленин, Богданов решил самиот на себе да си даде трансфузија со крвта на еден од неговите пациенти кој што се испоставило дека страда од маларија и туберкулоза. Починал од инфекција по кратко време.

Франц Рајтхел бил австриски шивач кој што станал познат по тоа создал чуден падобран-наметка, кој што според него можел полека да го спушти на земја тој кој што го носел, па дури можело и да се лета со него. Тој го спровел својот експеримент од првиот кат на Ајфеловата кула, и пред очите на камерите и набљудувачите паднал право на земјата од висина од шеесет метри. Починал на самото место.


Ото Лилиентхал бил пионер во авијацијата кој што станал познат како „кралот на едрилиците."Тој бил првиот човек кој што извршил успешни неколку успешни летови со едрилица. Весниците и списанијата во многу земји објавиле фотографиии од Лилиентхал како лебди во воздухот, инспирирајќи ја научната јавност за можноста од летечките машини да станат реалност по векови голо фантазирање и ненаучно нагаѓање. При еден лет на 9. Август 1896, Лилиентал паднал од 17 метри височина при што си го скрпил 'рбетот. Починал следниот ден. Неговите последни зборови биле: „Мора да се направат мали жртви."



Томас Миџли бил американски хемичар кој што ги пронашол оловниот бензин и фреонот. Иако воспеван во негово време, тој станал познат и како „човекот кој што извршил негативно влијание врз атмосферата како никое друго суштество на планетата " и „ тој човек кој што е одговорен за толку многу смртни случаи, како ниеден друг во историјата" поради неговите пронајдоци. На крајот заболел од детска парализа и труење со олово, и останал врзан за својот кревет. Поради тоа тој разработил систем на раки и јажиња со помош на кои сакал да се подигне од креветот. Умрел на 55 години како последица на задавување од неговиот последен пронајдок, па така и двата негови пронајдоци биле причина за неговата смрт.

Марија Кири била натурализирана французинка со полско потекло, познат физичар и хемичар, која што е позната по откривањето на нови елементи, меѓу кои радиумот и полониумот, како и теоријата за радиоактивноста и изолацијата на радиоактивните изотопи. Добитничка е на Нобеловата награда во 1903, заедно со нејзиниот сопруг Пјер Кири. Починала на 4. Јули 1934, од апластична анемија, речиси сигурно предизвикана од изложеноста на радијација. Штетните ефекти на јонизирачката радијациа тогаш не биле познати, и таа работела бес никакви предострожни мерки. Носела епрувети со радиоактивни изотопи во нејзиниот џеб, и ги чувала во фиоките на нејзината работна маса, и се воодушевувала на убавата сино-зелена светлина која што материите ја испуштале во темнината.




 
Вилијам Булок (1813 - 1867) е Американски иноватор кој во 1863 година ја патентирал првата ротирачка печатарска преса. Четири години подоцна Булок го заглавил своето стапало при инсталирањето на истата машина во Филаделфија. Од скршеницата на стапалото се развила гангрена и при ампутацијата Булок го загубил својот живот...

Томас Ендрус (1873 - 1912) е Американски бизнисмен и бродоградител. Во 1907 година ја добил работата во White Star Line за изградба на брод, а веќе во 1909 година заедно со Вилијам Пир ја започнал конструкцијата на RMS Olympic и на сестринскиот брод .... RMS Titanic. За Титаник тој вели дека е „речеси совршен колку што човековиот ум може да си замисли“, но на 14 април 1912 Титаник удира во санта мраз на своето прво патување од Саутемтон (Англија) до Њујорк (САД) и потонува во Атланскиот океан. Во големата трагедија, помеѓу 1.517 загинати, е и самиот Ендрус...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom