Кој ќе биде најдобриот млад играч на светското во ЈАР 2010?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување
Мои тројца фаворити:

1. Игуаин - ако игра прва постава со петлето, тој е!

2. Марин - изненаден бев кога го видов вчера какви продори правеше против Босна. Баш сега гледам нешто за него информации и видеа и е одлична млада надеж. Супер брз, поседува техника, само по се изгледа нема завршница. Но, има време - ќе го научи Клосе :smir:

3. Хернандез - одлична партија одигра момчево против Италија. И тој е феноменално брз, има ориентација за просор и има завршница за разлика од Марин. Се зависи од тоа колку далеку може да дојде Мексико.

Заборавив да ги спомнам и овие 2ца:

4. Абубакер - веќе познат како новиот Ето. Единствениот играч во тимот на Камерун кој игра за клуб во својата земја. Тим за кој во Јануари постигна 4 гола на еден натпревар. Вели дека неговиот идол е Фернандо Торес, па ова е вистинската шанса да му покаже на светот што знае!

5. Карлос Вела - Заедно со Хернандез се клучни играчи во тимот на Мексико. Како и да е се уште не се докажа во тимот на Арсенал, па сега може да докаже дека предвидувањата за неговата светла иднина не биле погрешни. Исто како и за неговиот соиграч, клучно ќе биде до каде може да стигне Мексико!
 
Според мене најдобар ке биде Џовани од Мексико не знам зошто....Но тука е и нашиот Карлос Вела, но исто така има и доста други квалитетни играчи од другите репрезентации....
 
Никола Н'Кулу, Суарез, Хамшик, Алексис Санчез..
 
Да бев на Светското, јас ќе бев прогласен за најдобар млад играч. Хихихиихи

Се надевам во Хиго:toe:
 
^ Епа таман. Заедно со Марин тој ми е вториот кандидат.
 
Озил милијарда %, живот ставам дека Озил ќе стане најдобар млад играч. Овие другиве се joke за него.

--- надополнето ---


:vozbud:
 
И јас мислам дека Озил ќе биде најдобриот млад играч.:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom