Дали некогаш имало договор меѓу соседите на Македонија, за нејзино уништување?

  • Креатор на темата Креатор на темата ^^WiLd_TuRkEy^^
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 јули 2008
Мислења
262
Поени од реакции
34
Грција ни го негира правото на само определување со негирање на името и идентитетот, Бугарија има став дека не постојат Македонци, Србија им став против нашата Црква. Сите овие имаат нешто заедничко , сите имаат земено дел од територијата на Македонија. Дали е можно некогаш да се имаат директно договорено доколку Македонија се отцепи и стане независна да ја уништат на некој начин? Не сум премногу запознаен со историја и ако изгледа само како теорија на заговор бришете слободно.
 
Дека се договарале (и се уште се договараат) тоа е повеќе од сигурно. Се договарале на јавни, полујавни и тајни средби (по возови и сл.), но за тоа како да ја поделат Македонија, а сега само се плашат да не го изгубат тоа што го украле, оти “Ѓаволот дошол по своето...“
Ниеден од нив нема ни потекло ни историја ни култура со која може да се пофали. Сето тоа е Македонско, ако Македонија си го побара своето тие ќе изгубат се! Ете затоа се борат од петни жили да го уништат и ова мало парче слободна Македонија.
Со ова е во два збора кажано се околу тоа прашање. Ако треба поопширно да се елаборираат сите документи, средби и сл. тоа ќе бара прераскажување на сите теми од форумов “Историја“.
А за да си дојдеме на своето, треба Македонија да се зафати со една обемна работа, а тоа е : -Правење на попис на се она што е наше (мислам буквално : СЕ). За таа работа е најповикана МАНУ која треба да направи список на имот, на антрополошките, фенотипни и генотипни карактеристики на Македонците, етнолошко богатство од предисторија па до денес, културно и уметничко богатство (сликарство, музика и македонски ритам, инструменти и т.н.), религиозни и научни придобивки (Христијанството го “измислиле“ Македонските филозофи во Александрија - и Христос и Александар имале според легендата татко Бог и едниот и другиот умреле на 33 год. и т.н., има повеќе допирни точки, ама, ај да не должам). Треба да се направи попис на биолошките карактеристики на Македонија (карактеристична флора и фауна), воено-инжењерските и стратегиски изуми, научниот изум : писмото, изумот на првата парна машина (Киро од Александрија), првите пластични маси (од млечна сурутка), вештачкиот мед (шеќерот), подводното ѕвоно, подморницата, алпинизмот (на тој начин - со клинци и везови, Александровата војска го освоила непристапниот град од неговата сопруга Роксана) и т.н. и т.н.
Кога сето тоа ќе се направи, ќе се каже дека : -ова е наше, Македонско и во тоа не гибајте! А не секој муфљуз и вошкар да се прави стопан на нашето, па уште да се договараат за да не делат и да се грабаат за сето она погоре наброеното и ненаброеното.
Е арно ама, МАНУ си спие во длабок вештачки сон (предизвикан од наркотични средства) или се прави дека спие (некои животни кога се во опасност се преправаат дека се мртви:icon_lol:).
 
OK, супер идеа да се направи тоа од МАНУ. И што? Ќе излези МАНУ пред јавноста (наша и светска) со еден китап и ќе речат „ Ова е НАШЕ“.

И сите Вауууу...А1,...Сител...и то

Првиот ден кога ќе излези (физички) од Македонија тој список, како и да го наречеме, ќе падне во светски рамки. Колку и да сакаш да е научно поткрепен.

Нас етногенезата не ни ја признаваат со конкретни докази, а камоли ти да пишуваш за Киро од Александрија, итн.

СУПЕР е тоа да се направи, не ме сфаќајте погрешно, ама нема да имаме голем бенефит од тоа.



Е сеа за темата.

Има мапа каде што се гледа како е планот на поделба на Македонија (Вардарска). Таа е во форма на Х. 4 делови. Четиримеѓјето :) ќе биде Бакарно гумно (прилепско).
 
И јас не сум толку изматувен да мислам дека МАНУ може нешто да направи ( а ни другите многу-многу не можат ништо да направат). Се обидов на карикиран начин да кажам дека само со документирање на фактичката состојба ништо не се прави. Ќе видиме неколку мапи, некои документи и што? Ќе утврдиме дека некој сакал (и тоа го направил) да ја дели Македонија (ќе откриеме топла вода).
Треба конкретна акција, а не празни муабети. Кога ќе умре некој родител за да биде неговиот имот наследен од неговите наследници, прво што се прави е документирање на имотната состојба. Се вадат имотни листови и документи за сопственост на подвижен и неподвижен имот, а потоа се формира новото семејство од неговите наследници со она што им припаѓа според судското решение. Доколку во постапката се утврди дека нешто од подвижниот имот завршило кај соседите тогаш новиот сопственик има легална основа да си го бара тоа назад. Доклку се утврди дека според имотниот лист соседот влегол со својата меѓа или ѕид влегол во туѓо - тогаш во легална постапка новиот сопственик може да бара соседот да си ја повлече меѓата назад во своето и т.н.
А ние што направивме? Дури пред некоја година ги дефиниравме конечно границите и тоа само во Вардарскиот дел. Другите делови не ги ни споменуваме како тие никогаш да не биле наши (исто не ги споменуваме ни нашите сонародници од тие делови, од кои дури и со устав се откажавме). Дозволивме ајварот да го регистрираат Словенците како свој производ (и што беше уште нешто - мастиката ли?) и никому ништо. А ние овде ќе утврдуваме дека некој сакал да ја дели, или уништи Македонија ?!
Па сигурно дека сакал и сеуште сака, но што правиме ние тоа да го спречиме? Па дискутираме уште и за најсветото нешто, нешто за кое не треба ни да се помисли, а камоли да се преговара, а тоа е името Македонија. Разберете едно нешто. НИЕ сме тие кои треба да го заштитиме нашето и НИКОЈ ДРУГ. На овие генерации им се падна тоа во задача.
 
Грција ни го негира правото на само определување со негирање на името и идентитетот, Бугарија има став дека не постојат Македонци, Србија им став против нашата Црква. Сите овие имаат нешто заедничко , сите имаат земено дел од територијата на Македонија. Дали е можно некогаш да се имаат директно договорено доколку Македонија се отцепи и стане независна да ја уништат на некој начин? Не сум премногу запознаен со историја и ако изгледа само како теорија на заговор бришете слободно.


Се договарале, се договараат и ќе се договараат.
никогаш нема да престанат да не напаѓаат,
а и ние нема да престанеме да се браниме.
 
Е сеа за темата.

Има мапа каде што се гледа како е планот на поделба на Македонија (Вардарска). Таа е во форма на Х. 4 делови. Четиримеѓјето :) ќе биде Бакарно гумно (прилепско).

Мапата напред-останатото Стој !!!
:)

Молам ако има нешто такво, споделета
Поздрав
 
По азбучен ред за тоа како се однесувале народностите околу Македонија кон Македонците и Македонија во 19век и прва половина на 20ти век...

Албанците: Кога треба да се тепат поголеми нации на овие простори (истерување на Турци, војна против новите газди Срби), се со Македонскиот народ. Но многу лесно завртуваат грб и палат Македонски села. Во 2СВ се виде дека дел од Албанците сакаат дел од Македонија поточно денешната Република Македонија.

Бугарите: Сите Македонци да се направат Бугари а тие што ќе се спротистават лесно да бидат брендирани како србомани или гркомани. Со ова се создава еден вид на граѓанска војна кај Македонците и секој убива за својот газда (грција, бугарија, србија). Крајна цел е што е можно поголем дел од населението да се Бугаризира а Македонија да стане дел од Бугарија.

Грците: Да се Хеленизирааат „славофоните“, сите други се Бугари.(битка егзархија-патриаршија) Бидејки јасно воочија дека неможат толку лесно да ги Хеленизираат „бугарите“ удрија машки и ги заменија со православни турци. Денес Македонија е ХЕЛЕНСКА гордост, со мал број на „славофони“(читај Македонци со Македонска самосвест), достоен број на славофони-грци(читај гркомани т.е. Македонци предавници) и многу голем број на „хелени-македонци“ (читај православни турци или народи дојдени од мала-азија). Значи асимилирај што е можно, но сепак најдобро е да има чистка.

Србите: Сви су срби. Вардарска бановина. Нивните претензии кон Македонија и Македонскиот народ беа со најкратка историја (нели во 17,18,19,20 век) па затоа и мое мислење е дека Српското владеење над овие простори заврши најрано. Бугарите и Грците во своите редови имаа преку цврквите обезбедено војници од Македонските редови за своите каузи. Овие војници одеа до крајност па затоа имаме големи бугари и грци кои всушност биле Македонци, Србите овој апарат за дејстување го немале па затоа дури денес имаме многу Бугарофили, Гркофили а сродноста со Србија денес некои (мал број на македонци) ја гледат не преку тезата за „еден народ“ туку поради историските збиднувања во поранешна Југославија.

Со други зборови:
Никој не сака да ја уништи Македонија. Сите сакаат да си присвојат што е можно поголем дел од неа.
Никој не сака да ги уништи Македонците. Сите сакаат да асимилираат што е можно поголем дел од нив и да ги протерат од Македонија неасимилираните.

Србите направија Јужно-србијанци и Вардарска бановина, тепаа, колеа но на крајот поради одредени историски околности изгубија контрола врз Македонија. Денес во Република Македонија живеат само срби кои се донесени како колонизатори од другите краеви на тогашното кралство СХС.

Од денешна гледна точка, работите не се многу сменети.
Албанците: Би зеле пола Република Македонија, со палење на Македонски села.
Бугарите: Би ја делеле РМ со Албанците 2/3 Бугарска 1/3 Албанска, само Охрид да е нивен. А пак Македонското население би го направиле... Бугарско.
Грците: Би ја делеле РМ со Албанците и Бугарите, само во нивен дел да влезе Битола и Гевгелија (според некои нови гејски фустрации).
Србија: Нема некои афинитети кон Македонија. Ова можеби се должи на фактот што моментално Србите се зафатени со свои проблеми во Хрватска, Босна, Црна Гора и Косово. Сепак како и во Балканските војни, Србите чекаат можност и да би имале шанса, сигурно пак би завладееле со овие простори. Ако даде чичко Грција дел на Србија ќе бидат најсреќни.

Од друга гледна точка, Македонија денес може да ја поделат околните народи по основа:
Албанците територија на запад
Бугарите најголемиот дел од народот (бидејки само они се денес спремни да вршат репресија врз самосвеста на Македонците за да ги побуграчат) и најголем дел од териториите.
Грците да си ја земат областа јужно од Демир Капија и со можност Битола... ама ако неможат би ја дале на Бугарите.
Србија ќе си чека... ако може да чопне нешто арно, ако не... се надеваат можеби на Куманово...

Горенаведеното сценарио или тек на настани е најпогодно за сите народи околу Македонија. Во оваа сценарио сите добиваат освен Македонија и Македонците, а тоа е најбитно во едно анти-Македонско сценарио. Битно е сите да добијат а Македонците да изгубат (не е единствен случај во светот). Ова сценарио е можеби најверојатно ако би запнале хиените против Македонија и истото според мене е иницирано од Гејлада. Само треба да се согледат некои случувања во последните 20 години за да се согледа дека ова навистина е посакувана цел. Колку и да скокат Бугарите, Македонија сепак најголем чир е за Гејлада. Затоа со нејзино збришувања, Гејлада би имала најголем ќар. Затоа праведно е да се размислува дека ако би имало иницјатива за расформирање на Македонија по овој терк, иницјаторот би бил Грција.
Бугарите го сакаат народот, државата ја сакаат (поточно непостоење на државата) сакаат Гејците, (Албанците овде ја завземаат улогата на Србите во Балканските војни и при делбите, бидејки денес Албанците се поголем фактор од Србите во Македонија) сценарио од соништата.

Сепак ова е размислување за можно сценарио... од кај да знам можеби нашите соседи се добронамерни.:smir:
 
Ќе те надоплнам само : Србите не изгубиле интерес за Македонија туку паднати се во немилост кај главните светски кратори (помислив да напишам - креатури, ама нејсе). Како казна за нивната непослушност им ја “одзедоа“ Македонија, Косово, а за понатаму ќе видиме. Ќе им “бацат рака“ на гнидите и ќе си легнат на брашното. Кога можеа една Јапонија врз која фрлија две атомски бомби (мислам дека деновиве беше годишнината) и Германија која ја срамнија со бомби, денес да им бидат први пријатели, што останува за една Србија врз која фрлија само неколку бомби.

А што се однесува на тоа кој ќе има најголем ќар - најголем ќар ќе има Македонија тогаш кога нема да постои Грција. Скоро сите проблеми на Балканот отсекогаш ги правеле тие и само тие. Почнувајќи од Тројанската војна кога Грците се бореле против Македонците за превласт врз Дарданелите, па се до (поткупеното од Грците) непризнавање на Македонската Црква од страна на СПЦ и појавата на Вранишкоски, до Бугарските негирања, Бугарски пасоши и појавата на разно-разни ВМРО-а (сето финансирано од Грција), па се до “војната“ со Албанците (изменаџирана и платена од Грците).

Сето е правено со наши пари, односно, пари кои се испумпани од Македонското стопанство со посредство на Грчки вложувања или со посредство на Грчките банки во Македонија, или пак со пари од ЕУ кои беа наменети за развој на Македонија а кои (каква коинциденција) одеа преку Грција и завршија во Македонија - но “Грчката“ Македонија.

Да не мислите дека Грците дале свои пари за да не уништуваат?
 
The%2BMercury%2B9%2BMarch%2B1897%2B.png


"Крал Александар од Србија и принц Фердинанд од Бугарија се сретнаа во Софија. Се верува дека договараат политика за заедничка акција во врска со Македонија." - The Mercury 9 март 1897

По петнаесетина години, односно по балканските војни знаеме што станало со Македонија и како овие две земји се прошириле за нејзина сметка.
 
Има интересен фељтон во Нова Македонија од Блаже Ристовски на оваа тема. Со други зборови, и тоа како се договориле да ја поделат Македонија секој со секого и потоа јавно заеднички според “успесите“ на теренот.


Сојузнички договор за „братска“ поделба на Македонија

Како е дојдено до договор меѓу балканските земји за заеднички напад на Турција и за поделба на Македонија? Според документите достапни за истражување, Србија и Бугарија речиси цела една година пред војната се договараат како ќе ја делат Македонија, а за тоа потпишуваат и таен договор

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102212910434&id=9&prilog=0&setIzdanie=22710

.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom