Силициумски чипови во мозокот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување

интересно а :)
не би рекол ... со секој таков чекор одиме кон роботизирање на човечката раса, за на крај да изгубиме се што е човечко во нас ...
 
Глупости. Никогаш не би дозволила да ми вметнат такво нешто без разлика колку паметна ќе ме направи. Можеби ќе бидам старомодна али јас си го сакам читањето книги и учењето на долгометарски лекции со цел да стигнам до некое знаење.
 
Нормално.Се што човештвото постигна до денес, сите научни откритија се постигнати благодарение на знаењето и учењето од книга.Пред x време луѓето немаа компјутери и интернет па сепак постигнуваа големи достигнувања во сите области.Се што науката денес постигна е благодарение на книгите.Зошто да го отфрлиме денес тоа и да почнеме да си ставаме апаратчиња во главата?Па не сме ние помалку интеелегнти од тие пред нас што биле.И ние сме способни да продолжиме да ја развиваме и науката без чипови во мозокот и со нашата природна интелегенција.
 
можеш да селектираш, да надополнуваш, да бришеш, можеш шо сакаш... инаку треба да има капацитет за да дозволи прибирање доста голем број на информации (не можеш да изброиш до толку)...
Информациите ќе бидат во мозокот, чипот само ќе биде забрзувач на примањето информации, дека потствеста може да обработи и до 16 милиони податоци во секунда, а свесниот помалку од 20 мислам беше. Па види си ти сега.:)
И да, мозокот има огромна меморија, само е добро испрограмиран, за да не дојде до хаос меѓу сите тие информации шо ги имаме.:)

интересно а :)
не би рекол ... со секој таков чекор одиме кон роботизирање на човечката раса, за на крај да изгубиме се што е човечко во нас ...
Кога ја видов темава одма ми текна на епизодата.
Е баш така ќе да биде изгледа. Шознам.:D
Глупости. Никогаш не би дозволила да ми вметнат такво нешто без разлика колку паметна ќе ме направи. Можеби ќе бидам старомодна али јас си го сакам читањето книги и учењето на долгометарски лекции со цел да стигнам до некое знаење.
Со тебе сме ПокерФејс. Демек ти не ги користиш благодетите на ... почнувајќи од телефонот, па завршувајќи до интернетот како најнова технологија сега.

И зошто овој златен подфорум со име „Наука“ го претворивте во подфорум „Етика“?
 
Со тебе сме ПокерФејс. Демек ти не ги користиш благодетите на ... почнувајќи од телефонот, па завршувајќи до интернетот како најнова технологија сега.

Оф леле. Ај ако не да не палам струја дома, да готвам на дрва надвор, со истите да се греам и да преживувам. Да го исфрлам и телевизорот од соба а? Што викаш?
Бог да чува. Во 21-ов век си заостанат ако немаш телефон,интернет и слична технологија. Не во мозокот туку во смисла на комуникацијата. Зошто да бидам нечиј робот кога можам тоа што тие ќе го научат без труд за неколку минути, јас да го научам со труд за неколку саати/денови? Компарацијата ти е ужасна.
 
Е па и во некое понапредно време ако немаш чип во мозокот ќе те сметаат за заостанат.
А зошто пак место да пишуваш е-маил на интернет не пишиш обично писмо? Зошто место телефон не користиш димни сигнали?
Зошто да се мачиш нешто да учиш 5 саати кога може за 5 минути?
 
Со тоа што ќе учиме се преку чипови никого нема да инспирира да напише некоја нова книга, да ни пренесе некоја нова мисла. Се што е создавано до сега е создавано со труд, со дремење над книгите со денови. Тоа што следува е роботизација. Јас не сакам да бидам робот. Што ќе ни се тогаш школиве, ај ако не ќе чекаме чипчињата да ни ги вградат и да бидеме исти. Да не се натпреваруваме со знаење, да немаме цел да бидеме се подобри и подобри.
 
И мене не ми се допаѓа идејата, но што ако сите луѓе почнат да ставаат чипови во мозокот!?
Имаше дури и едно предвидување од еден научник, дека со едно мало чипче во мозокот ќе може да комуницираме, разменуваме слики, чувства, мириси...
Од моментот кога нашите предци зеле камен и направиле копје се смениле засекогаш...
Се надевам дека тоа нема да се случи никогаш.
 
Има делови во нашиот мозок кои не работат ефикасно. Пример е системот за учење. Му треба премногу време и нема неограничен капацитет. Што ако го замениме со многу подобра и побрза електронска форма, како на пример микрочип? Податоците кои треба да ги научиме нема да минуваат низ мозочниот дел за учење, туку низ микрочипот, и ќе се складираат во делот за помнење, или пак во сосема друг електронски дел за помнење, со поголем капацитет.

Сето ова сега звучи како научна фантастика, но пред само 20 години сетете се какви видео игри игравте. Ова што денеска го играте, тогаш да ви го збореше некој, ќе мислевте дека треска зелени и фантазира, ќе рековте дека такви игри нема да се измислат ни за 200 години. Пример играта која се контролира директно со умот, не ми текнува како се викаше но нон-стоп јадат лајна за неа на дискавери.

Биоинформатиката напредува многу брзо, но единствено што ја кочи се етичките закони кои забрануваат експериментирање на живи луѓе. Да ги немаше тие закони, ќе бевме многу понапред денес. Немаше да има ментални болести, немаше да има фобии, немаше да има парализи и слични работи... Како човечки суштества сите ќе бевме супериорни, и повеќето болести поврзани директно со мозокот ќе беа нешто од минатото, а сите знаеме дека 90% од болестите се поврзани со мозокот, така да удрете му математика и видете зошто сме така назад.
 
Зошто да се мачиш нешто да учиш 5 саати кога може за 5 минути?

Зошто нештото мораш да го учиш 5 минути за да го знаеш, кога инстиктивно во моментот го знаеш тоа и си сигурен во вистинитоста. Тоа не се прави со мозок или со чип, илузија е дека чипот ќе те направи попаметен, туку ќе ја ограничи твојата брилијантност на инвадилизирана глупавост која како инвалидска количка го користи чипот, па со помош на нејзе да се движиш кон знаење на нештата, а не да го користиш природниот пат односно нозете како симбол спротивен на инвалидската количка.

--- надополнето ---

Има делови во нашиот мозок кои не работат ефикасно. Пример е системот за учење. Му треба премногу време и нема неограничен капацитет.
Не заебавај нема неограничен капацитет, колку глупости знам и уште збира крај нема капацитетот.

Да се поправам ако мислиш дека размислуваш со мозокот нормално дека ограничено размислуваш, затоа што мозокот е ограничено нешто се знае каде почнува каде завршува. Но ако мислиш со планетите галаксиите свемирот и универзумите тогаш капацитетот е неограничен, бесконечна свесност затоа што не се знае каде е почетокот а каде крајот. Се е прашање на мислење и точка на набљудување.

--- надополнето ---

И се доаѓа до заклучок дека ти треба чип за надоградување на тој мозок, а нема потреба од тоа само смени го мислењето дека си бесконечна свесност и оп генијалност.
 
Зошто нештото мораш да го учиш 5 минути за да го знаеш, кога инстиктивно во моментот го знаеш тоа и си сигурен во вистинитоста. Тоа не се прави со мозок или со чип, илузија е дека чипот ќе те направи попаметен, туку ќе ја ограничи твојата брилијантност на инвадилизирана глупавост која како инвалидска количка го користи чипот, па со помош на нејзе да се движиш кон знаење на нештата, а не да го користиш природниот пат односно нозете како симбол спротивен на инвалидската количка.
Доколку учиш за да возиш автомобил тогаш тоа сигурно нема да го направиш со чипови.
Додека ако ти треба теоретско знаење кое ретко би го употребувал и тоа во голема количина, тогаш чипот е добро решение.
 
Незнаев дека има толку ентузијасти и волонтери за биороботи.
Честитки, би биле прекрасни марионети.
 
Ма и у гз да ни стават чип исти курац ќе бидеме.Одма тоа армијата на САД ќе одкупи да направи програмирани убијци.Нашиве политичари ќе учат како подобро да опљачкаат некоја фирма и други срања.Додека стигне тоа за општа употреба до нас обичните смртници ќе отиде све у п.м.
 
Во потрагата по нова технологоја тим научници од институтот Фраунхофер“ уште пред неколку години измислиле нешто спелтакуларно. Станува збор за интерфејс кој ги спојува компјутерот и човечкиот мозок. Се обидовме да ги мериме и интерпретираме мозочните сигнали. Тоа не е читање на мислите, туку интерпретација на одредени дејствија. Кога се случува движење на левата и десната рака, има сигнал дека или движењето се случило или не се случило. Кога некој мисли на својата десна рака, курсорот се движи накај десно и обратно. Доколку не се мисли на нив курсорот мирува. Тоа е основното поставување на врската помеѓу компјутерот и мозокот на човекот, за што досега никој не размислувал. Јенихен вече гледа можни полиња каде може да се примени таквата технологија.
Една таква визија е на пример при операција, хирурзите би имале голема корист од ваквото поврзување на мозкот и компјутерот. Но овој научник сепак не може да замисли компјутерот да има целосна контрола врз сите процеси.

Извор www.biznis24.com.mk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom