Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Локација
Скопје
Македонски идол - талент шоу

„Македонски идол“, реално талент шоу базирано на популарното британско шоу "Pop Idol" во сопственост на компанијата FremantleMedia.

Реализирано е во околу 100 сезони, под различни имиња, во над 40 држави. Шоуто бележи голем успех дури и во земји со многу конзервативни култури.

Идејниот концепт за овој ТВ формат е од 1998 година и му припаѓа на музичкиот импресарио Сајмон Фулер.

Дебито на "Pop Idol" е на 5. октомври 2001 година, во британската телевизија ITV1 и постигнува голем успех.

Постојат многу копии на "Pop Idol", но до сега ниту една не го постигнала успехот на "Pop Idol". Меѓу најпознатите учесници во историјата на "Pop Idol" се Kelly Clarkson, Jennifer Hudson, Adam Lambert…

Пријавување за Македонски идол на мејл: mkidol@a1.com.mk

Извор: www.a1.com.mk/emisii/emisija.asp?ID=60

Ова го пишува на страната на А1. Ништо конкретно, некој датум барем да ставеле, само некаков историјат за шоуто пишале.

Има ли некој некоја информација повеке во врска со ова шоу?

За оваа сезона добро е тоа што ке биде македонска продукцијата а не како претходната година, бугарска.
 
Подршка за настанов. Голем број од луѓето што победуваат на ова шоу, или се во финалистите стануваат успешни пејачи. Нормално, има исклучоци, како нашата Ноне на пример, ама затоа пак овие 3цата што беа на ланскиот идол беа далеку подобри и поталентирани.
 
Признавам само ако биде Маја Оџаклиевска во жири.
А насетувам дека ќе биде кремастичниот Зоран В.
Уствари шо ми е гајле мене :icon_lol: Ако го прават да го прават на ниво.
 
Како не, ќе биде добро. Ќе има многу "таленти", многу шмизли и кремци, лигави песни, жирито ќе глуми лудило, а на квалитетот ќе има забрана за приближување во радиус од 500m.
 
А1? Ај кој се клади со мене дека во жири ќе биде некој од овие - Каролина Гочева, Зоки Человски, Драган Вучиќ или Дарко Димитров.
 
Во секој случај чекор понапред е тоа што сами го организираме. Доста више се шлепавме покрај Бугарите, Србите и останатите....
 
Јас типувам на тоа дека Григор Копров ќе биде еден од жирито, пошто он беше 4тиот судија лани кога се бираше идол од Скопје.
 
oh no ... :nesvest: another freak show
 
Да пеев убаво ќе се пријавев :)
 
А1? Ај кој се клади со мене дека во жири ќе биде некој од овие - Каролина Гочева, Зоки Человски, Драган Вучиќ или Дарко Димитров.

Нормално дека ќе биде Вучиќ без таков идиот ова шоу нема шанси да помине. Кој ќе го трпи кога ќе були по младите момиња и ќе бара аплауз од публиката оти момињата биле "секси".

Се надевам дека ќе има доста забава и доста "таленти". Но и како другите реални шоуа во Македонија не верувам дека ова ќе помине без наместаљки.
 
Очекувам дека ова ќе биде нешто најидиотско дури поидиотско и од големиот брат.А врвот ќе биде достигнат ако за водител го стават Јофе,а во жирито Драган Вучиќ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom