- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.307
Википедија напиша:Расизам се однесува на верување и пракса кај кои се смета дека постојат одредени вродени и карактеристични разлики меѓу одредени групи луѓе кои можат да се мерат хиерархиски. Последица на расизмот е социјална, политичка и економска предност на една група на луѓе над друга.
Расизмот ги дели луѓето врз основа на нивната раса, со намера една раса да се смета како поважна и подобра од другите. Верувањето дека особините и карактерот на една личност поврзана со неговата раса немора да биде расизам, бидејќу тоа не значи дека едната раса се смета за подобра од другата. Верувањето дека една раса е супериорна над другите раси се смета за расизам. Давањето или одземањето на привилегии врз основа на расата се нарекува расна дискриминација
На форумот начекав мислење каде сосема офтопик една девојка беше нападната дека сака црни момци, па, иако не сме Америка и да имаме црнци на секој чекор, многу очигледно е дека сме расистичка нација.
Речиси редовно просечната македонска девојка е осудена за својата врска со црно момче кое дошло во Македонија заради икс причини. Се сложувате? Има во Македонија расизам? Дали сте вие расисти? Ако сте, како го доживувате тоа и како изгледа вашата омраза?
Подпрашање, зошто речиси редовно повеќе ни пречат црните отколку жолтите луѓе? И, би бил благодарен ако се задржиме на расизам, значи раси, не етноси. Црн - бел - жолт човек.