Bratot
Стоик и Машкртник!
Птиците грабливки во културното наследство на
Македонија
Застапеноста на птиците грабливки во пиктографските и археолошките артeфакти не се привилегија која и припаѓа само на една земја.
Овие мотиви можат да бидат забележани во широк хронолошки и територијален опсег. Истовремено, треба да се истакне дека птиците, како што се соколите и орлите, честопати добиваат симболично, хиерархиско и дури религиозно значење во креативниот процес.
Оттука, во случај на интерпретација, потребно е да се земат предвид сите овие можности.
Сепак, приказот на птиците грабливки во материјалната култура на една конкретна земја, можат да посочат на нивното присуство во текот на праисториските и историските периоди, како и на нивната популарност кај населението.
Застапеноста на соколите и орлите во сликите од материјалната култура на Р. Македонија датира од праисториските времиња.
Во овој контекст е кусиот преглед кој се однесува на само еден дел од артифактите кои потекнуваат од оваа територија:
Слика 1 – монети од Паионски владетел на Аудолеон (315-286/5), македонските владетели Птоломеј I (323-305) и Александар III (336-323)
Слики:1 ,2 и 3 - монети од македонскиот владетел Аминта; Слики: 4 и 5 - монети од Филип III
Слики :1 и 2 -монети од македонскиот владетел Филип v;Слики :3 и 4 - монети од Парореја;Слики :5 и 6 -монети од Персеј
Еден од првите прикази на птица грабливка (орел) може да се забележи на монетите на Пајонскиот владетелот на Аудолеон (315-286/5 пне).
Птицата е прикажана на раката на врховниот бог Зевс. Идентичниот дизајн е применет на монетите на македонските владетели Александар III и Птоломеј I.
Иако во овој случај орелот претставува одлика на божество, како и империски амблем, неговиот приказ може да се поврзе со фаунските видови од тоа време, како и со антропоморфната позадина на пантеонот, т.е. човечките одлики кои им се припишувале на боговите.
Слика 2 – делови од саркофагот од црквата на Самоил Св. Ахил, езеро Преспа, 986-900
Св. Ахил, Преспа, една парапетна плоча од црквата со загадочни, нехристијански симболични претстави. Крај на 10. век (по Н. Муцопулос)
Друг приказ на птиците грабливки (соколи или орли) може да се забележи на саркофагот откриен во црквата наСамоил, Св. Ахил, кој датира од 986-900.
Интересно е што во рамките на овие композиции, насликаните птици се прикажани како напаѓаат животни (камила во едниот случај и водна птица (чапља) во другиот случај). Треба да се истакне дека иконографијата секако имала определено религиозно и симболично значење, но треба да се подвлече дека приказот на птиците грабливки укажува на реалните движења на птиците грабливки додека ловат. Оттука, може да се претпостави дека сликарот ги набљудивал овие птици во неговото опкружување, кои биле или диви или „доместицирани’.
Сл. 123. Св. Ахил, Преспа, саркофаг Г: наметката на царот Самуил со царски симболи — детал (по Н. Муцопулос)
Цртежите на орли / соколи во религиозната уметност се забележуваат на две гранитни плочи на олтарот во црквата Св. Софија во Охрид кои датираат од 1037-1045.
Во овие примери птиците се прикажани во моментот на полетување или носејќи плен. На првата гранитна плоча птицата носи змија што може да се протолкува како типичен христијански мотив, додека на втората плоча во канџите држи зајак.
Слика 5 златни обетки од Црквиште, Оризари - Кочани XIV век Мотивите на орел или сокол се присутни дури и во секуларната материјална култура од средновековниот период во Македонија.
Постои богат репертоар на слики на овие птици на накитот, особено на прстени и на некои луксузни обетки. Сите тие датираат во периодот меѓу XI-XV век кога најчесто претставувале богат подарок.
Оттука, јасно е дека им припаѓале на конкретни личности. Без оглед на тоа дали цртежите биле дел од модата или имале религиозна или хиерархиска симболика, треба да се истакне дека научниците ја оставаат отворена можноста дека накитот во средниот век претставувал симбол за членство на определена група.
Литература и слики: V. Lilčić, Antiquity, in Macedonian Cultural Heritage, Skopje, 1995, 46-89, 50; Н. Шелдаров, В. Лилчиќ, Кралевите на Античка Македонија и нивните монети во Република Македонија, Скопје, 1994, 64; P. Miljković-Pepek, Medieval Decorative Sculpture in Stone and Metal, in Macedonian National Treasures, Skopje, 1989, 199-210; Н. Чаусидис, Дуалистички слики, Скопје, 2003, 273-275; Heaven on Earth – Art and the Church in Byzantium, ed. By Linda Safran, Pennsylvania, 2002, 200;
http://www.sokolarstvo.com.mk/sokolarstvo.html
Во контекст на поновите информации, ја додавам и следнава слика која беше објавена во весникот Вечер:

Со брат му Арон отишол на дворот на германскиот цар да му го честита Велигден и да побара политичка поддршка. Како што доликува на гостин, веројатно, како подарок му однел нешто, а домаќинот, исто така, му возвратил. Имено, во музејот во Вирцбург се чува една свилена завеса, на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски. На завесата е претставен Александар кому два орли (христијански симбол) на главата му ставаат златна круна со три крста! Не знаеме дали таа била подарокот за германскиот цар, но би можеле да претпоставиме!
Македонија
Застапеноста на птиците грабливки во пиктографските и археолошките артeфакти не се привилегија која и припаѓа само на една земја.
Овие мотиви можат да бидат забележани во широк хронолошки и територијален опсег. Истовремено, треба да се истакне дека птиците, како што се соколите и орлите, честопати добиваат симболично, хиерархиско и дури религиозно значење во креативниот процес.
Оттука, во случај на интерпретација, потребно е да се земат предвид сите овие можности.
Сепак, приказот на птиците грабливки во материјалната култура на една конкретна земја, можат да посочат на нивното присуство во текот на праисториските и историските периоди, како и на нивната популарност кај населението.
Застапеноста на соколите и орлите во сликите од материјалната култура на Р. Македонија датира од праисториските времиња.
Во овој контекст е кусиот преглед кој се однесува на само еден дел од артифактите кои потекнуваат од оваа територија:

Слика 1 – монети од Паионски владетел на Аудолеон (315-286/5), македонските владетели Птоломеј I (323-305) и Александар III (336-323)

Слики:1 ,2 и 3 - монети од македонскиот владетел Аминта; Слики: 4 и 5 - монети од Филип III

Слики :1 и 2 -монети од македонскиот владетел Филип v;Слики :3 и 4 - монети од Парореја;Слики :5 и 6 -монети од Персеј
Птицата е прикажана на раката на врховниот бог Зевс. Идентичниот дизајн е применет на монетите на македонските владетели Александар III и Птоломеј I.
Иако во овој случај орелот претставува одлика на божество, како и империски амблем, неговиот приказ може да се поврзе со фаунските видови од тоа време, како и со антропоморфната позадина на пантеонот, т.е. човечките одлики кои им се припишувале на боговите.

Слика 2 – делови од саркофагот од црквата на Самоил Св. Ахил, езеро Преспа, 986-900

Друг приказ на птиците грабливки (соколи или орли) може да се забележи на саркофагот откриен во црквата наСамоил, Св. Ахил, кој датира од 986-900.
Интересно е што во рамките на овие композиции, насликаните птици се прикажани како напаѓаат животни (камила во едниот случај и водна птица (чапља) во другиот случај). Треба да се истакне дека иконографијата секако имала определено религиозно и симболично значење, но треба да се подвлече дека приказот на птиците грабливки укажува на реалните движења на птиците грабливки додека ловат. Оттука, може да се претпостави дека сликарот ги набљудивал овие птици во неговото опкружување, кои биле или диви или „доместицирани’.

Сл. 123. Св. Ахил, Преспа, саркофаг Г: наметката на царот Самуил со царски симболи — детал (по Н. Муцопулос)
Цртежите на орли / соколи во религиозната уметност се забележуваат на две гранитни плочи на олтарот во црквата Св. Софија во Охрид кои датираат од 1037-1045.
Во овие примери птиците се прикажани во моментот на полетување или носејќи плен. На првата гранитна плоча птицата носи змија што може да се протолкува како типичен христијански мотив, додека на втората плоча во канџите држи зајак.

Слика 5 златни обетки од Црквиште, Оризари - Кочани XIV век