Може ли некој да ми каже како требе да се осеќам и кога да знам дека ми е доста доза од есциталопрам психијатарот ми рече да земам по 5 мг и после ми речи ако се осеќаш напнат покачи на 10 јас имав проблем со стомакот како подуен го осеќав и како да ме гуше и сега кога земам 10 мг ми е многу подобро но при крајот на дента пак така како да исчезнува дејството или од кога ке спортувам нешто како да се враќам на момент во лошата фаза или пак да одспијам преку ден пак кога ке станам пак се осеќам некако чудно
Јас сум на Есциталопрам веќе втора недела. Првата бев на 5mg, сега сум на 10 по препорака на психијатарот. Кај мене планот уствари беше да почнам со 5 првата недела, а после со 10 да продолжам.
Не знам како ти е тебе, ама јас кога го земав првото од 5 не можев да спијам цела ноќ, немав некои други сајд ефекти освен тоа.
Амааа, кога го земав првото од десет се пореметив, значи по земјата се влечев цел ден, готова бев да фатам да се убијам.
Сега ми е малце подобро после 3-4 од 10 милиграми еве. Само единствен проблем ми остана таа дисторзијата шо ја имам додека спијам, некако лесно ми се крши сонот и во голем дел од времето спијам, ама како да сум будна, баш цело време како да сум во состојба на запаѓање на сон и никако да заспијам.
И тоа почнува по малку да се контролира.
Генерално мене, како тебе шо ти е навечер, јас насабајле од кога ќе го испијам апчето почнувам да се осеќам малку low, и некаде на пладне сум веќе без душа, ама навечер се осеќам океј, порано не можев да се смирам вечерно време. Ама барем некако чувствувам дека полека, полека си ја враќам концентрацијата назад, оти не бива, се уништив.
Биди трпелив, дај им време, најчесто еден од сајд ефектите е баш да се осеќаш најлошо.
Инаку можам да се сложам со тоа дека се е до психата и буквално мајнд сетот, џабе е се без тоа.
Ама јас дојдов до стадиум каде што не ни можам да се фокусирам на една работа од толкава нерационална паника. Сфатете си ги лековите само како прилика да си го откриете побрзо мирот во главата, се друго е напор, напор, напор и трпение. Инаку ништо не сме направиле.
