Капитализмот е зло!

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување
Оф леле. Со ова сакаш да кажиуш дека не бил убав Социјализмот во СФРЈ а? Демек ако бил убав не ќе се распаднел а?
Се распадна СФРЈ затоа што беше во интерес на САД и Западот. Е беше трн в око Југославија на САД и Западот.

Убав е бе,кој вели дека не е,ти кажав што е проблем,инаку да можеше вака многу убаво би било,мислиш јас не сакам да се излегавам на работни места и да си доаѓа платата од државата.
 
"Капитализмот е зло"-рече хипикот и лакомо загриза од Биг Мекот.
 
Абе види сите сакаат фотелји ама некој морат да работат и физички работи. Не можит сега сите да бидиме директори или службеници.
Друго дали некој директор бирократ што земат 1000 евра плата пружат повеќе труд и мака од некој работник шо земат 100 евра??
 
Кога ке сфатиш дека мора да постои аристократија за да се воспостави ред во едно општество ке сфатиш дека твојот идеал е нефукционален...па дури и во твојот комунизам имаше "црвена аристократија"кој створи дебилни створења кои ја раздрмаа економијата на Југославија
 
Дечко, прво еден совет - не коментирај економски прашања или ако веќе имаш толкава желба претходно едуцирај се. Не дека мене ми е испод чест да дебатирам со неписмени луѓе, туку лично за тебе, да не се срамиш пред другите... што се однесува до темата, очигледно немаш фактографски познавања од факторите поврзани со вреднувањето на работната сила. Интензитетот на работа или како што го нарекуваш труд не е единствен параметар кој ја детерминира висината на наемнината. Прво и основно постои нешто што се вика квалификација на работниците, односно не се еднакво способни некој со два часа физичко и голем одмор меѓу нив и некој магистар. Второ, сопственикот на ентитетот вложува некаков капитал во тоа што го создава. Постои ризик тој капитал да пропадне, а од друга страна за истиот може да добие некака сигурна добивка го банка - тоа ти се нарекува опортунитетен трошок. Што значи, сопственикот мора во добивката да го вкалкулира и ризикот, додека работникот не може да изгуби ништо, на веќе организирана работа, без никаков ризик, неговата задача е само да се појави на работното место и да го заврши она што му било кажано... така да, немој вакви муабети, од чорапи ме вадат... се жалите нонстоп дека нема пари, а еве со милион вакви примери само потврдувате дека не сакате да работите. Епа нема брат веќе социјализам, не работи ништо, земај со секого исто... заврши тоа време...
 
Кога ке сфатиш дека мора да постои аристократија
A зошто да постои Аристократија кога аристократијата најмалку придонесува т.е. оние кои седат во фотељи и не пипнале ни пенкало ...
А некој шо погрешно го сватил системот кој му е крив?
 
Дечкото погоре ти објасни,читај,не летај како мува без глава.
 
Дечко, прво еден совет - не коментирај економски прашања или ако веќе имаш толкава желба претходно едуцирај се. Не дека мене ми е испод чест да дебатирам со неписмени луѓе, туку лично за тебе, да не се срамиш пред другите... што се однесува до темата, очигледно немаш фактографски познавања од факторите поврзани со вреднувањето на работната сила. Интензитетот на работа или како што го нарекуваш труд не е единствен параметар кој ја детерминира висината на наемнината. Прво и основно постои нешто што се вика квалификација на работниците, односно не се еднакво способни некој со два часа физичко и голем одмор меѓу нив и некој магистар. Второ, сопственикот на ентитетот вложува некаков капитал во тоа што го создава. Постои ризик тој капитал да пропадне, а од друга страна за истиот може да добие некака сигурна добивка го банка - тоа ти се нарекува опортунитетен трошок. Што значи, сопственикот мора во добивката да го вкалкулира и ризикот, додека работникот не може да изгуби ништо, на веќе организирана работа, без никаков ризик, неговата задача е само да се појави на работното место и да го заврши она што му било кажано... така да, немој вакви муабети, од чорапи ме вадат... се жалите нонстоп дека нема пари, а еве со милион вакви примери само потврдувате дека не сакате да работите. Епа нема брат веќе социјализам, не работи ништо, земај со секого исто... заврши тоа време...
E вака сега: Некој што ќе работит 8 сати ќе се отепат од работа, ќе земат плата 7000 денари, а некој ќе работит 4 сати и то нон стоп ќе седит, а плата ќе земит 15000 денари.- Од причина шо газдата му е роднина Друг пример некој со Факултет работат амалска работа, а некој со основно работит во Општина со Партиска книшка. Мизерии.

Дали тука земаат плата секои според заслугите???
 
лелелел Заптија .. абе баби и жаби чоек мешаш тоа чудо ...
 
Доволен е поглед на Германија по падот на Берлинскиот ѕид за да се види кое зло е идејата на комуњарчињата.... наместо сите еднакви во богатството на крај се некако им излегува сите еднакви во сиромаштијата. Оние источно од ѕидот со лимени трабанти, а тие од западот "експлоатирачите" со мерцедеси, бмв и ауди...
 
На една одамна спроведена анкета граѓаните од Источна Немачка мнозинство се изјасниле дека поубаво се живеело пред 1989 година.
 
Многу е трагикомично што овде на нашите простори не постоел ниту социјализам, ниту пак капитализам во вистинската смисла за да може да се врши компарација. Овде отсекогаш постоел само тренд кон кој сме се стремеле, арно ама секогаш во погрешен момент се ширел трендот. Или просто речено џабе ти е ако излезеш нафатиран, а не туширан. Што би рекле мишките секогаш не издавале и покрај новата ни облека... за жал
 
E вака сега: Некој што ќе работит 8 сати ќе се отепат од работа, ќе земат плата 7000 денари, а некој ќе работит 4 сати и то нон стоп ќе седит, а плата ќе земит 15000 денари.- Од причина шо газдата му е роднина Друг пример некој со Факултет работат амалска работа, а некој со основно работит во Општина со Партиска книшка. Мизерии.

Дали тука земаат плата секои според заслугите???

А ти прочита некаде да напишав дека системот е идален ? Не е... ако си нечиј роднина негов избор е дали ќе ти даде повисока плата од што заслужуваш или не, впрочем тие пари може да ти ги даде и без работа, едноставно негови се и што сака може да прави со нив... не гледам тука ништо спорно. Од друга страна, капитализмот, односно пазарната економија природно ги спречува ваквите тенденции бидејќи сопственикот нема интерес да вработува послабо квалификуван кадар затоа што тоа ќе резултира помал профит за самиот него...
 
На една одамна спроведена анкета граѓаните од Источна Немачка мнозинство се изјасниле дека поубаво се живеело пред 1989 година.
Ne problem vo Kapitalizmot , kapitalizmot e ubava pojava ubavo ureduvanje, problemot kaj nas e sto neznaeme sto e Kapitalizam i naseto ureduvanje najmalku mozje da se narece kapitalizam, Jas poveke bi rekol deka e nekoja mesavina od Socijalizam i Kapitalizam kade dvete ureduvanja se prepletuvaat i stanuva edna takva mesanica sto neznaes dali e kapitalizam ili socijalizam i kaj obicniot gragjanin se javuva Apatija i kon dvete ureduvanja. Da rezimiram i Kapitalizmot i Socijalizmot ko urduvanja se podobri od nasiov Sociokapitalizam:pos2:
 
На една одамна спроведена анкета граѓаните од Источна Немачка мнозинство се изјасниле дека поубаво се живеело пред 1989 година.
Хехе тоа е моментот... клати врата зимај плата. Тој систем очигледно произведува многу луѓе кои се мрзливи и нејќат да работат воопшто, па научени на легачење после им е тешко кога ќе се соочат со малку конкуренција и кога ќе треба да си го запотат газот. Така е и кај нас, затоа имаш луѓе како тебе на пример кои мислат дека чекање на ред во 5 сабајле за млеко или дозвола за возење на кола секој втор ден во неделата е подобар живот од тој денес што го имаме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom