Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
------------К Р Ш Т Е В К А -----------
Во партизанскиот логор Вишешница на 12 мај 1943 год.беа собрани
сите борци.Сликата беше импозантна.Девеесетина партизани,во
разнообразна облека,но сите вооружени,делуваа импресивно. Се
воспоставуваа взаемни познаства,се дотеруваше облеката, се
чистеше оружјето.Тој ден беше интересен и по една многу
занимлива церемонија која секој борец посебно ја доживуваше.
За потребите на консприрацијата,а и од потребна внимателност
секој борец доби ново партизанско име по кое во иднина ќе биде
препознатлив.Имињата се даваа во спомен и признателност на
познати македински револуционери,какви што се: Гоце, Јане,
Сандански и др. Меѓутоа имаше и имиња со кој се симболизираше
некоја река,населба или занаети и места значајни по историјата.
Неготинските партизани беа високи,снажни и јадри мажишта,
карпа-луѓе што се вели. Беа на број петнаесет души.
Ило Виларов и Најдо Стаменин добија специфични имиња.
Сокол и Орлов.Вакви имиња беа смислени во Штабот на
оперативната зона.Неслучајно овие двајца борци добија такви
имиња.И едната и другата птица се опеани во народните јуначки
песни.Тие симболизираа сила,вештина издржливост,снага и
упорност.Од друга страна Ило и Најдо по својата физичка
конструкција посебно се истакнуваа меѓу присутните борци.
Давањето име Сокол и Орлов на овие партизани беше симбол
и поистоветувањето на оваа силна птица со желбите на Ило и
Најдо во борбата со злочестиот непријател да ја манифестират
на убедлив начин својата храброст.Целиот ден помина во гласно
коментирање кој какво име добил и зошто.Крштевката заврши.
И единицата доби име. Партизански одред“Добри Даскалов“
И тргна во поход наречен борба за слободна Македонија.