Австријците сакаат конкурентна цена на струјата
Австријците и официјално го презедоа управувањето со „ЕСМ-дистрибуција” откако министерот за економија Фатмир Бесими симболично му ја предаде таа домашна компанија на Бурхард Хофер, претседател на Управниот одбор на ЕВН. Новите мнозински акционери во наредните три години треба да инвестираат 96 милиони евра во „ЕСМ-дистрибуција”, кои ќе ги вложеле во безбедност, квалитет во снабдувањето, намалување на техничките загуби. Како што навестија,
цената на струјата ќе биде конкурентна.
- Важно е да се подготвиме за конкуренцијата и да понудиме конкурентни цени, но не можеме да ги затвориме очите пред фактот дека и
во светот поскапува енергијата и оти се зголемува побарувачката, особено од Индија и во Кина - рече Петер Лајр, претседател на надзорниот одбор на ЕСМ. Како што рече, колку што ќе можат да се искористат ресурсите во Македонија толку и цената ќе се одржи на ниско ниво.
Засега Австријците немаат стратегија како ќе ја зголемат наплатата и како ќе го наплатат заостанатото, појаснувајќи дека не се запознаени со деталите во работењето на компанијата, но ќе работат на будење на свеста дека енергијата е вредна и дека треба да се штеди.
- Модернизација на објектите и на мрежата, подобрување на безбедноста, намалување на техничките загуби и, пред се, подобар квалитет за нашите клиенти се основните цели на кои ќе работиме - изјави Лајр, најавувајќи дека ќе работат и на искористување на водните ресурси за да може да се обезбеди ниско ниво на цената на електричната енергија.
Работењето во Македонија, очекуваат од ЕВН, ќе ја продлабочи соработката со Австрија и ќе донесе предности за земјава.
„ЕСМ -дистрибуција” од вчера има нов Управен одбор во кој претседател е Георг Валднер, заменик-претседател Карл Хајнц Грасман, а досегашниот генерален директор на претпријатието Илија Спировски е трет член во ова тело. Одлуката за отповикување на стариот и именување нов управен одбор ја донесе надзорниот одбор на „ЕСМ-дистрибуција”.
Австриската компанија ЕВН АГ стана доминантен сопственик на „ЕСМ-дистрибуција” откако нивната понуда од 225 милиони евра беше избрана како најповолна на тендерот. Според информациите, приватизираната компанија во наредниве три години најверојатно нема да го менува името.
И пак истата состојба - падот на Византија
И пак истата состојба - Македонија на колена