Руските обиди за бугаризација на Србија

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување
Баш интересно,а каде е таа тапија на МПЦ,и зошто не ја употреби во решавањето на спорот со СПЦ?За време на СХС,на овие простори епархиите ги администрирале владиците од СПЦ.Значи во Југославија,со создавањето на МПЦ создадена е на световен начин,значи постои шизма.Потребно и е признавање од тој што се дели,односно од СПЦ,а послем и од Цариградската патријаршија,и сите православни цркви

Ако мислиш дека некој пред 1000 години се разбудил едно убаво утро и си рекол “ај да правам црква“ и ја направил Охридската Архиепископија тогаш или си глупав или глупав се правиш намерно...

Охридската Архиепископија постоела, тој статус некој и го дал.
А покрај тоа, за подигање на нејзиниот статус во ранг на патријаршија не биле доволни само убавите желби на Цар Самоил. Во тоа време кога Црквата била многу важна во животот на народите и државите многу важно било и нејзиниот статус да биде легален. Такво нешто можел да направи само некој со висок црковен ранг од ранг на патријарх и затоа се бара и добива такво нешто од Римскиот Патријарх. Тој ФАКТ никој не го оспорува. Никој не оспорува дека Охридската Црква суштествувала како Патријаршија.

После падот на Самоиловото царство, императорот Василиј II е тој кој нејзиниот статус го симнува на ранг на Архиепископија од едноставна причина што во едно царство може да има еден цар и еден патријарх.

Но тоа симнување на ниво на Архиепископија не е извршено од страна на црковни авторитети туку световни. Рангот на ОА е подигнат од страна на црковни авторитети а симнат од страна на световни. Тоа е, споредено, исто како Врховниот командант (претседателот) на една војска да унапреди некој офицер во ранг на генерал, а потоа тој ист генерал да биде деградиран во понизок чин од страна на премиерот?! Чинот на еден генерал е “Генерал“ дури и кога неговата земја ќе биде завземена од страна на туѓа држава и војска и може да му биде одземен само од тој што му го дал во законска постапка...

Како и да е, Охридската Архиепископија опстанува се до укинувањето во 18 век (1767 г.). Но и тоа укинување не е законско од страна на црковната власт, туку од световната власт, уште и повеќе - таа световна власт дури не била ни Христијанска. Така, Охридската Патријаршија всушност де факто не е никогаш укината по законски, црковен пат и по таа логика таа сеуште суштествува.

А Српската и Бугарската црква се незаконски цркви, затоа што нивните диецези претходно потпаѓале под Охридската Патријаршија и кога барале статус на Патријаршија требало всушност тоа да го бараат од Охридската Патријархија. Но, таа тогаш реално не постоела, бидејќи била укината од турската световна власт.

Мислата ми беше дека, наместо Србите и Бугарите да заќутат, да се покријат од срам што нивните цркви се узурпирани врз маката и несреќата на братскиот христијански народ и неговата Црква, тие врескаат, му се топорат на послабиот и се обидуваат да го попречат неговото постоење...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom