One Оператор - Генерална Дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Јас со истечена тарифа терам 5 години и телефон од оператор истотолкаво време од оператор не сум купил нити па ми треба од нив. Порано им беше лесно, ама сега сите имаат интернет и знаат која е реалната цена на телефоните. Се останато е калкулации, превари, скриени трошоци...
 
Jas sum mnogu zadovolen od ONE , za 2 broja plakam 550 denari , bonusot mi ja namaluva mesecnata smetka.
Ne znam vie zosto zemate takvi telefoni i katastrofa od pred 2-3 godini se i mnogu skapi gi imat.
 
@Acohipmk Доколку ти одговара тарифата на која што си сега, продолжи го договорот, но барај бонусот да ги го одбиваат од претплатата. 11000 денари за на 12 месеци, таман ќе ти дојде колку што ти е сметката и практично една година нема да плаќаш сметки или ќе плаќаш нешто ситно. А со парите што ќе ги заштедиш купи си телефон од продавница. Телефон од оператор не се зема. Толку им се надувани им се цените, што поевтино е од продавница да си го купиш, башка што имаат многу поголем избор.
 
@Acohipmk Доколку ти одговара тарифата на која што си сега, продолжи го договорот, но барај бонусот да ги го одбиваат од претплатата. 11000 денари за на 12 месеци, таман ќе ти дојде колку што ти е сметката и практично една година нема да плаќаш сметки или ќе плаќаш нешто ситно. А со парите што ќе ги заштедиш купи си телефон од продавница. Телефон од оператор не се зема. Толку им се надувани им се цените, што поевтино е од продавница да си го купиш, башка што имаат многу поголем избор.
Денес се сетив и јас на ова. Бев повторно и прашав дали може помалиот бонус да ми го префрлат во сметките. Тој од 6500 денари да ми го пресметаат на новата тарифа Mobile Go M, затоа што е подобра од оваа што сум моментално. Не може ми рекоа. Ако се префрлам на таа тарифа тогаш бонусот ми важи само за телефон. Ако останам на оваа тарифа тогаш може. Па ќе размислам дали да останам на оваа. Селект тарифа е со комбинации, излегува 950 денари претплата но речиси секогаш надминувам 1000 денари. Пресметував излегува 491 денар месечно што е смешно, така да можеби ќе останам на тоа па ќе си купам телефон од друго место. :)
 
јас сум корисник на оне во преплатата тотал , и плакам 1000 месечно , е сега ме интересира дали можам да земам нешто на рати ( таблет , лап топ ) , месечната рата да ми иде на сметката ?
 
Дечки некој проблеми со мобилната телефонија денес? Немам мрежа, сметки платени :/
 
Конечно го прекинувам договорот со оваа лоповска компанија. Уште денес ми бараат да го вратам CAM модулот кој регуларно си го платив 800 денари. Велат, наплатата била за услуга за промена на опрема. Која промена бе, со кур не мрднавте, ви го вратив Бум- уредот, си го платив КАМ-от и сам си го поставив во телевизорот:) Али, што ми е крив продавачот, целата фирма се базира на тоа колку повеќе ќе те заколат, а мене никој не ми е крив што не читам договори.

7 години отидоа неповрат, не знам како можев воопшто толку многу време да останам кај нив.
 
Здраво на сите!
Потребна ми е итна помош од сите кои се разбираат од оваа работа?!
Пред околу месец дена купив нов мобилен телефон Alcatel idol2 miniS и на него ја префрлив картичката од стариот телефон NOKIA (кој го користев повеќе од 10 години!).
Без да барам да се додаде опција на интернет на новиот телефон имаше некаков интернет. Без предупредување, односно без некаква најава дека интернетот е многу скап, ако го користам, односно да не го користам без нивна согласност, ми испратија порака дека има интернет по супер цена од 199 денари со 3GB!? Ако ја прифаќам оваа понуда да се јавам на (02)181 за да го активирам пакетот, сега од 1-ви април. Откако се јавив, ми стигна порака дека треба предходно да платам фактура од 7280 денари во рок од 2 дена! Ако не ја платам ќе бидам исклучен. Јас оваа чудна сума не ја платив и сега моментално сум блокиран!!?
Инаку телефонот NOKIA го имам купено пред повеќе од 10 години.
Сум редовен плаќач на овој провајдер"ONE" сите овие години, кој сега се вика вака, пред тоа поинаку се викаше. Сега моментално ја користам опцијата од 199 денари за 300минути без обврски.
Па народе, дајте идеи, насоки, мислења - како да се справам со плаќањето на оваа нелогична уценувачка сума?!
Поточно каде да барам помош во оваа наша држава?
Однапред благодарам!
П.С.
Да се знае, дека го користам и БУМ нивниот ТВ пакет!
 
Побарај да ти дозволат на рати да го платиш долгот
 
Дали вие што сте на ОНЕ Припејд дали постои и ви работи тоа за 39 ден/300MB ??
 
Zdravo sakam da ve prasam dali telefonite sto gi nudi one se kodirani odnosto dali moze da rabotat i so t-mobile kartica inaku telefonot e zemen pred 2 godini
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom