Која марка на мобилни телефони е најдобра?

WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
Ме интересира која марка на телефони е најдобра според Македонците, која марка е најкупувана,најквалитетна итн.
Гласајте тука
 
Најкупувана дефинитивно е Sony Ericsson. Од друга страна најквалитетна од механички гледан аспект е Nokia, бидејки докажано е дека највеќе ќотек јадат и пак функционираат повеќето од моделите.
Која марка е “најдобра“ тоа е веч индивидуално, зависно од персонален вкус.

Јас би ги ставл Сони Ериксон на прво место, чисто ради тоа што се средени, шмекерски, убави телефони. Менито им е средено, се си е на место. Нокиите имаат најтиња мениа, се им е хаос, на куп нафрлано безвезе.
Сони Ериксон е неспоредлив кога станува збор за звукот што го репродуцира, (не за звучникот туку за излезот), и квалитетот на сликата од камерата.
Од друга страна нокиа е пофункционална во збор на гаџети, pdf читачи, микро офис, тие ситни предности што ги носи симбијан софтверот.

Останатите марки се сеуште во подем, немаат толку модели за да може да се споредат со Nokia и Sony Ericsson.

HTC и BlackBerry се друга класа телефони, затоа не ги споменав.
 
сони ериксон ми се најлесни за ракување. некако едноставни се
 
Сони Ериксон и нокија најдобри, Саџем и Самсунг најлоши..:toe:
 
Сони Ериксон дефинитивно се најдобри, имаат супер мени, а камерата џам.:)
 
Nokia are the Best!!! Најквалитетни телефони, посебно N series. Иако имам XM...
Сите што се разбираат во телефони ќе речат дека е Нокиа...
 
За мене најдобри телефони има Sony Ericsson!
 
За мене Нокиа е дефиниција за одличен телефон.
 
Престанав да користам Ericsson откако ги купија Sony. Ѓубре се сеа.
 
Само Нокиа и Сони Ериксон ;)
 
сите сони ериксон и нокиа а зошто не ми е јасно ?? тие сони ериксон преглупи се секој модел ист дизајн како тро појќе не се креативни барем на то поле, нокиата се крепи тро од тро
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom