Енергетска криза и се заканува на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Serdarot
  • Време на започнување Време на започнување
E pa corba,e pa Makedonce toa ti e.
 
оспод да те чува од приуки офчари (и нашите политичари и абцдиња)

кој да ве разбери, та тебе, та другите
 
Македонија ќе има струја само до крајот на декември, додека од јануари до март в година се очекува да биде критично снабдувањето со електрична енергија, најавија од државната компанија за пренос на електричната енергија МЕПСО. На тендерот за увоз на овој енергенс, државата бараше 2,9 терават-часа, а осумте фирми што излегоа може да ни продадат околу 35 отсто помалку од количествата што и се потребни на државата.

Според Трајче Черепналкоски, директор на МЕПСО, во случај да се прифати електричната енергија од сите понудувачи, може да се очекува дека првото тримесечје од 2007 година земјава ќе ја погоди енергетска криза.

- Очигледно е дека целиот регион се соочува со недостиг од електрична енергија, а цената на понудениот производ е многу висока. Потрошувачите ќе треба да штедат, а мора да размислуваме за пронаоѓање алтернативни извори на енергија - изјави Черепналкоски по вчерашното отворање на понудите. Пријавените фирми на тендерот на кој Македонија бараше струја во износ од близу 120 милиони евра, понудиле речиси двојно поскапа струја.

Како што информира Черепналкоски, цените се движеле од 23 до 44 евра за мегават-час за ноќна енергија и од 45 до 69 евра за дневна енергија. Според калкулациите, споредено со ланскиот увоз, трговците со струја понудиле речиси двојно поскап енергенс.

Едно од решенијата, вели Черепналкоски, е допрва да распишеме уште еден тендер за набавка на 30-те отсто што фирмите во моментов не можат да ни ги обезбедат. Дознаваме дека набавката на овие количества државата би ги платила тројно поскапо.

Неофицијално, на отворањето на понудите речиси сите фирми биле подготвени да ни испорачаат најмалку струја во зимските месеци, кога ни се најпотребни, бидејќи потрошувачката тогаш е драстично зголемена.

На последниот меѓународен повик за набавка на струја учествуваа швајцарски „Ател”, ЕФТ од Велика Британија, бугарското електростопанство НЕК, потоа српското електростопанство ЕПС, „Семпра” од Романија, германските трговци ПЦЦ и компанијата „Еспеда” од Чешка. Допрва стручна комисија ќе врши евалуација на понудите и ќе одбира од кого државата да ја купува струјата во наредниве 12 месеци. Познавачите велат дека недостигот од увоз доаѓа во невреме за земјава, во услови кога „Електрани на Македонија” поради беспарица најави дека годинава нема да изврши редовни технички ремонти на клучните домашни термоцентрали „Битола” и „Осломеј”.

Ќе не фрлат ли на колена или со свеќи да ги потпалиме кладите на 21-век на кои ќе горат ”чесните„ наши раскрчмители од СДСМ и ДПМНЕ?
 
Garfield напиша:
Ќе не фрлат ли на колена или со свеќи да ги потпалиме кладите на 21-век на кои ќе горат ”чесните„ наши раскрчмители од СДСМ и ДПМНЕ?

не се раскрчмители, „навивачи на Партизан” се. :)
ама, од кол на кол, коло в газ, па трт на мара гаќите. не мора некој да греши душа и куршуми ова она. некое ракче ќе му никне или срце ќе му рикне :cuc: :pop: :baeh:

само точно е дека некоаш кушумо, пошо чунки брз, малку го забрзват процесо

само да не дој работата до куршум. неколку годинки на присилна робија тамам се за мој вкус :)
 
тамам да се озрачат малку од нуклеарката на абчкљ

не бе, мајтап, ќе ми засмрдат вилаето, заеби ти Мариово :)

во некоја рудничка јама или камења да кршат или пошумување ДА, ама тетове :)

на тетовските ридој да ги пуштиш
 
Garfield напиша:
ПОшумување на Мариово, ионака голет го сторија.
Dobra idea macore...ama sadnici , od kade sadnici?????..., ako ne si zabelezal gi sotrele i rasadnicite :):):)!!!
 
Цехот ќе го платиме сите
Мирче Котевски

Граѓаните скапо ќе ги платат енергетската криза и недостигот од струја што се очекува да ја погоди земјава веќе во почетокот на идната година. Вака аналитичарите го гледаат отворањето на понудите на последниот тендер за купување електрична енергија од увоз, кој покажа дека ниту една странска компанија не може да ги задоволи потребите на земјава за наредниве 12 месеци.

Како што веќе навестија од МЕПСО, земјава ќе има струја само до крајот на декември. Од јануари до април в година се очекува огромен недостиг од енергенсот. Деветте фирми што излегоа може да ни продадат околу 35 отсто помалку од количествата што и се потребни на државата.

Пријавените фирми на тендерот на кој Македонија бараше струја во износ од близу 120 милиони евра понудиле помали количества, но речиси за двојно повисока цена од ланската (од 44 до 69 евра за мегават-часа). Тоа, неминовно, ќе удри по џебот на граѓаните.

- Ако се гледа според крајно неповолно избраниот модел на пазарот, МЕПСО воопшто не е загрижен за цената според која ќе ја набави електричната енергија затоа што преку регулаторната комисија си обезбеди фиксна цена за транспорт на енергенсот. Така, секоја вредност на производот добиена на пазарот директно ќе се рефлектира врз крајната цена на струјата за потрошувачите - предвидува Влатко Чингоски, претседател на Здружението на енергетичари (ЗЕМАК).

Како што вели Чингоски, наместо Владата во овие изминати четири години да работи на изградба на нови енергетски објекти, таа избрза со примена на погрешен модел на пазар со драстично реструктурирање на системот и со негова деградација.

Наместо да ги вложи парите во нови капитални инвестициски објекти, им ги даде на трговците со електрична енергија. Го понижи сопственото производство со смешно ниски цени и го стави на колена целиот производствен дел од старото ЕСМ. И денес истото го прави со трансфер на повеќе од 120 милиони евра во рацете на трговците со електрична енергија, а на сметка на запоставување на сопственото производство - вели Чингоски.

Тој наведе пример дека со 120 милиони евра можеше за две години да се изгради гасна централа со инсталирана моќ од повеќе од 250 мегавати, која годишно ќе произведува повеќе од 1.6 терават-часа.

- Ако се соберат сите пари потрошени на увоз на енергија во последните четири години, сумата ќе надмине 250 милиони евра. Очигледно некому повеќе му одговара да ја купува наместо да ја произведува во сопствената држава - смета Чингоски.

Првиот човек на ЗЕМАК го оцени апелот да се штеди струјата како „тешка хипокризија”.

- МЕПСО ги има сите правни механизми елегантно да го реши проблемот. Со закон, големите потрошувачи имаат право да си избираат снабдувач. МЕПСО, бидејќи има јавна функција, треба да ги откачи големите потрошувачи и да им даде шанса сами да се снабдат со електрична енергија - категоричен е Чингоски.
 
Бучковски веднаш да каже зошто го продаде ЕСМ
Премиерот Владо Бучковски веднаш да и одговори на јавноста зошто само два месеца пред изборите го продаде ЕСМ, побара ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција.

- Со месеци укажувавме дека продажбата на ЕСМ е штетна. Не станува збор за несуштински капацитети, како што сака да прикаже Владата, туку за капацитети од највитален интерес. Со продажбата на капацитетите на РЕК „Битола” и се причинува огромна штета за државата - изјави Зоран Коњановски, претседател на Советот на општината Битола.

Според Илија Китановски, пратеник од Кичево, продажбата на ЕСМ пред изборите претставува голем скандал и противзаконски потег на Владата.

- Околу 300 вработени во РЕК „Осломеј” ќе останат без работа и економски ќе бидат загрозени нови 300 семејства. Истите тие вработени потпишаа петиција против продажбата на капацитетите на РЕК „Осломеј”, но раководството веднаш им се закани дека ќе бидат отпуштени - рече Китановски.

Тој обвини дека во РЕК „Осломеј” се случувал криминал и посочи дека кичевската пицерија „Мини” и автомијачницата „БН ВАП” во 2005 година од РЕК „Осломеј” заработиле 1.162.000 евра бидејќи биле ангажирани да ги ремонтираат машините.
 
Австријците сакаат конкурентна цена на струјата
esm-1_jpg(1).jpg
Австријците и официјално го презедоа управувањето со „ЕСМ-дистрибуција” откако министерот за економија Фатмир Бесими симболично му ја предаде таа домашна компанија на Бурхард Хофер, претседател на Управниот одбор на ЕВН. Новите мнозински акционери во наредните три години треба да инвестираат 96 милиони евра во „ЕСМ-дистрибуција”, кои ќе ги вложеле во безбедност, квалитет во снабдувањето, намалување на техничките загуби. Како што навестија, цената на струјата ќе биде конкурентна.

- Важно е да се подготвиме за конкуренцијата и да понудиме конкурентни цени, но не можеме да ги затвориме очите пред фактот дека и во светот поскапува енергијата и оти се зголемува побарувачката, особено од Индија и во Кина - рече Петер Лајр, претседател на надзорниот одбор на ЕСМ. Како што рече, колку што ќе можат да се искористат ресурсите во Македонија толку и цената ќе се одржи на ниско ниво.

Засега Австријците немаат стратегија како ќе ја зголемат наплатата и како ќе го наплатат заостанатото, појаснувајќи дека не се запознаени со деталите во работењето на компанијата, но ќе работат на будење на свеста дека енергијата е вредна и дека треба да се штеди.

- Модернизација на објектите и на мрежата, подобрување на безбедноста, намалување на техничките загуби и, пред се, подобар квалитет за нашите клиенти се основните цели на кои ќе работиме - изјави Лајр, најавувајќи дека ќе работат и на искористување на водните ресурси за да може да се обезбеди ниско ниво на цената на електричната енергија.
Работењето во Македонија, очекуваат од ЕВН, ќе ја продлабочи соработката со Австрија и ќе донесе предности за земјава.

„ЕСМ -дистрибуција” од вчера има нов Управен одбор во кој претседател е Георг Валднер, заменик-претседател Карл Хајнц Грасман, а досегашниот генерален директор на претпријатието Илија Спировски е трет член во ова тело. Одлуката за отповикување на стариот и именување нов управен одбор ја донесе надзорниот одбор на „ЕСМ-дистрибуција”.

Австриската компанија ЕВН АГ стана доминантен сопственик на „ЕСМ-дистрибуција” откако нивната понуда од 225 милиони евра беше избрана како најповолна на тендерот. Според информациите, приватизираната компанија во наредниве три години најверојатно нема да го менува името.


И пак истата состојба - падот на Византија
И пак истата состојба - Македонија на колена
 
Garfield напиша:
Цехот ќе го платиме сите
Мирче Котевски
Тој наведе пример дека со 120 милиони евра можеше за две години да се изгради гасна централа со инсталирана моќ од повеќе од 250 мегавати, која годишно ќе произведува повеќе од 1.6 терават-часа.

- Ако се соберат сите пари потрошени на увоз на енергија во последните четири години, сумата ќе надмине 250 милиони евра. Очигледно некому повеќе му одговара да ја купува наместо да ја произведува во сопствената држава - смета Чингоски.


тоа се факти. секој кој има барем два грама мозок ќе свати.
 
Како што вели Чингоски, наместо Владата во овие изминати четири години да работи на изградба на нови енергетски објекти, таа избрза со примена на погрешен модел на пазар со драстично реструктурирање на системот и со негова деградација.

Наместо да ги вложи парите во нови капитални инвестициски објекти, им ги даде на трговците со електрична енергија. Го понижи сопственото производство со смешно ниски цени и го стави на колена целиот производствен дел од старото ЕСМ. И денес истото го прави со трансфер на повеќе од 120 милиони евра во рацете на трговците со електрична енергија, а на сметка на запоставување на сопственото производство - вели Чингоски.
 
Koja vlada macore??? Kade nekogas si videl nesto kako "VLADA" vo Makedonija??
Takvite zbirstini imaat drugo ime vo normalniot svet ( ako takov uste ima), a ova sto vo MKD se prodava rog za kopito toa e veke problem na pragot na izdrzlivost na FYR-ovcite....vidlivo mnooogu visok :):):)!!
 
Влада=арамиско гнездо!

Пишува влада, читај арамиското гнездо.
 
само едно прашање... треба некој новинар да ги напиши работите, и тоа коструирано по негов (или нечиј) аршин, та да се задумате околу некоја проблематика?

шо е со думање пред да се скокни со гол газ в трње? нели и тогаш можи да се заклучи дека трње се трње, и газето крваво ќе ни биди на крајот?
муабетов со парите јас можев и пред една недела и пред една година и пред 10 години да ти го кажам

само будала си го продава бунарот, а пак во сушна година, треба крал на лудите да си, да го сториш тоа.

продај си бунаро, за да купваш вода. ах бе... кај ни е крајо само да знам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom