5-те супер моќи на бебињата

  • Креатор на темата Креатор на темата Дамјан_Amstaff
  • Време на започнување Време на започнување
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
5. Телепатија

01-superbebe.jpg

Кога некоја личност е лишена од некое сетило или способност, обично тоа го надополнува на друг начин. Така на пример, слепите луѓе имаат извонредно развиено сетило за слух и за допир. На истиот тој начин бебињата на кои што се уште им претстои да го научат јазикот како средство за комуникација многу брзо учат како да ги читаат невербалните изразувања на возрасните околу нив. Всушност, тие се толку вешти во читањето на изразите на вашето лице и гестикулации што некои експерти го споредуваат тоа со "читањето мисли."
02-superbebe.jpg


Во 2007, еден тим од Вашингтонскиот Institute for Learning and Brain Sciences направиле истражување врз осумнаесетмесечници и утврдиле дека малите деца се толку чувствителни на најсуптилните психолошки промени во човечките изрази што тоа дава објаснување зошто децата плачат речиси секогаш кога ќе им се приближи непознато лице. Тие ја чувствуваат и најмалата возбуда кај возрасните.
Но не завршува само на тоа:
Нивното читање на мисли не се однесува само на луѓето. Едно истражување при универзитетот Brigham Young покажало дека шестмесечните бебиња кои што се уште и не виделе куче во својот живот претходно, можат да ги разликуваат различните лаежи и да ги поврзуваат звуците со соодветните видови кучиња. Ви текнува на Др. Дулитл? Децата ги разбираат животните!
Taжно, но штом ќе научат да зборуваат, децата ги губат овие способности, а кога веќе ќе се поврзат на Фејсбук, полека се претвораат во современи инвалиди за невербална комуникација.
03-superbebe.jpg



4. Супер вид

04-superbebe.jpg

Поглднете ја сликата со двете мајмунчиња подолу и кажете дали можете да ги разликувате едно од друго:
05-superbebe.jpg

Не можете, зар не? Можете да гледате колку што сакате, но двете животинчиња ви изгледаат сосема еднакви и тешко дека би можеле да ги препознаете во соба полна со други такви симпатични примати... но на шестмесечна возраст сме го можеле тоа!
При еден опит извршен на Универзитетот во Шефилд на две групи од шестмесечни и од деветмесечни бебиња им биле покажувани фотографии со луѓе и мајмуни, при што некои од фотографиите им биле покажувани по вторпат во комбинација со други, непознати фотографии. И двете групи на деца многу лесно можеле да го препознаат веќе познатото човечко лице од фотографиите, но само шестмесечните деца можеле да го препознаат веќе видениот мајмун.
Резултатите не се промениле ниту кога сликите им биле покажувани наопаку. Изгледа дека овие шестмесечни бебиња покажувале исклучителна внимателност која што далеку го надминува дури и вниманието на интелегентен возрасен човек; едноставно го впиваат секој мал детал околу нив.
06-superbebe.jpg

Деветмесечните бебиња не покажувале толку добри резултати. Како настанале толку големи промени во текот на само три месеци? Истражувачите претпоставуваат дека како што раснеме нашите мозоци се пренасочуваат кон тоа да ги воочуваат особеностите на човечките лица, па така нашите сетила никогаш повеќе нема да бидат толку остри како што биле кога сме биле стари само половина година. Таквото преуредување на невроните не лишило и од уште една исклучителна способност:
Врз основите на едно проучување од 2008 изведено во Англија се наведува можноста дека децата го чувствуваат светот околу нив на непосреден начин, без никакви „филтри“, па така и боите ги гледаат на сосема поинаков и многу поинтензивен начин отколку возрасните.


Тоа е така поради тоа што мозоците на возрасните се премногу зафатени и немаат време да се посветуваат на таквите мали нешта како воочувањето на боите, туку нештата се земаат здраво за готово. Почнувајќи од времето кога се здобиваме со способноста да комуницираме преку јазикот, нашите мозоци почнуваат да го восприемаат светот и боите преку поимите, односно преку зборовите кои што се симболи на нештата, на посреден начин. Па така кога ќе видите сина боја вашиот мозок мисли „аха, ова е сина боја“, додека бебињата го гледаат и доживуваат светот тому таков каков што навистина е. Тоа е како ние возрасните да живееме во некој вечен Матрикс каде што се што гледаме околу нас е лага, додека секое мало бебе е Нео.
08-superbebe.jpg


3. Супер слух

09-superbebe.jpg

Истражувањата покажуваат дека бебињата имаат и исклучително остар слух. Илјадници години порано, оваа способност била од суштествено значење за нашите предци, бидејќи тоа им овозможувало да го наоѓаат својот плен, исто како што им помагало и тие да не станат нечиј плен.
10-superbebe.jpg

Така бебешкото уво секој звук го прима со речиси еднаков интензитет, било да е тоа личноста веднаш до нив, или мајката во другата соба. Како што старееме, нашите современи мозоци почнуваат да се сосредоточуваат на потесниот избор на звуци од нашата непосредна близина, при што тие звуци кои што не ги чувствуваме за важни ги потиснуваме во позадината.
11-superbebe.jpg


Науката кон тоа додава и дека бебињата стари и до неколку дена можат да прават разлика помеѓу мајчиниот и туѓите јазици.

2. Мутантен метаболизам

12-superbebe.jpg

Сте забележале ли дека бебињата немаат проблем со тежината? Во што се состои нивната тајна? Во купот магични масти, се разбира.
13-superbebe.jpg

Of course
Околу пет проценти од севкупната бебешка маса (околу 170 грама) се состои од кафеаво масно ткиво или од кафеави маснотии. За разлика од грозната „бела маснотија“ околу вашиот стомак, раце, нозе, врат (јадете повеќе зеленчук) кафеавата маст е специјално наменета да внесува калории и да ги согорува за да создаде топлина. Тоа се прави така што метаболизмот им се засилува до максимум, претварајќи ги бебињата во слатки мали печки за согорување на вишокот калории.


Во телото на возрасниот човек , 85 грама од таа магична кафеава маснотија би била доволна да согорува 400 до 500 калории од белата маснотија ДНЕВНО или околу 4,5 килограми годишно само со седење на вашиот се посекси и посекси задник. За нештата да бидат што е можно посложени, пред да станат возрасни луѓето ги губат кафеавите маснотии, па така за да ослабне задникот, првин ќе треба да се испоти.

1. Мега ум

15-superbebe.jpg

Отсекогаш сме знаеле дека децата имаат извонредна способност за учење, и покрај тоа што понекогаш на некого можеби му изгледаат глупаво со нивното играње со кукли и минијатурнни автомобили. Но според современите истражувања, нивната интелегенција оди многу подлабоко од тоа.
16-superbebe.jpg

Луѓето се раѓаат со околу 100 билиони неврони, што е еднакво на бројот на ѕвезди во Млечниот пат. Како и да е, без доволниот број на синапси , имањето на таков број на неврони е исто како да имате богата колекција на пушки но за нив да немате муниција. На тригодишна возраст, децата имаат 15,000 синапси, три пати повеќе отколку кај возрасните. Благодарение на тоа, умовите на децата се како мали компјутери кои што ги впиваат податоците како сунѓер во обид да го разберат светот околу нив.
17-superbebe.jpg


Но се што е слатко трае кратко. Нашите умови едноставно не се создадени за справување со толку многу информации наеднаш, па така во периодот помеѓу четиригодишна и шестгодишна возраст бројот на синапсите се скратува за цели две третини.
Но да не ве фаќа носталгија по бебешките години. Сепак, сето тоа е дел од прилагодувањето на животните потреби и ситуации, и е дел од животниот пат.
18-superbebe.jpg
 
Интересно и корисно у секој случај.
 
Се е така додека не почнат родителите и општеството со програмирање и со фалц учење , нема врска со годините.
Се рагаат млади невини со огромни способности и по тоа следи "кастрење" програмирање и мајнд контрол.
Кога сум бил мал сум викал Игор сака да јаде а не јас сакам да јадам , значи сум знаел дека јас не сум ова тело и сум викал телото мое на кое сте му дале име Игор е гладно , а да не правиме муабет за друго.
Замислете ги малите деца покрај телевизор и гледаат Тинки Винки , Програмирање што да ти кажам(со сублиминални пораки).
Констатација , сите се рагаат со неограничени можности во сите полиња а се осакатуваат на секој можен начин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom