Колко пати да ти велам дека това веке го видовме со системот С-300 и С-200 на Балканот во минатото когато СССР ги стави на Балканот...
Едно време немаше подобри системи от нив... па не се разтресе Балканот... Тези системи са за одбрана,а не за нешто друго,което ти очекуваш... Баш заштото никоj нема намера да бомбардира РМ-баш затова нема зашто да се плашат другите.
Види Искандер-това е друга работа и това навистина ке разстресе Балканот.
Изгледа ке мора да ти надробам.
1.С-300 во времето за кое ти зборуваш беше систем со домет од 90 км.Значи иако бил разместен,(знаеме ајде оти имате с-300) не може да биде закана освен ако НАТО немал намера да нападне земја која го имала.
2.Јужното крило на НАТО во тоа време беше оската Италија-Атина-Турција,и жестоко се бореа за да добијат позиции на Балканот,позиции заради кои и твојата земја влезе во НАТО иако во суштина самата ни одблиску не беше подготвена за такво нешто.
3.Спомна колку напреднале денес авионите па затоа напреднале и ПВО системите.Ке може ли да бидеш љубезен па да направиш една компарација на можностите на земјите членки на НАТО тогаш и колку напреднале до денес и да споредиш со можностите на С фамилијата на системите?
За да имаш од каде да почнеш еве јас ке ти помогнам малку со воздухопловството на твојата земја да речеме која обратно од она што го кажа ти сега е послаба од што беше тогаш.Ако тогаш имавте потентни машини како Миг 23 и 25,денес носители на воздушната моќ ви се МИГ-21 БИС.
Системот С-300 во тоа време имаше домет макс до 90 км(и тоа зборам округло а помал е) за денес еден С-400 има домет од 400 км,и земи во предвид дека може да следи секаков вид на летечки објекти вклучувајќи и суперсонични крстосувачки проектили и стелт авиони(кои единствено ги има САД засега).
Слично е и со останатите возухопловства на бившите источни земји освен Унгарија која изнајми Грипени меѓутоа кои повторно не се ништо посебно закана повеќе за системи како С-400.Најпотентното воздухоповство на Балканот и најмодерно опременото,она Атинското ке биде загрозено не пак овие останатите..
Е сега ако НАТО толку време се мачеше да воспостави позиции на Балканот и да го консолидира своето Јужно крило и конечно Атина и Турција да бидат вистински поврзани со главнината на НАТО земјите,можеш ли да замислиш какви последици би имало за тоа толку важно Јужно крило ако на најклучната точка во срцето на Јужното крило Русија распореди систем со кој во круг од 400 км ке има контрола на воздушниот простор на НАТО?Замисли ако го распоредат во Македонија ке бидат во можност да ви ги рушат авионите уште на ваша територија,посебно со вашето воздухопловство Бугарија исто и како да го нема.Просто речено ке се создаде Црна дупка во сред клучна позиција на НАТО за кои тие најверојатно ке мора такви пертумбации да направат со концентрација на војска и опрема да ќе банкоритраат уште 5 држави.А во моментов НАТО со своите проблеми не може да реагира ниту на бунт во некое селце во Европа а камо ли да одговори на таква закана од стратешки размери.Погледни само како ја заклаа Германската армија со последната одлука на владата.Половина морнарица им отиде јабана.
Понатаму не знам што толку тупиш систем за одбрана.Кај напишав јас дека е офанзивно оружје?С-400 е систем за одбрана ама со својот домет тој ви ги врзува рацете на исте во круг од 400 км околу Македонија,дали ти е јасно што значи врзување раце?Разбираш ли ти потенцијалните закани од разместување на такво нешто?Нема да можете да дигнете авион без да знаат Русите за тоа,мислиш ке го толерира некој во штабот на НАТО?Исто како да си дозволил да инсталираат камери и микрофон Русите во воздухопловниот штаб на НАТО на јужното крило.
И читајте убаво,не велам дека ке го добие Македонија тој систем,велам дека Македонија би можела (под икс изговори јас го дадов за пример оној кој го користат НАТО челниките за размстување на нивното ПВО)да побара Русите да го разместат,слично како Американците во Полска или Романија.Да не примеа во НАТО веројатно Американците ке го направеа тоа,ама бидејќи е јасно дека НАТО не ја сака Македонија во НАТО тогаш ние како држава имаме право на соработка со држави на кои не им пречи истата,а Русија верувам дека не би имала ништо против како контра тежа на заканите на НАТО со инсталација на ПВО системи на нејзините граници да одоговори со инсталација на истите во срцето на Јужното крило на НАТО.
На крај Искандер е офанзивно оружје.А таквите се строго регулирани со СТАРТ договорите.Посебно разместување во странски земји.
Убаво напишав и во првиот пост на темата.Не велам дека с-400 навистина ке беше разместен,се што велам е дека можеше некој да изблефира,доволно ке беше само некој да спомне дека се РАЗГОВАРАЛО за такво нешто.Погледнете само колку години Русите добиваат отстапки со заканата за испорака на С-300 на Иран.Прашувам нон стоп па ке те прашам и тебе ФМИ зошто ако не е никаква закана толку фама секогаш кога ке се спомне испораката на таков систем на Иран?
Нам ни се загрозени националните интереси од страна на Атина со употреба на проекција на сила.Зошто и ние не би презеле сличен чекор?Па да видиме како е да се биде конструктивен и да се преговара кога си под закана на сила.Да видам која ке биде тогаш аргументацијата на ЕУ/НАТО политичарите,бидејќи и самите се свесни дека Атина намерно или не загрозува витални интереси на западот со нејзината игра.
Точно,евентуалната таква игра од наша страна ке има последици,ама пак и со ова играње до сега последиците се тешки за нас.Овака ке им ставиме до знаење дека ако сакаат една таква клучна позиција на Балканот како Македонија тогаш ке мора и тие да дадат нешто за возврат.А многу ли бараме?
--- надополнето ---
Разумно размислуваш ама свесен дека е тоа чиста научна фантастика. Може само да сонуваме и пак нема да биде

.
Една изјава без ништо конкретно напротив не би била СФ воопшто.Кога после ке дојдеа да се интересираат и убедуваат да размислиме веднаш ке одговоревме дека само сме ја разгледале можноста...Знаеш денеска не е тајна дека НАТО/САД/Западот е најранлив на сопствените тактики.Ал Каеда,Талибанците тоа се се инструменти кои во минатото ги користеа истите како контратежа на СССР.Така да штом тие со тактиката ако сакате во НАТО треба ,,добрососедство,, тогаш ајде и ние да пробаме и да видиме колку навистина сакаат да не видат во НАТО?А верувај сакаат.
А и да бидеме јасни,не велам дека треба да сонуваме за некакви сојузи со Русија или комплетно да се свртиме на кај неа,тоа веројатно би било погубно,слично на Србија која се надеваше на помош од истата.Едноставно треба еден мал флерт,па и по цена да го примиме еднаш,па да видиме љубоморниот НАТО како ке реагира?А знам дека е заљубен во Македонија.