Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.586
Едни од најпростите форми на живот, бактериите, не само што се осетливи на светлина, на допир и реагираат на вкус, туку имаат и сетило за мирис, откриваат микробиолозите.
Досега се сметаше дека способност да реагираат на мирис имаат само посложените форми на живот, познати како еукариоти. До најновиот заклучок дошол тим на истражувачи од Њукасл Универзитетот. Научниците утврдиле дека бактеријата има молекуларен “нос“ кој е способен да детектира хемикалии што испуштаат мирис, како што е амонијакот.
Веќе е откриено дека бактериите реагираат на светлина – што е аналогно на човековото сетило за вид, да ги променат гените што ги изразуваат – аналогно на човековото сетило за допир и да реагираат на хемикалии и токсини во нивното опкружување, преку директен контакт – вкус, а сега се покажа дека го можат тоа и преку воздух – мирис.
Истражувањето, предводено од д-р. Реиндерт Нијланд, открива дека бактериите можат да ги почувствуваат испарливите хемикалии во воздухот, како што е амонијакот, кој го произведуваат бактериите присутни во природата.
Микробиолозите увиделе дека бактериите одговараат на тој мирис преку создавање на биофилм или “лига“ – соединение на повеќе бактерии со цел колонизирање на некоја област во обид да го истераат секој потенцијален конкурент. Биофилмот е причина за инфекција на медицински имплантанти, како што се срцеви залистоци, вештачки колкови, па дури и имплантанти на гради.
“Ова е прв доказ за постоење на бактериски `нос` способен за распознавање на потенцијални соперници. Биофилмот е важен во медицината и фактот што клетките го формираат при изложеност на амонијак е важен за разбирање како се формираат биофилмовите и како тоа можеме да го искористиме во наша полза. Следниот чекор ќе биде идентификување на носот или вистинскиот сензор кој што ја чувствува миризбата,“ изјавил д-р. Нијланд.
Амонијакот е еден од наједноставните извори на азот, клучна состојка за раст на бактериите. Со користење на соперничките бактерии Bacillus subtilis и B.licheniformis, кои обично се наоѓаат во земјата, научниците откриле дека секоја продуцира биофилм како одговор на амонијакот во воздухот и дека реакцијата ослабнува со оддалечување на двете бактериски колонии.
“Сетилото за мирис е набљудувано кај многу суштества, но нашиот труд за прв пат покажува дека ова сетило постои и кај попростите бактерии. Од еволуциона гледна точка, ние веруваме дека ова можеби е првиот пример за тоа како живите суштества научиле да ги намирисуваат другите живи суштества. Инфекциите од бактерии убиваат милиони луѓе секоја година и разоткривањето на начинот на кој што непријателските бактерии за човекот комуницираат меѓусебно е важен чекор кон победа во оваа војна,“ изјавил професор Грант Бургис, член на истражувачкиот тим.
извор