Германија - Аргентина 1/4 финална мега пресметка

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе направи прогрес до 1/2 финалето ?


  • Вкупно гласачи
    126
btw исто сонував дека и финалето на ЛШ ке заврши 2-0 за Интер и дека 2та гола ке ги даде ист играч, а у кладилница ја играв на Баерн пошто навивав за нив , така да сега не си бегам од сонот и ке ја уплатам кон.рез. 3-0 за ситни пари па што сака нека биде :pos2:, иако реално мислам тешко остварливо е 3-0
 
И да сликаш,кога ќе уплатиш.
 
Иако и јас со сето срце сакам аргентина да биди новиот светски првак но мислам дека филе малце ја претера со анализите....тој не даваше коментари за натпреварот туку ми спомнуваше нешто хомер,илијада,совршенство,германија нема да изгуби од аргентина ниту од диего туку ќе изгуби од некој друг,поезии,прози...мислам глупости на квадрат...дај нека обрзложи зошто аргентина сигурно би ја победила германија а не да ми споменува виулици,раскотници,константин миладинов:tapp:
 
Филе... :pos::pos:
Натпревар во кој едните ќе играат фудбал, а другите на никој нема да му биде јасно што ќе играат.

ќе слушаме разни фрази, ќе гледаме чуденки...Само Хомер може да го опише тоа со зборови.

Ќе се спушти Ѕевс, можеби ќе има потреба да помогне, тука ќе биде Афродита, Посејдон ќе се појави тогаш кога ќе треба.

Светот конечно се соочува (преку фудбалот) со една нова димензија на работите во нивната функционалност, со една нова суштина во опстанокот, со ново форматирање на секоја индивидуа која сака да биде успешна во себепретставувањето.

...Веќе насетувате дури и вие, каде е кармичката вондимензионална претстава после која ќе се променат многу работи на планетава...

И тоа е се само поради една работа. Аргентина со Ел Диего ја научи најважната работа. Го вметна „најважниот зачин„ во гастрономската уметност на создавањето фудбалска храна.....

....Тој расте далеку на планините, длабоко во реките и водните поврзани површини, а коренот му е во срцето.
Аргентина ја научи лекцијата, а сега веќе ќе држи и час. Лекцијата која има наслов од само еден единствен збор. ЉУБОВ.

:pos2: Oh Boy! :pop:
 
На кои дроги е Филе се прашувам?

Колку само сакам Германија да ги тресне аргентициве и да останат зачудени..
 
зошто бе дроги, човекот не води емисија за да внимава што зборува..ова ви е интервју со него и тој си го искажува своето мислење ..
 
Едно финале Германија-Холандија би ми било ептен по мерка :tv: Скоро пола работа е завршена - останува делот на Германија...

--- надополнето ---

На кои дроги е Филе се прашувам?

Колку само сакам Германија да ги тресне аргентициве и да останат зачудени..

Хехех а ќе гледам во Дивино кај што цело СП е и Фајл... Леле леле само нека победи Германија :pipi: Многу ми е некако во филм влезен типот инаку ништо посебно немам против Аргентина...
 
Крајот ќе покаже, но повеќе би сакал Аргентина да.
 
На кои дроги е Филе се прашувам?

Колку само сакам Германија да ги тресне аргентициве и да останат зачудени..
Ај да си ми жив и здрав за ова! :)
Ептен Филенце забега ама ако,утре ќе види кој ремет ќе му го удриме:pipi:
 
Аргентина ке победи,Oзил ке бил подобар од МЕСИ хаха,може и од Чак Норис.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom