Домазет

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
114
По некое непишано правило жени се тие кои ( најчесто ) одат да живеат во куќата на својот сопруг - се додека не земат некое станче, куќичка и слично или остануваат да живеат заедно со родителите на сопругот засекогаш. Тоа толку и не е битно. Има такви кои одат да живеат во куќата на својата жена заедно со своите нови „баба и дедо“. Која е причината за домазетсвото? Кој е вашиот став за домазетите? И, мажи, дали би оделе вие домазет? И зошто да/не?:icon_lol:
 
Не знам пер, само знам дека бившата озбилно сакаше да сум домазет :)

Најверојатно оти ние сме гужва у фамилија.. врска немам.
 
Мојот иден (за неколку месеци) баџанак е на добар пат(99%) да стане домазет.Пари за стан или кирија немаат, он работи она не работи, и шо да прават?
Тешка ситуација, мора да се прикрпи некако, а за во иднина нека ја мислат.
Јас сум премногу горделив за да бидам домазет, не сум ни помислувал некогаш на тоа, а живеам сам со сопругата и детето. Немам ништо против оние кои се одлучиле да бидат домазети.
 
Па ако има девојката повеке простор за живеење одколку кај машката страна...мислам дека би било пожелно да оди домазет,а посебно ако немаат баш финансии да седат под ќирија, а кај машката страна е полна кука...или во случај кај што девојката нема брака и сестри, а има колку сакаш простор за удобен живот...:icon_lol:
 
Не ми смета таква работа, бре ако има невестата подобри услови ич не му ја мислам одам у бољи живот! Преку таквоето од горделивост и такви работи, зошто да се стискам со мојата фамилија и да нема каде да си прднам на раат кога ќе можам кај невестата да уживам колку сакам. Па ако дае некоаш Господ, Лотарија на Македонија или магарето финансиски средства си одиме и сами почнуваме да живееме.
 
betogrozdanov45 напиша:
Абе само женското може да живее кај машкото у фамилија, обратно е СРАМОТА:):):)

A зошто да е срамота? Од каде знаеш ти кои се ”добрите” причини поради кои типот отишол домазет? Што ако немал пари за стан во кој ќе живеат со сопругата, ако ако сеуште ја отплаќа свадбата, што ако неговите живеат во две соби? А од друга страна жена му живее во куќа на три спрата од кои едниот е нејзин, другиот на нејзината сестра/брат а третиот на родителите. Сеуште е срамота да оди домазет? Или таа треба да оди кај него ( поради некое непишано правило дека жената треба да оди во куќата на сопругот ) и да се тискаат сите четворица во две соби? М?

Ова како пример само..
 
Не сум за живот со родителите, но ако ете, е некоја ситуација во која нема шанси да живеат сами младите, а девојката има подобри услови за подобар и покомотен живот не гледам причина зошто да не оди домазет момчето ... што е важно тоа уствари? :kajg:
 
Не би сакала маж ми е да е домазет ниту ја домаснаа:icon_lol::icon_lol:.
Или ќе живеам во мое или не се земам.Е сега ако ептен неможеме двајцата да најдеме средства за самостоен живот можеби некако после долго размислување би прифатила да дојде да живее со моите иако мислам дека шансите тоа да се случи се скоро невозможни.Живеењето со родителите во брак го гуши бракот,а особено кога мажот живее со родителите на жената.
 
„Домазет не ода ја, от ми е срам од мајка е и татко е...” :pos:
Шала на страна.

Си имам мое и жената ќе живее во моето, без никој да ни се меша.
 
Има причина зошто е редок домазетлукот...
Не би одел домазет и тоа нема врска со горделивоста. Рационален сум и сакам да шетам по гаќи и синдикалка по дома. Не сакам миљинја и вазни на телевизор. Не сакам мали филџани за кафе. На фудбалот и шпанските им се подудара терминот чат пат.
Сакам моја територија.
 
Важно е да им е убаво и имаат среќа, радост и љубов, а каде се, мислите дека им е битно ако тоа е се в ред?
 
Абе каков домазет. Ни на сон. А уопште живеење со родители не е добра работа. Моите го имаат сватено тоа (фала богу), иако уште ми е рано за женење :kez: . Абе луѓе со родители дома не можеш да се шеташ гол низ куќа, а да не збориме дека не можеш да се :sekss: на раат.:pos:
 
Хммм
Не гледам зошто да не оди домазет ако условите што ги има девојката се подобри .. нормално дека сум за самостоен живот настрана од сите родители ама ако се нема можности за такво нешто ке се оди таму каде што се има подобри услови за живот додека не се создадат услови за свој живот.
 
Devilish Angel напиша:
Хммм
Не гледам зошто да не оди домазет ако условите што ги има девојката се подобри .. нормално дека сум за самостоен живот настрана од сите родители ама ако се нема можности за такво нешто ке се оди таму каде што се има подобри услови за живот додека не се создадат услови за свој живот.
Да точно сакаш мажти по цел ден на гаќи да си шета по дома и да си прди кај сака (двор ми е кур ми е)!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom