Познавање на македонски јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата santelli
  • Време на започнување Време на започнување
Сите треба добро да го познаваме својот мајчин јазик, да го негуваме и да го промовираме најдобро што можеме
Напред Македонија
 
името на аеродромот во Скопје Александар Велики или Велика Британија,тој збор е така навлезен во македонскиот јазик да и забораваме дека имаме свој израз Голем/Голема..јас лично и немам некое големо образование позади мене,но има толку многу луѓе, образовани со високи школи на многу големи функции,кои намерно или не намерно ни вметнуваат некој си говор/зборови од други јазици..ова со името на аеродромот по итна постака би требало да се смени и да се змени со Александар Голем..
 
Долго време ми се провлекува една интерна дилема во однос на нашиот јазик: дали е познавањето на јазикот на државата во која живеете обавеза или не?
Ова не го поврзувам со политиката но не можам да не приметам дека дури и некои членови на политичкиот врв никогаш не го користат јазикот на земјата во која живеат.
Дали некаков личен принцип треба да биде усогласен со основно почитување кон матичната држава?
Дали се работи за предрасуди, подсвесно негирање или едноставно немање желба и потреба да се научи јазикот.
Истото се манифестира кај многу луѓе доселени од Србија и Хрватска кои до денес комуницираат исклучиво на мајчиниот јазик.
Според мене, освен тотално непочитување кон Државата (со голема буква) со ова се покажува и ограниченост да се научи јазик и по многу години живеење во негово опкружение.
Каков е вашиот став?
Ставот е искажан.
 
да...мора...
а има дел од тие 25% што незнаат да гукнат на Македонски
 
Кај мене на факултет, на филолошки.. т.е. Катедра за превод и толкување, имаат задолжителен предмет Македонски јазик.. Смешно е што на поголемиот дел им е најтешко да положат македонски..
Не викам дека е лесен македонскиот јазик т.е. граматиката.. ама утре документи НА МАКЕДОНСКИ ќе преведуваш, а не си го знаеш јазикот..:unsure:
 
Студирам македонски јазик, ама само литертурен, и затоа не знам разговорни зборови и конструкции. и тоа е проблемата за мене, бидејки не секогаш разбирам што пишуваат на форуми
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom