T
Tetro
Гостин
Монтирање на фотографии за политички и естетски цели постоело и пред 150 години, објаснува дигитален форензичар, кој со помош на технологијата ги лови манипулаторите.
Портрет на Абрахам Линколн од пред век и половина, на кој главата на 16-от американски претседател е монтирана врз тело од друг човек е еден од најстарите примероци во архивата со монтажи на Хани Фарид.
Експертот забележува како додека Кејт Винслент во 2003-та се жалеше дека уредниците на GQ магазинот во Фотошоп и ги ослабеле нозете за третина, во Лос Ангелес тајмс се појави фотографија која се однесуваше на далеку почувствителна тема.
Со цел да изгледа дека американски војник во Ирак сопира човек кој во рацете носи дете, фотографот Брајан Валски, направил комбинација од две слики, за што доби отказ од весникот.
"Многу луѓе мислат дека е лесно да забележиш оти нешто е фотошопирано, но така мислат бидејќи ги приметуваат само лошите монтажи. Доколку не постои драматична разлика, мозокот не е подготвен да забележи монтажа. Ние развиваме форензичарски алатки за препознавање на монтажите," изјавил Фарид.
Како еден од најсвежите примери за интервенција со цел да се создаде поинаков контекст на сторија во весник, го наведува случајот со магазинот Д Економист, чија редакција одлучи да избрише две лица од фотографија со Барак Обама, за претседателот да изгледа како осамен и замислен.
Во одбрана на одлуката да монтираат фотографија во чија позадина го има хоризонтот на Мексиканскиот залив, во делот од каде истекува нафтата, со наслов, "Obama v. BP," заменичката уредник на Економист, Ема Данкан, изјави дека сакале читателот да се фокусира на американскиот претседател.
Помогнати од сложени математички равенки и алгоритами, тимот на Фарид се "трка" со оние кои што го злоупотребуваат Фотошоп. Не го сака терминот "фалсификат," бидејќи верува оти не мора да значи дека целта на монтажата била злонамерна.
Повеќе ТУКА
извор
*Ако темава отиде во друг правец, може да биде префрлена од админ.