- Член од
- 7 мај 2005
- Мислења
- 1.231
- Поени од реакции
- 307
Нека ни е честит денот!
Баш ме интересира каква ќе биде парадата на Црваниот плоштад оваа година.
Претседателот Иванов во Москва на воената парада по повод Денот на победата над фашизмот
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во посета на Русија, каде што утре ќе присуствува на воената парада по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот.
На свеченоста по повод 65-годишнината од победата во Големата татковинска војна 1941-1945 година, покрај домаќините рускиот претседател Дмитриј Медведев и премиерот Владимир Путин, ќе присуствуваат уште трисеттина шефови на држави и влади, меѓу кои и претседателите на Франција Никола Саркози, на Кина Ху Џинтао, на Грција Каролос Папуљас, на Украина Виктор Јанукович, на Белорусија Александар Лукашенко, на Србија Борис Тадиќ, на Хрватска Иво Јосиповиќ, на Словенија Данило Тирк, на Бугарија Георги Прванов, премиерот на Италија Силвио Берлускони, германскиот канцелар Ангела Меркел, како и Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.
На парадата ќе учествуваат повеќе од 12.000 војници, 100 авиони, над 150 оклопни возила со различни видови ракети, а тоа што ја издвојува оваа манифестација од сите досегашни е што по првпат во руската историја четири НАТО батаљони ќе бидат меѓу учесниците на парадата.
Руската Влада и Министерството за одбрана за овој настан одвоија околу 20 милиони евра.
На 9 мај 1945 година нацистичка Германија потпиша капитулација во Втората светска војна. Светот го одбележува 9 мај како Ден на победа над фашизмот иако војната дефинитивно заврши неколку месеци подоцна со безусловната капитулација на Јапонија по американскиот атомски напад врз Хирошима и Нагасаки.
МИА