ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 62
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Дејвид Бекам со Викторија во Скопје[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Англичаните ќе ги откупат сите 3.000 влезници од северната трибина по цена од 20 фунти. - За Бекам, како и пред три години, ќе биде резервиран претседателскиот апартман во "Александар палас"[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Најголемата англиска фудбалска sвезда Дејвид Бекам ќе допатува во Скопје на 6 септември, кога се игра квалификацискиот натпревар на нашата репрезентација со Англија, заедно со својата сопруга, популарната џетсетерка Викторија. Четиричлената делегација на Англиската фудбалска асоцијација (ФА), која заедно со луѓето од ФФМ изминативе два дена во македонската престолнина ги прецизираше поединостите околу престојот на англиската репрезентација, најави дека секој нивни репрезентативец ќе допатува фамилијарно во Македонија.
Како и пред три години, кога со Англичаните за првпат игравме на "Градски" во рамките на квалификациите за Европското првенство 2004, веќе се резервирани 75 соби за по две ноќевања во хотелот "Александар палас". Големиот број резервации е резултат на бројноста на англиската фудбалска експедиција. Освен 25-те репрезентативци, неа ја сочинуваат и седум тренери во стручниот штаб, пет доктори, пет физиотерапевти, пет економи и десет лица од обезбедувањето, а останатите се од раководството на Асоцијацијата. За Бекам, како и пред три години, ќе биде резервиран претседателскиот апартман. При разгледувањето на скопските хотели, англиската претходница особено го бендисала хотелот "Стоун бриџ", но поради неговиот скромен капацитет, тие се одлучиле таму да ги сместат само своите спонзори.
При преговорите во понеделникот, луѓето од македонската Федерација на своите колеги од Англија им понудиле 3.000 влезници, колку што е капацитетот на северната трибина на нашиот најголем фудбалски храм, по цена од 20 фунти. Дипломатски, Англичаните најавиле дека утре ќе одговорат на понудата, но речиси е сигурно дека ќе ја прифатат. На првото гостување во Скопје тие, исто така, ја откупија комплетната "северна", но тогаш по повисока цена од 25 евра.
Како што е најавено, на 5 и на 6 септември, кога се игра мечот, англиските навивачи во Македонија ќе допатуваат со 13 чартери. Бидејќи темпераментот на англиските навивачи е познат, луѓето од ФА најавиле дека во тие 3.000 навивачи нема да има хулигани, односно, пред се, тоа ќе бидат луѓе кои натпреварот ќе го следат со своите фамилии. Ако сето ова падне во вода, тогаш, според пропозициите на ФИФА и на УЕФА, на Англиската асоцијација ќе и бидат дадени седум отсто од капацитетот на "Градски", кој изнесува 18.000 места. Во тој случај, англките навивачи би биле сместени во кафез во страничниот дел на јужната трибина.
Делегацијата на ФА се интересирала и за сатницата на одигрување на средбата. Таа ќе зависи од застапникот на телевизиските права на нашата репрезентација, германската компанија "Спорт-5", која ќе им го понуди преносот на англиските телевизии. Токму во зависност од нивната желба ќе зависи кога натпреварот ќе започне. Од ФФМ се уверени дека тој ќе се одржи под рефлектори, во времето помеѓу 18 и 20 часот.
На 7 август, делегацијата на Англиската фудбалска асоцијација уште еднаш ќе допатува во Скопје, кога со претставниците на нашето Министерство за внатрешни работи (МВР) ќе разговара околу безбедносните мерки, што ќе се преземат пред, за време и по завршувањето на натпреварот. Т. Зографски
***
Англичаните бараат 80 акредитации
По правило, гостувањата на англиската фидбалска репрезентација ја следат и голем број англиски новинари. При вчерашниот разговор, луѓето од ФА побарале 80 акредитации за своите новинари. Како илустрација, капацитетот на новинарската ложа, лоцирана на јужната трибина на "Градски", е 116 места. Се очекува интерес и од новинарите од соседните земји, па, како и пред три години, најверојатно, ложата ќе се проширува, Исто така, Англичаните побарале и 200 ВИП-акредитации за своите гости. [/FONT]