Македон91
Благородник
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 2.134
- Поени од реакции
- 121
Жил Верн (8 февруари 1828 - 24 март 1905) е француски писател, еден од пионерите (заедно со Х.Џ. Велс) во создавањето на научнофантастичниот стил.
Неговите најпознати дела се:
- Патување до центарот на земјата (1864);
- Од земјата до месечината (1865);
- 20.000 милји под море (1869-1870);
- Пат околу светот за 80 дена (1873);
- Мистериозниот остров (1875).
Верн пишувал за вселенското, воздушното и подводното патување, пред да бидат измислени авионите и подморниците со навигација, и пред да бидат измислени било какви начини на патување во вселената. Поради ова, тој често е нарекуван Таткото на научната фантастика, заедно со Херберт Џорџ Велс.
Жил Верн е вториот најпреведуван автор на сите времиња, веднаш зад Агата Кристи, со 4223 преводи според Index Translationum.
Некои од неговите романи се екранизирани.
Во своите дела, Жил Верн ги предвидел: хеликоптерите, подморниците, проекторите, џубоксот и сл. направи.
Неговото "загубено дело", Париз во 20тиот век e најочигледен пример за Верновата точна претпоставка за животот во 20тиот век. (инаку делото е напишано во 1863, а објавено е за прв пат дури во 1994 год.) Делото го прикажува животот во Париз, во 1960 години, речиси 100 години во иднината. Книгата изненадува со алузии, но и точни претпоставки на некои од откритијата на 20тиот век: климатизерите, облакодерите (висококатниците), автомобилите на бензин, брзите возови, дигитроните, Интернетот (опишан како светска телеграфска комуникациска мрежа), електричната столица, телевизијата. Генијот Верн дава алузија за Пирамидата во Лувр (опишана како геометриска, модерна, централно поставена градба за музејот во Лувр), како и Ајфеловата кула (изградена уште во негово време, 1887).
Кои негови дела сте ги прочитале? Кои ви оставиле најголем впечаток?