- Член од
- 1 декември 2015
- Мислења
- 6
- Поени од реакции
- 3
Ќе пишују сг малко на македонски за боље разбирање. Мислам дека трајно решение без разговор сам со себе и расчистување на некои работи нема. Психолог ќе ти помогне можеби, да, на некое време, но едноставно психата е нешто што се лекува само ако си поработиш сама со себе, не е воопшто лесно, но пробај да го најдеш проблемот таму каде што навистина лежи, погледни во себе. The hard way, јебига, ама тоа ти е најдобриот начин. Барај го изворот на тие мисли, не се откажувај, ќе ти треба време, можеби и многу време но верувај дека со упорност ќе има и резултати. Не бегај од мислите, соочи се со нив и немој да се чувствуваш одговорна пред никој друг освен себе, бидејќи најдобриот другар што го имаш си ти, самата на себе. Ти посакувам се најдобро.![]()
Пишуј си слободно на кумановски, мене ич не ми смета,скроз се разбрасмо

Има различни карактери со различни црти на личност и различни темпераменти, не може секој да реагира исто во слични или исти ситуации. На некого му е потребен некој да го води до зацртаната цел, некој може сам да се извлече од тоа. Ако ти сам си успеал, браво, јас веќе со години си патам од проблемот и најубаво сум се чувствувала кога сум одела на психолог, но како што споменав погоре сега не сум во можност. Знам дека не е лесно како што кажа ти и не бегам од мислите, сакам да знам од кај потекнуваат ама не доаѓам до одговор, само повеќе ме збунуваат. Работам на себе и не можам да кажам дека секој ден е толку многу лош, но вчера ми беше денот кога паниката ми кулминира па решив да споделам. Поздрав
