Сончев брег

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ок значи горе доле 12-13 саати,тоа ме интересираше. Фала
 
Кој стоел на граница 1 саат? Никогаш на никоја граница немам чекано повеќе од 15 минути, освен неколку пати на враќање од Грција кога имало гужви.
Ти можда немаш, али у автобус има 50 луѓе, така да... :).
 
слушнал ли некој за агенција европска линија ?? пошто само тамо најдов слободно место за до сончев брег , агенцијата се наоѓа на дрводекор али многу ми е несигурна.. нигде ништо неможам да најдам за нејзе
 
Да не е еуролајн? Euroline?
 
слушнал ли некој за агенција европска линија ?? пошто само тамо најдов слободно место за до сончев брег , агенцијата се наоѓа на дрводекор али многу ми е несигурна.. нигде ништо неможам да најдам за нејзе
До крај на јули ако идеш, пробај по други агенции уште денес, бидејќи веќе скоро и да нема место.
 
Имало некое место во Бугарија, се одело со шатори на плажа. Утре треба да добијам инфо што како и кај се наоѓа. Другар ми тврди дека е многу добро ( и аватуристички) ама јас сакам да прашам дали некој од вас има отидено и да ми го опише искуството. Јас планирав да отидеме со автобус на Златни или Сончев па да си најдеме таму смештај али ми пропадна идејата (не била авантуристичка :D) Ако одам во шатор и кога ќе се вратам (ако се вратам :D) ќе опишам за наредните генерации ... :)
 
А колку саати има до сончев брег од прилика?
Точно 12 часа со автобус. Одев со Скопје турс и така го имаа испланирано времето точно во 20ч тргнавме во 8сабајле таму бевме.
 
Зашто не Euroline , лошо искуство со нив или?

Автобусот мене ми се заеба два пати,еднаш на одење еднаш на враќање со Еуролајн.И тоа скоро на истото место и за одење и за враќање.Првиот пат чекавме да не собере друг автобус неколку саати и во Сончев Брег стигнавме во 2 саат наместо во 9,а за враќање во Скопје стигнав во 3 поручек наместо сабајлето.
 
Имало некое место во Бугарија, се одело со шатори на плажа. Утре треба да добијам инфо што како и кај се наоѓа. Другар ми тврди дека е многу добро ( и аватуристички) ама јас сакам да прашам дали некој од вас има отидено и да ми го опише искуството. Јас планирав да отидеме со автобус на Златни или Сончев па да си најдеме таму смештај али ми пропадна идејата (не била авантуристичка :D) Ако одам во шатор и кога ќе се вратам (ако се вратам :D) ќе опишам за наредните генерации ... :)

Има десетици такви места. Има си кампови со струја, топла вода, со шатори, каравани, бунгалови и итн има диви места само со вода и некое барче наоколу, каде не се плаќа за распнување на шатор. Зависи што точно бараш.

Имај на ум дека ако си на платено кампување, нема да е многу поевтино од обично сместување за 15 лв. / 7.50 евра на ден.

Еве например на кампингот "Лагуна" до Сончев брег: Ако сте две лица со автомобил, ќе ви излезе 2х4 лв. на човек + 6 лв. за шатор + 4 лв. за автомобил = 18 лв. (9 евра) - по 9 лв.на човек. Во оваа цена влегува струјата, водата, користење на базен, безжичен интернет и интернет терминал.
 
сега се вратив и од таму и од таму. Златните е по-мирно но како и на сончев има многу странци највеке руси, романци, норвежани, белгиици, французи, англичани, германци и тн. Разликата од златните и сончев е што на сончев брег има повеќе журки и на брегот 50метра на внатре е плитко до колена и после се задлабочува, додека на златните е по-кратко плиткото ниво. И на двете места е многу чисто и све е реновирано а цените се горе-долу исти. На златните лежанка и чадор = 16, на сончев = 14. Јадење и пиење цените се исти. Интересно ми беше што на златните понекогаш на брегот наидуваа малечки медузи кои можеш слобоно да си ги колекционираш со Раце! :) Препорачувам Сончев брег затоа што е близу до несебар (братучед на охрид :) по визија), до елените, до Св. Влас и Обзор кои што се многу интересни и прекрасни места да се посетат.
за оние кои мислат да одат во Албена (по на север од златните) би им препорачала да отидат до Нос Калиакра и да си ги наполнат батериите. Водата е кристално јасна и на 30м длабочина а глетката е уникатна.
Бугарското црноморие за разлика од пред 5 години е многу по-напред и има за секој од секое по многу.
поздрав од Варна!
 
Ај ако сакаш пиши нешто за цените,јадење,пиење од прилика како се движат.И тоа 14 лежалка и чадор што ти е евра или левови.
 
Ај ако сакаш пиши нешто за цените,јадење,пиење од прилика како се движат.И тоа 14 лежалка и чадор што ти е евра или левови.
левови се разбира. На Златните: пица парче = 2лв, лименка пиво бугарско Загорка = 2 лв, хајнекен = 3/ 3.50лв, сладолед 3лв, вода 1.5л = 2.50лв, масло за сончање = 20/23 лв, сендвичи од 3 до 10 лева, лименка кока кола =2лв, ред бул = 3/ 3.50лв, чипсови = од 2 до 5лв и така... нешто по конкретно питај, сега не ми текнува, дека не сум пазарувала многу :)
имај предвид дека ова е оптимално, по некои супермаркети може да се најде со 50стотинки до 1лев помалку, а некаде и поскапо... позз
 
Брат ми баш денес се врати од Сончев Брег ...го прашувам како си поминал многу задоволен ...
нашле хотел од вечер за 20 евра...добар бил , не бил лош , многу е задоволен од ноќниот живот ...имало многу дискотеки , кафичи и исти ствари ..имало се баш се ..ми расправаше едно 1 саат ..цените биле исти како тука малце мош повисоки(за супермаркети зборувам)...важно задоволен е и од местото , и од поминот ..екстра било..:)
 
на 630км е од мене (:
здравје догодина, ќе го посетам..

само кажете цени, за смештај ..шо како? сите викат поефтино било од Охрид ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom