MVP- На Светското првенство во Јужна африка

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran Bt
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде прогласен за најдобар играч на првенството?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Дали и јас тоа не го гледам Швајни:uvo:
Не го гледаш зашто авторот на темата ставил по 2ца играчи од секоја репрезентација што игра у полуфинале..
Од Германија ги има Клосе и Милер...па затоа...no Schweinsteiger.
 
Јас би рекол Филип Лам, вистински лидер на германската екипа
 
Има повеќе потенцијални добитници на наградата.Најмногу зависи од тоа која репрезентација ке го освои СП ( Холандија-Германија/Шпанија)
Ако освои Холандија дефинитивно ке биде Снајдер,а ако освои Германија ФИФА ке треба да избере еден од Швајштајгер,Лам,Клосе,Милер.
Не верувам дека Уругваец би ја добил наградата (Суарез,Форлан),а Виља не импресионираше нешто посебно да ја добие наградата :toe:
 
Има повеќе потенцијални добитници на наградата.Најмногу зависи од тоа која репрезентација ке го освои СП ( Холандија-Германија/Шпанија)
Ако освои Холандија дефинитивно ке биде Снајдер,а ако освои Германија ФИФА ке треба да избере еден од Швајштајгер,Лам,Клосе,Милер.
Не верувам дека Уругваец би ја добил наградата (Суарез,Форлан),а Виља не импресионираше нешто посебно да ја добие наградата :toe:
5 утакмици, 5 гола и 2 асистенции.
Да,не импресионираше Виља.
 
Да не беше Виља Шпанија ќе ја снајдеше истата судбина како Италија и Франција :smir:

Од вкупно 6 погодоци за Шпанците 5 се на Давид Виља и 1 на Иниеста
 
Ако Оланда освои СП,наградата МВП оди кај Снајди.
Ако освојат панцирите,оди кај Милер најверојатно,или кај Клосе.
Ако освојат Шпањолциве,во што сумњам,ке оди кај Виља наградата.
 
Крајота ќе каже поз.
 
Снајдер ита кон уникатен подвиг
1A3034A0463A714FA3A101B582A714A8.jpg
Никој во историјата на фудбалот не освоил двојна круна во домашно првенство и Лига на шампиони со својот клуб и потоа уште да стане светски првак со репрезентацијата. На чекор до таков подвиг сега е Весли Снајдер, холандскиот плејмејкер, кој минатото лето беше отфрлен од Реал Мадрид за само 15 милиони евра, за потоа да блесне во дресот на Интер, покорувајќи ги Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите. Најблиску со ова можат да се споредат сонародниците на Снајдер, Ван Бројкелен, Куман, Ван Ерле и Ваненбург, кои во 1988 година триумфираа на Европското првенство, по тројната круна со ПСВ.
- Ова е толку посебно и неверојатно. Веќе имам искусено со Интер како е да се игра во големо финале и тој момент мора да се живее, бидејќи не се случува толку често. Уште не ни е јасно што сме оствариле. Финале на светско првенство со ништо не може да се мери - рече Снајдер, кој го дели врвот на листата на стрелците на СП со Давид Вилја.
Снајдер открива дека август 2009 година бил пресвртница во неговиот живот. Минувајќи низ тежок развод, тогаш потпиша за Интер и, како што вели, се вљубил како никогаш порано, во 25-годишната холандска актерка Јоланте Кабау.
- Таа е мојата најголема животна сила. Откако сум со неа, се ми тргна во животот - вели Снајдер, кој поради својата сегашна свршеница преминал во католичка вера.
Тој своите голови на СП му ги посветува на четиригодишниот син Џеси.
- Го истетовирав неговото име на рамото. Оваа титула светски првак ќе ја освојам за него.
 
Без разлика кој и да освои мислам дека наградата треба да ја земе Снајдер.
Да, импресивна е статистиката на Виља(само уште сум у недоумица дали има 1 или 2 асистенции хаха), али Снајдер ја има истата статистика а е играч од средината на теренот.
Снајдер избран на 4 меча како "играч на натпреварот" наспроти Виља кој бил избран само еднаш.
Мислам дека ова последново е одлучувачки, а ако ги додеш 5те гола на играч кој е плејмејкер во еден тим, изборот е и повеќе од јасен :)
 
Снајдер треба да биде, ама мислам дека не е прв пат тој подвиг, нека истражат малце подобро овие глупиве што го пишат.

Германија 1974, титула, Баерн тројна титула, неколку играчи само таа генерација. Има и други само не ми текнува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom